Иако се повлече од пазарот, „Кока-кола“ го регистрираше својот бренд во Русија - Канал 5

Иако се повлече од пазарот, „Кока-кола“ го регистрираше својот бренд во Русија

Компанијата „Кока-кола“ (Coca-Cola), најголемиот производител на безалкохолни и газирани пијалаци во САД, го регистрираше својот заштитен знак во Русија, иако претходно се повлече од тој пазар, пренесува ТАСС.

Иако се повлече од пазарот, „Кока-кола“ го регистрираше својот бренд во Русија

Станува збор за заштитниот знак „Кока-кола“, кој ќе се користи за продажба на безалкохолни пијалаци со овошен вкус, газирана вода, освежителни напитоци, како и есенции за подготовка на пијалаци. Регистрацијата е со важност од десет години.

Компанијата и претходно ги продолжуваше ексклузивните права на одредени заштитни знаци, што укажува на настојувањето да ја задржи правната контрола врз брендот на рускиот пазар, без оглед на актуелната суспензија на деловните активности.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Американски авиони веднаш полетаа кон Европа; Доаѓа ли крајот на војната САД-Иран?

Американската веб-страница „Аксиос“ објави дека четири авиони на американските воздухопловни сили полетале кон Европа како подготовка за можна церемонија на потпишување меѓу САД и Иран за завршување на војната.

Американски авиони веднаш полетаа кон Европа; Доаѓа ли крајот на војната САД-Иран?

Извори на овој медиум запознаени со подготовките наведуваат дека авионите одат во швајцарскиот град Женева, каде што се очекува американскиот потпретседател Џ.Д. Венс да го потпише договорот во име на Вашингтон.

„Аксиос“ открива, повикувајќи се на дипломат од една од земјите што посредуваат во преговорите и неименуван американски функционер, и содржината на Меморандумот за разбирање меѓу САД и Иран, за кој претседателот Доналд Трамп тврди дека наскоро ќе биде потпишан.

Документот повикува на итно отстранување на Ормутскиот теснец без наплата на „патарини“ на таа поморска рута, како и ублажување на санкциите против Иран во согласност со тоа колку Техеран го почитува договорот.

Меморандумот би го продолжил сегашниот прекин на огнот за 60 дена, вклучувајќи ја и територијата на Либан, во кој период би се воделе преговори за нуклеарната програма на Иран.

Според информациите доставени преку ноќ од американски и европски претставници, иранските претставници сугерираа дека е многу веројатен договор и дека првиот чекор би можел да биде потпишување на меморандум за разбирање веќе следната недела, за време на самитот на Г7.

Самитот на водечките светски економии се одржува во Евиан, Франција, додека блиската Женева, Швајцарија, се споменува како можно место за церемонијата на потпишување. Иако сè уште не е добиена официјална потврда од Техеран, дипломатски извори велат дека подготовките за потпишување на документот се во тек.

Според CNN, церемонијата на потпишување на меморандумот за разбирање најверојатно ќе се одржи во Женева, а на неа ќе присуствуваат високи американски и ирански претставници.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Андоновски од министерскиот состанок со Европската комисија: „Роаминг како дома“ е реална европска придобивка за граѓаните

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска учествуваше на министерски состанок помеѓу Европската комисија и министрите од Западен Балкан, посветен на иницијативата „Roam Like at Home“ — „Роаминг како дома“.

Андоновски од министерскиот состанок со Европската комисија: „Роаминг како дома“ е реална европска придобивка за граѓаните

На состанокот, кој се одржа преку видеоконференциска врска, се разговараше за главните елементи на преговарачката рамка, следните чекори во процесот и подготвеноста на земјите од Западен Балкан за пристапување кон режимот што треба да овозможи користење мобилни услуги во Европската Унија под услови како дома.

Во своето обраќање, министерот Андоновски истакна дека за Владата на Република Македонија и Министерството за дигитална трансформација овој процес е од највисок приоритет.

„Роаминг како дома не го гледаме само како процес на усогласување на регулативата, туку како конкретна и многу видлива придобивка за нашите граѓани, бизниси, студенти, туристи и за пошироката економија. Нашата цел е јасна: да ја доближиме Македонија до дигиталниот единствен пазар на Европската Унија, да ги намалиме бариерите за нашите граѓани и компании и да обезбедиме придобивките од европската интеграција да се чувствуваат на практичен и директен начин“, порача министерот Андоновски.

Тој нагласи дека „Роаминг како дома“ има и практично и стратешко значење за државата. Практично, оваа иницијатива ќе значи пониски трошоци за граѓаните и компаниите, подобра поврзаност, полесна комуникација, патување и економска размена. Стратешки, таа претставува уште еден чекор кон интеграција во дигиталниот единствен пазар на Европската Унија и кон остварување опипливи придобивки од процесот на европска интеграција.

Министерот информираше дека Министерството за дигитална трансформација уште во август 2025 година подготви сеопфатен Акционен план, со кој беа дефинирани потребните чекори, институционалните одговорности и временската рамка за усогласување на националната рамка со релевантното acquis на Европската Унија во областа на роамингот и електронските комуникации.

Врз основа на извршените детални анализи, работната група подготви сеопфатен пакет, кој се состои од нацрт-закон за изменување на Законот за електронски комуникации, како и пет подзаконски акти од кои два правилници и три одлуки.

„Успешната имплементација на режимот ‘Roam Like at Home’ не бара само правно усогласување, туку и практична подготвеност и конструктивна соработка со телекомуникацискиот сектор. Затоа сите коментари беа внимателно разгледани како дел од подготовката на конечниот текст“, истакна Андоновски.

По јавната консултација, Владата го утврди текстот на предложениот пакет, и на крајот на февруари го достави на мислење до службите на Европската комисија. Министерството очекува потврда за нивото на усогласеност на предложеното законодавство, што ќе овозможи процесот да продолжи во следната фаза и да се интензивираат преговорите.

Министерството формираше и посебна работна група за преговорите, со цел да се обезбеди институционален континуитет, координација и подготвеност за следните чекори.

„Македонија постигна значителен напредок за релативно краток временски период. Подготвивме Акционен план, ги формиравме потребните работни групи, завршивме четири детални анализи, подготвивме законодавен и регулаторен пакет, спроведовме јавни консултации, целосно ги вклучивме операторите, ги разгледавме добиените коментари и го доставивме пакетот за мислење. Ова ја покажува нашата силна политичка волја, институционална посветеност и техничка подготвеност да го движиме процесот напред“, нагласи министерот.

Министерството за дигитална трансформација останува целосно посветено на следните чекори и на продолжување на тесната соработка со Европската комисија и со сите релевантни партнери. Очекувањето е, по добивањето на мислењето за предложената правна рамка, преговорите да продолжат без одложување, во дух на транспарентност, партнерство и заедничка посветеност.

„Роаминг како дома“ е конкретна европска придобивка што граѓаните ќе ја почувствуваат директно преку помали трошоци, полесна комуникација, подобра поврзаност и повеќе можности за граѓаните и бизнисите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дурмиши во Истанбул: Македонија е сигурен партнер и атрактивна инвестициска дестинација за турските компании

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска се обрати на Бизнис форумот Македонија – Турција, каде ја истакна посветеноста на Владата за создавање предвидлива, конкурентна и инвестициски ориентирана деловна средина.

Дурмиши во Истанбул: Македонија е сигурен партнер и атрактивна инвестициска дестинација за турските компании

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска се обрати на Бизнис форумот Македонија – Турција, каде ја истакна посветеноста на Владата за создавање предвидлива, конкурентна и инвестициски ориентирана деловна средина, насочена кон поттикнување на нови инвестиции, економски раст и продлабочување на економската соработка меѓу двете земји.

Во своето обраќање, министерот Дурмиши нагласи дека Република Турција е еден од најзначајните економски партнери на Македонија, при што трговската размена континуирано расте, а турските компании со децении имаат значајна улога како инвеститори, работодавачи и партнери во развојот на македонската економија.

„ Македонија е отворена за нови инвестиции и нови партнерства. Нудиме стабилна макроекономска политика, стратешка географска положба, пристап до регионалните пазари, квалификувана работна сила и силна институционална поддршка за инвеститорите. Уште поважно, нудиме партнерство засновано на доверба и долгорочна соработка“, истакна министерот Дурмиши.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер