Ибрахимовиќ, и покрај годините и короната постигна неверојатен голгетерски рекорд - Канал 5

Ибрахимовиќ, и покрај годините и короната постигна неверојатен голгетерски рекорд

Златан Ибрахимовиќ ги постигна двата гола за победа на Милан (2: 0) против Каљари во рамките на 18-тото коло во Серија А. Така, тој постави свој рекорд, што е импресивен од многу пошироки размери.

Ибрахимовиќ, и покрај годините и короната постигна неверојатен голгетерски рекорд

Три месеци по неговиот 39-ти роденден и на првиот натпревар кој го игра како стартер во 2021 година, првиот гол на Ибрахимовиќ за Каљари го означи како играч кој постигнувал гол на секој официјален натпревар во последните 23 години.

Покрај тоа, тој постигна гол на деветтиот натпревар по ред што го игра од самиот почеток. Златан успеа во тоа за прв пат откако игра во лигата. Инаку, во својата богата кариера, Ибрахимовиќ играл во клубови од четири од петте најсилни лиги.

Подвигот и тековниот личен рекорд со девет последователни првенствени натпревари во кои постигнал гол за Ибрахимовиќ е импресивен од многу аспекти. Тој дојде до тоа на 38/39 години, во една од најсилните лиги, и таа серија трае скоро половина година. Тој започна на 29 јули минатата година во Сампдорија, кога постигна два гола во претпоследното коло од минатата сезона. Во последниот додаде еден гол против Каљари.

Златан продолжи во истиот стил и оваа сезона. Сепак, тој имаше големи проблеми со инфекцијата со коронавирус и повреди на мускулите и листот, но и покрај сето тоа, постигнува гол на секој шампионски натпревар што го игра од самиот почеток.

Во првото коло ги постигна двата гола за победа против Болоња. Потоа се зарази и пропушти два натпревара поради короната. Неговото враќање беше импресивно. Двата гола за победа во дербито над Интер и потоа два гола во уште едно дерби, против Рома. Следуваа натпревари против Удинезе и Верона, со кои тој постигна по еден гол и уште едно дерби со два гола, против Наполи.

Потоа беше нападнат од споменатите повреди, поради што пропушти дури осум првенствени натпревари. Сепак, тој го одбележа своето враќање како првотимец со двата гола за победа над Каљари.

Златан постигна дури 15 гола на последните девет натпревари во Серија А, кои ги играл во последните шест месеци, но пропушти осум натпревари поради повреди и болест.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Најдовме купец, АЛТА банка ќе биде спасена до крајот месецот

Премиерот Христијан Мицкоски очекува Алта банка наскоро да добие нов сопственик, нагласувајќи дека веќе има заинтересиран купувач. 

Мицкоски: Најдовме купец, АЛТА банка ќе биде спасена до крајот месецот

Со тоа вели нема да се реализира сценариото за стечај, за кое според него се залагала опозицијата. Мицкоски посочи дека поминал тридневниот рок за известување на српскиот регулатор, а сега тече десетдневниот рок по кој Народната банка треба да ги понуди акциите на продажба преку Македонската берза. Потоа следуваат уште пет дена за лиценцирање на потенцијалните понудувачи. Аукцијата, како што најави Мицкоски се очекува кон крајот на месецов или почетокот на идниот.

- И денеска сум голем оптимист дека, за жал, од опозицијата ќе бидат разочарани, бидејќи нивните црни сценарија и обиди банката да отиде во неизвесност, односно во стечај, нема да се реализираат. Односно, ќе имаме финансиска институција, банка којашто ќе биде сопственик на Алта банка. Значи, ќе ја спасиме банката – тоа е многу важно и за доверителите, но и за луѓето коишто се во, би рекол, некаква релација со Алта банка. А тоа е лоша вест за нашата опозиција којашто се молеше и на дневна основа водеше кампања дека банката ќе банкротира, ќе отиде во стечај итн.,- Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

Кој е заинтересираниот купувач не е познато, а претходно, гувернерот Трајко Славески изјави дека интерес покажале шест инвеститори, меѓу нив и две домашни банки.

Во меѓувреме, Алта банка од денеска ги отвори вратите и во Тетово и Струмица, за шалтерска исплата до 20.000 денари за клиентите кои немаат платежни картички. Од денеска, зголемен е и неделниот лимит за користење на картичките и подигнување пари од банкоматите од 15 на 20 илјади денари.Но првиот ден од проширувањето на шалтерската мрежа не помина без проблеми..Слична слика како и во Битола, денеска имаше во експозитурата во Струмица, редици граѓани пред банката и незадоволство. Дел од граѓаните утрово реагираа дека чекале со часови, бидејки на шалтерите ниту во банкоматите немало пари, па се очекувало тие да бидат донесени од Скопје.

- Внатре немаат пари, ниту пак во банкомат има.

- Од 7 саат чекам тука и што да правам болна жена ако ми стане лошо кој ќе одговара?

- Таму нема на шалтерите, чекаат од Скопје да донесат, а кога ќе дојдат не знам.

Од Народната банка попладнево соопштија дека проблемот бил решен и дека исплатите на сите шалтери продолжиле да се одвиваат непречено. Велат дека во експозитурата во Струмица на почетокот на работниот ден имало краткотрајно доцнење поради логистичка организација, по што исплатата продолжи согласно предвидената динамика.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп планира да се сретне со Путин и Си во Кина следната недела

Доналд Трамп, Владимир Путин и Си Џинпинг би можеле да се сретнат во Кина следната недела за да разговараат за завршување на војната во Иран.

Трамп планира да се сретне со Путин и Си во Кина следната недела

Трамп им рече на новинарите дека очекува да се сретне со рускиот и кинескиот лидер на азиско-пацифичкиот самит во Шенжен, Кина, закажан за 18 и 19 ноември.

„Тоа ќе биде интересно. Ќе разговараме за многу работи, вклучително и за денуклеаризација. Се обидуваме да ја завршиме војната во Иран“, кажа Трамп.

Идејата за ваков самит прв ја предложи Путин, кој притоа сакал да се разговара за завршување на војната во Украина. Кремљ на 21 октомври соопшти дека се прават подготовки за ваква средба

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Инфлацијата во октомври 3,3%, соопшти ДЗС

Инфлацијата во октомври според индексот на трошоците на животот бележи зголемување од 3.3  отсто во однос на истито месец лани, додека индексот на цените на мало бележи зголемување од 3.2  отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

Инфлацијата во октомври 3,3%, соопшти ДЗС

На годишно ниво најмногу поскапело горивото. Според статистичките податоци, транспортот во октомври годинава е за 9,5 отсто поскап во однос на лани. Трошоците за рекреација, спорт и култура се зголемиле за 8,5 отсто, а за образование над 5 отсто.

На месечно ниво инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во октомври 2026 година, во однос на септември 2026 година, изнесува 0.4 отсто, индексот на цените на мало е повисок за 0,2 отсто.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер