Тројца уапсени, 13 нарушувања на јавниот ред и мир за време на прославата на Денот на албанското знаме
„Напред, либералдемократи!“ – Зајкова побара проверка на потеклото на имотот на сите функционери од 1991 година наваму
1Тројца уапсени, 13 нарушувања на јавниот ред и мир за време на прославата на Денот на албанското знаме
2„Напред, либералдемократи!“ – Зајкова побара проверка на потеклото на имотот на сите функционери од 1991 година наваму
3Од 1 декември нови правила за отворање боледување, матичен лекар смее да даде 5 наместо 7 дена како досега
Последиците од користење канабис стануваат сериозни по 30. година- научниците предупредуваат на ризиците
1Последиците од користење канабис стануваат сериозни по 30. година- научниците предупредуваат на ризиците
ЖивотИако традиционалните медиуми и натаму се примарни извори на информации, дигиталните платформи добиваат на популарностТрадиционални медиуми, како ТВ станици, весници и радио станици се уште се најмногу користени за секојдневно следење содржини за општествено-политички актуелни настани.Традиционални медиуми, како ТВ станици, весници и радио станици се уште се најмногу користени за секојдневно следење содржини за општествено-политички актуелни настани – две третини од граѓаните на ЕУ (66%), иако и другите дигитални извори, како социјални медиуми, видео или платформи за стриминг, блогови, онлајн портали за вести се изеденачуваат и рекле дека ги користат 59 проценти од испитаниците, покажува Евробарометарот 2025 за користењето на социјалните медиуми во ЕУ. Главен извор на информации за општествено-политичките актуелности останува телевизорот и тоа за седум од десет испитаници, додека четири од десет го споменуваат радиото, печатените весници и списанија или нивните онлајн верзии, пребарувачите (на пр. Google Search или Bing) или платформите на социјалните медиуми (на пр. Instagram, TikTok, Facebook, X, итн.) За младите на возраст меѓу 15 и 24 години, најкористениот извор за овој тип содржина се платформите на социјалните медиуми (65%), додека нешто под половина (49%) тоа го прават од традиционланите медиуми. Интересно е дека, како што се зголемува возраста така се зголемува и користењето на традиционалните медиуми, а се намалува користењето на дигиталните содржини на дневна основа. Важноста на телевизијата, како извор на информации се зголемува со возраста, додека важноста на социјалните медиуми како извор на информации се намалува со возраста на испитаниците. Додека над четири од десет испитаници (42%) одговараат дека телевизијата станала поважна за нив во текот на изминатата година, еден од пет (25%) забележува зголемена важност на платформите на социјалните медиуми. Од корисниците на социјалните платформи, за следење на општествени и политички настани Фејсбук најмногу го користат постарите од 55 години (71%), ЈуТјуб корисниците на возраст од 25 до 39 години – 60%, а Инстаграм најмногу го користат најмладите од 15 до 24 години – 64% од испитаниците. На прашањето кои теми од општествените и политичките актуелни настани генерално ги следат или обрнуваат внимание, околу шест од десет (61%) ги споменуваат јавното здравство и здравствените системи. Речиси половина од граѓаните на ЕУ често или повремено дискутираат за социјални и политички настани со пријатели или родини Нешто повеќе од четири од десет (42%) испитаници рекле дека „често“ дискутираат за социјални и политички актуелни настани кога се собираат со пријатели или роднини, а околу половина (51%) дека тоа „го прават повремено“. Помалку од еден од десет (6%) испитаници наведуваат дека „никогаш“ не го прават тоа. Две третини (66%) од испитаниците рекле дека користат традиционални медиуми (офлајн или дигитални услуги на ТВ станици, весници, радио станици итн.) за да следат содржини за општествени и политички актуелности на дневна основа. Околу шест од десет (59%) испитаници користат други дигитални извори (како што се социјални медиуми, видео или платформи за стриминг, блогови, онлајн портали за вести итн.) за да следат содржини за општествени и политички актуелности на дневна основа. На прашањето за изворите на информации што се користат за добивање информации за општествено-политичките актуелности, околу седум од десет (71%) наведуваат дека го користат телевизорот. Повеќе од четири од десет (43%) го споменуваат радиото, веднаш по нив следат печатените весници и списанија или нивните онлајн верзии (41%), пребарувачите (на пр. Google Search или Bing) (40%), платформите на социјалните медиуми (на пр. Instagram, TikTok, Facebook, X, итн.) (40%) и пријателите, семејството и колегите (40%). Нешто повеќе од четири од десет испитаници (42%) рекле дека телевизијата станала поважна за нив во текот на изминатата година. Еден од пет (25%) ги посочува платформите на социјалните медиуми (на пр. Instagram, TikTok, Facebook, X, итн.), а помалку од еден од четворица наведува зголемена важност, во текот на изминатата година, на печатените весници и списанија или нивните онлајн верзии (19%), радиото (18%) и пребарувачите (на пр. Google Search или Bing) (18%). На прашањето кои теми од општествените и политичките актуелни настани генерално ги следат или обрнуваат внимание, околу шест од десет (61%) ги споменуваат јавното здравство и здравствените системи. Над четири од десет рекле дека генерално ги следат или обрнуваат внимание на демократијата и владеењето на правото (47%), миграцијата и азилот (45%) или дејствувањето против климатските промени (43%). Четири од десет испитаници (40%) известуваат дека ја следат или обрнуваат внимание на одбраната и безбедноста на ЕУ, истиот дел ги споменува (40%) намалувањето на сиромаштијата и социјалната инклузија. Повеќе од една третина од испитаниците ја посочуваат поддршката на економијата и создавањето работни места (37%), како и надворешната политика и трговијата (36%), како теми од интерес во општествените и политичките актуелни настани. Помал дел одговараат дека ги следат или обрнуваат внимание на земјоделството и безбедноста на храната (28%) и автономијата на ЕУ во областите на индустријата и енергетиката (19%). За следење на актуелни настани најмногу ги користат Фејсбук и ЈуТјуб, а еден од десет создава и објавува своја содржина Над еден од двајца корисници на социјалните медиуми и платформите за информации за актуелни настани ги наведат платформите Facebook (58%) и YouTube (57%), дека најмногу ги користат за оваа намена, по што следува Instagram (46%). Помалку од една третина од корисниците ги наведуваат TikTok (31%), WhatsApp (27%) и X (Twitter) (25%), а најмалку еден од десет ги наведува Telegram (13%) и LinkedIn (10%) како важни платформи. Резултатите од анкетата откриваат комбинација од активна и пасивна консумација на социјални и политички информации на социјалните медиуми, при што многу корисници намерно бараат содржина и неочекувано наидуваат на неа за време на обично пребарување. Нешто повеќе од три четвртини (76%) од испитаниците се согласуваат со изјавата „Кога пребарувам на социјалните медиуми, понекогаш читам социјални и политички информации на кои сум наишол случајно, иако не сум ги барал активно“. Од друга страна, две третини (66%) од корисниците на социјалните медиуми и платформи се согласуваат со изјавата „Активно барам информации за социјални и политички актуелности на социјалните медиуми“. Прашани на кои начини, доколку воопшто, се ангажираат со социјална и политичка содржина на социјалните медиуми, над една третина од испитаниците рекле дека читаат или гледаат содржина на нивниот фид (38%) или дека им се допаѓаат или реагираат на објави (36%). Помалку од еден од четири (23%) испитаници коментираат на објави, а помалку од еден од пет споделуваат туѓи објави на својот профил или стори (19%) или споделуваат содржина преку директни пораки или приватни разговори (18%). Околу еден од десет (11%) создава и објавува своја оригинална содржина (на пр. мисли/мислења за прашања). Помалку од едан четвртина следат што се случува во политиката на ЕУ Нешто повеќе од двајца од десет (22%) испитаници наведуваат дека следат што се случува во политиката на ЕУ „поголемиот дел од времето“, а повеќе од четири од десет (44%) испитаници наведуваат дека го прават тоа „од време на време“. Уште една петтина (21%) од испитаниците наведуваат дека „ретко“ следат што се случува во политиката на ЕУ. Околу еден од десет (11%) одговара дека „никогаш или скоро никогаш“ не го прават тоа. Од испитаниците кои рекле дека користат социјални медиуми и/или платформи за информации за социјални и политички актуелни настани, околу повеќе од четири од десет корисници наведуваат дека претпочитаат кратки текстуални објави (на пр. слики со краток текст, ажурирања на статус) (46%) и кратки видеа (на пр. TikTok, Instagram Reels, под 1 минута) (39%). Потоа следуваат видеа со средна должина (на пр. 1-5 минути) (39%) и подолги видеа (на пр. YouTube, над 5 минути) (35%), секое избрано од над една третина од корисниците. Од друга страна, околу еден од четири корисници изразуваат претпочитање за приказни (на пр. Instagram Stories) (26%), подолги текстуални статии (на пр. статии, блог објави) (25%), преноси во живо или видеа во живо (24%) и подкасти (24%). Помали удели споменуваат инфографици или графикони (анимирани или не) (19%) и билтени (на пр. билтени на LinkedIn, Substack) (15%) Повеќе од 40 проценит од испитаниците кои ги користат социјалните медиуми и/или платформите за информации за општествени и политички актуелни настани рекле дека преферираат видеа што длабински ги истражуваат актуелните настани (47%), интервјуа со експерти (на пр. академици или политички аналитичари) (44%) и интервјуа со обични луѓе или граѓани засегнати од проблемот (42%). Нешто повеќе од една третина од корисниците посочуваат интервјуа со политичари или владини претставници (34%), а три од десет (30%) корисници посочуваат видеа што комбинираат луѓе пред камера со графика, текст или анимации како преферирани типови видео содржини за актуелни настани. Над 60% од граѓаните на ЕУ се чувствуваат сигурни дека можат да препознаат дезинформации На прашањето колку често мислат дека лично биле изложени на дезинформации и лажни вести во текот на изминатите седум дена, над една третина од испитаниците наведуваат дека биле изложени „многу често“ (12%) или „често“ (23%). Три од десет испитаници (31%) известуваат дека „понекогаш“ биле изложени на дезинформации и лажни вести во текот на изминатата недела, а помалку од еден од четири изјавуваат дека „ретко“ (16%) или „никогаш“ (7%) биле изложени. Нешто повеќе од шест од десет испитаници се чувствуваат сигурни дека можат да препознаат дезинформации кога ќе се сретнат со нив (12% „многу уверени“, 49% „донекаде уверени“). Од друга страна, околу тројца од десет не се сигурни во својата способност да препознаат дезинформации (од кои 26% „не многу уверени“ и 6% „воопшто не се уверени“). Тагови: телевизија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаТројца уапсени, 13 нарушувања на јавниот ред и мир за време на прославата на Денот на албанското знаме13 нарушувања на јавниот ред и мир за време на прославата на Денот на албанското знаме, три лица лишени од слобода.За време на прославата на Денот на албанското знаме, на подрачјата на Секторите за внатрешни работи Скопје, Тетово, Охрид и Куманово, регистрирани се 13 нарушувања на јавниот ред и мир. Министерството за внатрешни работи презема интензивни мерки за целосно расчистување и документирање на сите настани. Досега се поднесени две кривични пријави за кривичните дела „безобѕирно управување со моторно возило“ и „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи“, изготвени се 10 записници за констатирани прекршоци, а три лица се лишени од слобода. На подрачјето на СВР Скопје регистрирани се седум нарушувања на јавниот ред и мир, на подрачјата на Бит Пазар и Ѓорче Петров. Изготвени се седум записници за прекршоци против четири лица, од кои три за отстранување, кинење или оштетување на државни симболи и симболи на заедниците, еден за карање, викање или непристојно и дрско однесување, како и три прекршоци од областа на безбедноста на сообраќајот – управување возило без возачка дозвола, управување со брзина поголема од дозволената и движење во спротивен правец. Поднесена е и кривична пријава против едно дете за кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. При преземањето мерки за расчистување на настаните, две лица биле лишени од слобода На подрачјето на СВР Тетово регистрирани се две нарушувања на јавниот ред и мир од страна на деца, со употреба на пиротехнички средства на Градскиот плоштад во Тетово, како и настан во кој било поставено албанско знаме на полициско возило. Се преземаат мерки за целосно документирање на настаните и ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. На подрачјето на СВР Охрид регистрирани се две нарушувања на јавниот ред и мир, во Кичево и Струга. Во Кичево, на градскиот плоштад биле поставени неколку знамиња на Република Албанија, по што е составен записник за сторен прекршок. Во Струга, во основно училиште биле поставени знамиња на Република Албанија, без да биде истакнато знамето на Македонија. По преземените мерки, ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка против одговорното лице во училиштето. На подрачјето на СВР Куманово регистриран е еден настан за време на дефиле со возила низ централното градско подрачје. Полициски службеници забележале две лица, од кои едното се дало во бегство, додека другото било задржано. При извршен преглед кај него бил пронајден пиштол марка „Црвена Застава“ и рамка со пет куршуми. Лицето е лишено од слобода поради сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи“ по член 396 од Кривичниот законик. МВР продолжува со преземање мерки за целосно расчистување на сите регистрирани настани и постапување согласно законските надлежности, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија„Напред, либералдемократи!“ – Зајкова побара проверка на потеклото на имотот на сите функционери од 1991 година навамуДеветтиот конгрес на Либерално-демократската партија (ЛДП), се одржа во Скопје под слоганот „Напред, либералдемократи!“ .На Деветтиот конгрес на Либерално-демократската партија (ЛДП), кој се одржа во Скопје под слоганот „Напред, либералдемократи!“ на која присуствуваа над 400 делегати и претставници од политичките партии, граѓанските организации, дипломати и останати гости , Моника Зајкова побара да се испита потеклото на имотот на сите избрани и именувани функционери од осамостојувањето до денес. Таа предложи да се утврди што поседувале пред да стапат на функција, што стекнале потоа и дали стекнатиот имот одговара на нивните законски приходи. „Родена сум во 1991 година, годината кога Македонија ја стекна својата независност. Токму од таа година барам да се испита потеклото на имотот на сите избрани и именувани функционери, по јасни законски правила и без селективност“, рече Зајкова. Таа нагласи дека проверката треба да ги опфати и функционерите од ЛДП. „И за нас да важат истите правила“, порача Зајкова. Зајкова зборуваше и за условите што им се потребни на младите за да изградат живот во Македонија. Го посочи субвенционираниот студентски оброк како пример за иницијатива на ЛДП што станала законско решение. Како следни чекори ги издвои усогласувањето на износот на субвенцијата со трошоците за живот и поддршката за младинското претприемништво. Млад човек не треба да избира меѓу својата професија и својата држава“, рече пред присутните Зајкова. Свења Хан, претседателка на Алијансата на либералите и демократите за Европа (АЛДЕ) и европратеничка од Германија, во своето видеообраќање ја нагласи поддршката за европската перспектива на Северна Македонија. Хан порача дека земјата ѝ припаѓа на Европа и дека нејзиниот пат кон членство во Европската Унија мора да остане веродостоен и остварлив. „Ви го честитам вашиот деветти конгрес. ЛДП со години ги брани либералните вредности во Северна Македонија“, потенцираше Малик Азмани, потпретседател на АЛДЕ и европратеник од Холандија. Ирена Јовева, европратеничка од Словенија од движењето „Слобода“, се осврна на европската интеграција на земјата и на местото на македонскиот јазик и идентитет во Европа. „Европската иднина на Македонија не смее да биде заложник на билатерални спорови. Но исто така не смее да биде ни заложник на домашни политички пресметки. А македонскиот јазик и македонскиот идентитет не се пречка за европската иднина. Тие се дел од неа“, истакна Јовева. На конгресот се обратија и Дејвид Чалмерс, претседател на Федералниот комитет за меѓународни односи на британските Либерални демократи, и Маријана Пуљак, пратеничка во Хрватскиот сабор и претседателка на хрватската партија „Центар“. „Без разлика дали Британија е во Европската Унија или надвор од неа, вашата партија има силен и сигурен пријател во британските Либерални демократи. Можеби сме во различни фази на нашиот европски пат, но споделуваме исти вредности, многу заеднички цели и визија за Европа во која сакаме да живеат идните генерации“, рече Чалмерс. „Хрватското искуство нè научи на важна лекција. Влезот во Европската Унија е голема пресвртница, но градењето вистински европско општество е процес што никогаш не завршува. Европа значи слобода, владеење на правото, независни институции и еднакви можности за сите. Тоа се вредностите што нè поврзуваат како либерали“, додвлече Пуљак. Меѓу меѓународните гости беа Јоана Павел од АЛДЕ, Балинт Ѓеваи од Европскиот либерален форум, Кинче Силаш од унгарското движење „Моментум“, Есад Шаиновиќ и Амар Боранчиќ од Либералната партија на Црна Гора, Миодраг Влаховиќ од „Слобода и демократија“, Арис Мовсесијан од Движењето на слободни граѓани и Андреа Беседеш Наѓ, пратеничка во Народното собрание на Србија, како и Елиза Хоџа, Бернард Никај и Бесиане Мусмурати од Демократската партија на Косово. Присуствуваа и претставници на домашните политички партии од власта и опозицијата, дипломатскиот кор, граѓанските организации и медиумите. За придонесот во создавањето и развојот на партијата, ЛДП постхумно им додели плакети на Филип Аврамчев и Велимир Кузмановски. Плакети им беа врачени и на проф. д-р Владимир Петрушевски, Драган Малиновски, Доне Глигориу, Тома Глигориевски и проф. д-р Никола Пановски. Во работниот дел на конгресот делегатите избираат претседател на ЛДП, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОд 1 декември нови правила за отворање боледување, матичен лекар смее да даде 5 наместо 7 дена како досегаОд вторник, 1 декември, почнува примената на новите правила за отворање и продолжување на боледувањата, со кои се менуваат надлежностите на матичните лекари и постапката за одобрување подолго отсуство од работа... Додека се на боледување, објавуваат слики од плажа или од зимување на планина...Ваквата пракса на злоупотреби што според податоците на Фондот најчесто ги има во државниот сектор надлежните сакаат да ја прекинат, па затоа ги сменија правилата на издавања на боледувања и од вторник, први декември, матичниот нема повеќе од старт да може да потпише една недела дома. Сега матичниот лекар ќе има право првично да даде само пет дена, а за повеќе мора да има преглед и од специјалист за со неговиот извештај и документацијата да може да го продолжи периодот до 15 дена. Од здружението на матични лекари го поддржуваат новиот правилник, но побарале од Фондот да дадат одреден период да се тестира новиот систем како ќе функционира во пракса, бидејќи за одредени боледувања, како што се оние за грижа за дете, може да има технички проблеми. Дали одреден период новиот правилник ќе биде ставен на тест засега не се знае, но покрај построгите критериуми за засилена контрола, новиот правилник предвидува и олеснувања за пациентите. Таков е примерот со олеснувањата за одредени дијагнози за кои нема да биде потребно пациентите да се упатуваат на лабораториски испитувања, туку проценката ќе може да ја направи матичниот лекар. За тешко болните, неподвижните и тешко подвижните пациенти, како и за лицата кои се на болничко лекување, боледувањето ќе може да се утврди и без физичко присуство на осигуреникот. Според информациите на Фондот најбројни злоупотреби се регистрираат во т.н. „униформни“ сектори, како што се полицијата, одбраната и здравството. Во одреден дел како што се јавните болници, статистиката од лани покажува дека секој петти вработен е на боледување, најчесто поради дијагноза - спондоза или болки во грбот. Од ФЗО велат дека измените се резултат на повеќемесечна стручна анализа, со цел да се осовременат критериумите кои не се сменети речиси 15 години. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд Бардовци во Шутка, 30 дена притвор за гостиварецот што крвнички ја претепал сопругата13:3842-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07Претепаната жена од Гостивар е во стабилна состојба, насилниот сопруг е однесен во Бардовци 10:09Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14
42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14