Петрушевски: Филипче да ги достави до обвинителството сите информации за скандалот тежок 37 милиони евра
1Петрушевски: Филипче да ги достави до обвинителството сите информации за скандалот тежок 37 милиони евра
ЖивотИ во услови на пандемија, Скопје одбележува 57 години од катастрофалниот земјотресСкопје со повеќе активности и манифестации ќе одбележи 57 години од катастрофалниот земјотрес во 1963 година, во кој 1.070 луѓе го загубија животот, а 3.000 беа повредени. Оваа година, поради специфичната состојба со пандемијата на Ковид-19, сите активности ќе се организираат согласно строгите протоколи за вакви настани на Владата и Министерството за здравство. Општинската организација на Црвениот крст од Кисела Вода во соработка со Институтот за трансфузиона медицина и Црвениот крст на Град Скопје денеска ќе ја организираат традиционалната крводарителска акција. Акцијата ќе се одржи во Дневниот центар за дарување во Домот на хуманитарни организации „Даре Џамбаз", од 9 до 17 часот. Акцијата ќе биде спроведена по посебни протоколи поради Ковид-19. Во рамки на одбележувањето на годишнината од земјотресот, Град Скопје и јавните културни установи традиционално ќе организираат голем број настани. Музејот на Град Скопје организира изложба за големата трагедија што се случи на 26 јули 1963 година. Автор на изложбата „Скопска алеја на меѓународната солидарност" е Зоја Богдановска, кустос советник историчар. Изложбата ќе биде поставена в сабота, во 20:00 часот, во Градскиот парк во Скопје, на платото пред споменикот Гоце Делчев. Изложбата ќе ја отвори градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов. На 14 паноа акцент се става на клучните мигови по несреќата, на првата помош пристигната од тогашните југословенски републики, како и на испружената рака на светот за помош на настраданото население на Скопје. Содржината на изложбата исполнета со текстови, фотографии, карти и мапи, на публиката ќе ѝ понуди повеќе информации за она што било Скопје пред земјотресот, како и за она што станало Скопје во времето на хуманитарната и солидарна помош на граѓаните на светот. В недела официјални делегации и претставници на институции ќе положат цвеќе пред Споменикот на жртвите од катастрофалниот земјотрес на Градските гробишта во Бутел. „МКЦ за Скопје" е насловен мултимедијалниот настан кој в недела, 26 јули, ќе го организира Младинскиот културен центар за одбележување 57 години од скопскиот катастрофален земјотрес. Настанот ќе се одржи во паркот на МКЦ по соодветен протокол и почитување на мерките за заштита. Бројот на посетители ќе биде ограничен, влезот е бесплатен, но со билети кои може да се набават преку bileti.mkc.mk. „МКЦ за Скопје" на 26 јули ќе почне вечерта во 19:30 часот со изложба „Култните градби во Скопје" – избор на фотографии од проектот „101 најзначајни градби во Скопје". Изложбата ги претставува култните градби во градот Скопје, надополнета е и со видеопроекција. Автори на фотографиите се Горан Јакимовски, Горан Георгиевски, Владимир Арсовски. Селектор е архитект Ѓоко Радовановиќ, а монтажата на видеото за изложбата е на Митко Арнаудов. Од 20 часот ќе биде промовирана книгата „Скопје: изгубените чевли на градот" од Иван Шопов, која содржи осумдесетина микрораскази/куси записи посветени на „невидливиот" дел на градот Скопје. Мултимедијалниот настан во сеќавање на земјотресот од 1963-та ќе продолжи во 21 часот со учество на „Импров група" и нивната претстава „Импров настап" – заснована на игри за импровизација, адаптирани да се играаат пред публика. Од 22 часот во рамки на „МКЦ за Скопје" е музичката програма и концерт на бендот „Перија" – во кој членуваат Филис, Кате и Леа кои изведуваат музика на уд, перкусии, тамбура и кемане. По нив ќе настапи „21 век" – бенд на Васко Атанасоски, Раде Јорданоски и Дени Крстев кои истражуваат експресивна палета на влијанија – од постпанк до македонска традиционална музика, и бендот „Ен2три" кој за оваа пригода ќе настапи со перформнсот „5:17". По повод 57-годишнината од скопскиот земјотрес, Кинотеката и Македонскиот центар за фотографија (МЦФ) премиерно ќе прикажат два документарни филма: „Првата светска војна, сеќавања" на Роберт Јанкулоски и „Преживеани спомени" на Роберт Јанкулоски и Моника Мотеска. Настанот, насловен „Сеќавања", е закажан за 26 јули, со почеток во 21 часот. Катастрофалниот земјотрес во Скопје се случи на 26 јули 1963 година во пет часот и 17 минути, а помали потреси имаше до пет часот и 43 минути. Беа урнати 15.800 станови, а оштетени 28.000. Над 200.000 луѓе остана без покрив над глава. /МИА.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПетрушевски: Филипче да ги достави до обвинителството сите информации за скандалот тежок 37 милиони евраФилипче да ги достави до обвинителството сите информации за скандалот тежок 37 милиони евра во Министерството за одбрана за времето на Петровска, во спротивно ќе сметаме дека сака само да лаже и да ја замајува јавноста.Венко Филипче пред некој ден прозборе за криминал во редовите на СДС вреден 37 милиони евра и го снема. Филипче како личност која сака во Европската унија по секоја цена, сака европско обвинителство треба да им помогне на надлежните институции за почеток на јавното обвинителство и да им ги даде сите расположливи информации. Доколку Венко Филипче не го стори тоа, и ова јавно изразување на сомнеж за криминал тежок 37 милиони евра кој го поврзува со поранешната министерска Славјанка Петровска, а сега актуелна пратеничка и дел од платформата 12.05, ќе го разбереме како уште една лага во низата лаги кои ги кажува во јавноста. И во оваа прилика го прашуваме Филипче од кога имал информации за овој скандал во Министерството за одбрана, а во кој е вклучена Петровска, зошто сега излегува со информации во јавноста и дали има намера да ги достави информациите до јавното обвинителство или и ова ќе остане на ниво на замајување на јавноста. Филипче треба да излезе во јавност и да каже доколку знае и други вакви и слични случаи во редовите на СДС, бидејќи само така може да се оди кон ЕУ, а не со лажење и манипулирање на јавноста. Филипче е на потег да се вклучи и реално во борбата со корупција како клучен услов за членство во ЕУ. Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕТагови: „Дурмо турс“ Бране Петрушевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести22. издание на Виз Ер Скопски маратон урна рекорди кои досега беа недостижни13:59Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54Се одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во Скопје09:11Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
МакедонијаСДСМ: Филипче го откри криминалот на Мицкоски, на ВМРО-ОКГ и на вашиот анти-НАТО и анти-ЕУ Спутник!ВМРО велат: нека пријави. Пријавуваме. Постојано. Со месеци. До ДКСК. До обвинителството.Го пријавивме и Мицкоски - обвинителот ја отфрли пријавата. Пријавивме и за тоа што ги тепаат активистите кои држеа транспарент. Докази за криминал, корупција и спреги на власта. Пет тони дрога преку граница, без одговор. Одговор нема, бидејќи обвинителот е на телефон. А што се однесува до вашиот Спутник – документацијата е кај вас. Сè тоа го имате. Кога ќе го проверите тоа, проверете го и оној тендер за железницата, 1,6 милиони за Ќуркчиев. И оној аванс за Платформа 2.0. Ги имате и Гета и Лотарија: нула денари, а се испостави дека станува збор за 5,53 милиони евра народни пари. Ги имате антимонот и трговецот со оружје кој плаќа 1,56 милиони долари за лобирање за владата. Ги имате дата-центрите и компаниите кои со месеци најавуваат проект и вода од Вардар. Го имате тендерот за таткото, па се испостави дека таткото не е татко. Ги имате и Орбановите автобуси. На списокот му нема крај. Разликата во цената за хеликоптерите е во Министерството за одбрана. Македонија има чест да е членка на НАТО, благодарение на владата на СДСМ. А вие, за жал, поради лагите, денес го водите министерството, па сега се е на вашата адреса.Таму имате министер. Имате обвинител, имате полиција. Не мора Тошковски да се занимава само со хиперхлорирање. Само проверете дали ви одговара тоа поради Платформата, оние 17 потписници што работат за Мицкоски. Можеби на Мицкоски му се потребни избори, бидејќи нема одговор на Фон дер Лајен. Сепак, претходната влада ги зачува националниот идентитет, јазикот и културата. Укажавме на секакви работи. Сега видете што ќе правите со луѓето од платформата, кои заедно со проруската Левица бараат реформи кај нас. Истата екипа, преку вашиот далечински управувач. СДСМ ги именува и своите. Законот мора да важи за сите. Вие ги штитите. Нема селективност. Постои архива на докази која се наоѓа во институциите што не смеат да мрднат без повик од кабинетот на арамијата. Кога ќе се анализираат без телефонски повик, прво ќе стигнете до криминалот и корупцијата. Потоа до Спутникот. А на крајот и до арамијата. Го чекаме вашиот одговор. Вие сте на власт. Се сеќавате?! СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести22. издание на Виз Ер Скопски маратон урна рекорди кои досега беа недостижни13:59Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54Се одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во Скопје09:11Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
ФудбалПоследен натпревар на Џеко за БиХ: „Би сакал да е 1-ви април...“Един Џеко потврди дека натпреварот меѓу Босна и Херцеговина и Шведска (1–1) бил негов последен во дресот на репрезентацијата и изјави дека дефинитивно ја завршува својата меѓународна кариера.По натпреварот на стадионот „Билино Поље“, Џеко емотивно се прости од репрезентацијата на Босна и Херцеговина. Иако се насмевна додека велеше дека би сакал сè ова да е само шега, тој потврди дека одлуката е конечна. „Би сакал да е 1-ви април, па да можам да кажам: 'Ви благодарам на сите што дојдовте и што подготвивте сè – всушност не се простувам'. Ја поминав возраста за такви шеги. Мислам дека ова е вистинската работа – вистинското време, вистинскиот момент. Ја оставам екипата во добра состојба, а тука се и младите момци кои само ќе напредуваат. Имаме играчи во нападот кои знаат да постигнуваат голови и навистина си заминувам среќен. Сега сум на ваша страна – на страната на навивачите“, изјави видно емотивниот Џеко. The drone show for our Legend!💎🇧🇦 #Dzeko pic.twitter.com/kXagZOjHq4 — Bosnian Football (@BosniaNTBall) October 2, 2026 Капитенот на Босна и Херцеговина сè уште не знае во кое својство би можел да се врати во репрезентацијата, но признава дека ќе му треба време за одмор по сè што се случило. „Не размислував за тоа, но гледајте, ја поминав 40-тата година. Прво треба малку да одморам бидејќи сето ова е исцрпувачко – и психички и во поглед на стресот. Ќе ми треба време, но знаејќи се себеси, наскоро ќе добијам желба да направам нешто. Што ќе биде тоа – ќе видиме. Длабоко во себе морам да почувствувам дека тоа е нешто што го сакам“, истакна најдобриот стрелец во историјата на репрезентацијата на БиХ. Џеко исто така откри какво било чувството одвнатре за време на неговиот последен репрезентативен натпревар. 🇧🇦 Bosna-Hersek - İsveç maçında skor tabelası 11. dakikayı gösterdiğinde, stadyumun çevresindeki evlerden Edin Džeko için pankartlar açıldı ve meşaleler yakıldı. 🎇 https://t.co/e5zuSVrCcC — HT Spor (@HTSpor) October 2, 2026 „Го знаете ли она чувство на притисок во градите? На некој начин, тоа е како да го играте својот прв натпревар, но штом тој ќе започне, сè исчезнува. Главно се работи за исчекувањето. По натпреварот се чувствував одлично. Навистина ми е мило што сè заврши вака“, рече Џеко. Тој особено ја истакна важноста на пласманот на Светското првенство и фактот дека репрезентацијата неодамна добила поголема самодоверба. „Фала му на Бога, успеавме да се пласираме на Светското првенство. Се гледа дека другите екипи сега нè почитуваат, а Светското првенство ни влева верба во сопствените можности. Сè се подигна на повисоко ниво, а тоа е очигледно и на почетокот на Лигата на нации“, додаде легендарниот капитен.Тагови: Един Џеко Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook