Многу смеа и полна сала за гостувањето на Младинскиот Сатиричен театар од Славонски Брод, Хрватска во Битола
2Многу смеа и полна сала за гостувањето на Младинскиот Сатиричен театар од Славонски Брод, Хрватска во Битола
МакедонијаИ ВМРО-ДПМНЕ предложи резолуција: „За крај на манипулациите и јасен став против нелегалната миграција“Резолуција со која се потврдува дека Владата и Собранието нема да дозволат да се преговара за мигранти и со која се осудуваат манипулациите на опозозицијата поврзани со темата, поднесоа денеска до Собранието пратениците од владеачкото мнозинство.&nbЦелта како што посочи кориднаторот Мицевски е ставање крај на дезинформаците и лажните сценарија поврзани со наводните мигранти, кои според нив, опозицијата ги шири свесно и намерно со цел создавање паника и нарушување на стабилноста во државата и покрај јасните и недвосмислени ставови на надлежните институции дека не постои договор за било какви мигранти и кампови во земјава. Очекувањата на мнозинството се ваквата предлог резолуција која содржи девет точки уште утре да се најде на дневен ред пред пратениците. „Не веруваме во чесната намера на СДСМ и затоа ја поднесуваме оваа декларација за ставање крај на сите шпекулации. Се повикуваат сите политички субјекти и јавните чинители на одговорност во јавниот говор, почитување на фактите и воздржување од ширење лаги и манипулации кои можат да предизвикаат општествени тензии и да го нарушат јавниот ред и мир. Уште еднаш сакаме да потенцираме дека со оваа Резолуција потврдуваме дека Владата и Собранието никогаш нема да дозволат да се преговара за мигранти. Граѓаните да бидат спокојни “– Никола Мицевски, координатор на ПГ на ВМРО-ДПМНЕ. Слична резолуција против примање мигранти најави и опозицикот лидер Венко Филипче, но таа се уште не е поднесена во Парламентот. Од СДСМ и денеска обвинуваат дека власта подготвува национално предаваство преку примање на мигратни. Според нив контра резолуцијата на владеачките партии не содржела ниту една одредба која забранува носење мигранти од Велика Британија. „ Цела недела одбегнуваа да одговорат на нашите повици, одбегнуваа да ја потпишат Резолуцијата во којашто експлицитно стои дека нема да дозволиме да се носат мигранти. Наместо да застанат заедно со нас поднесоа контра Резолуција. Во контра Резолуција нема ниту една јасна одредба што забранува носење мигранти од Британија за пари. Има игра на зборови, мигрантите ги кријат зад термини како „економски работници“ или „нелегални мигранти. Ова е национално предавство“– Богданка Кузеска, портпарол на СДСМ. Од опзозициската СДСМ и понатаму остануваат на ставот дека доколку ниванта предлог резолуција не помине во Парламентот ќе организират и портести против примање на мигранти во државата. Од ВМРО-ДПМНЕ пак најавуваат дека ако и по изгласувањето на нивната декларација во Собранието, СДСМ и понатаму продолжи да шири лаги и манупалации на темата, ќе превеземат и други чекори, а не ја исклучуваат ниту можноста за поднесување на кривична пријава против СДСМ. Тагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиБрвеница избира нов градоначалник: Право на глас имаат 16.256 граѓани10:10Светски рекорд на Матка: Врело стана најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри15:00Канал 5 дознава: Голема полициска акција на МВР, најдено дрога оружје, претреси на 40 локации11:11Мицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
ЕвропаКатастрофално во Франција: Едно лице почина на протестите, повеќе од 800 приведениДемонстрант почина за време на протест во Париз откако му се слошило на булеварот Магента каде што поминувала поворка, соопшти денес француската полиција.Други демонстранти го однеле во медицинскиот центар Шато д'О, каде што починал пред влезот, објави „BFMTV“. Префектурата на париската полиција во своето најново соопштение соопшти дека смртта се должи на кардиореспираторен застој. Префектурата на Париз, исто така, соопшти дека 855 лица се приведени во француската престолнина, што е рекорден број. „13 полицајци се повредени, како и двајца пожарникари“, се вели во соопштението. Во меѓувреме, префектот на департманот Горна Вјена, Морис Барат, изјави дека пожарот во градското собрание во Лимож е локализиран. „Пожарот е подметнат“, објави Барат, осудувајќи го чинот, критикувајќи ја „дивата орда“ што го предизвика пожарот и сериозно ја оштети општинската зграда од 19 век. Во Лимож, за време на демонстрациите беа приведени 17 лица, вклучувајќи седум малолетници, изјави канцеларијата на градскиот обвинител за „BFMTV“. 🚨 Omo this protest in France is becoming another thing!!!👀 Just look at how they're destroying properties, brands, companies.. 🙆🙆🙆 https://t.co/qFkvWNbb1i — Okah Chekwube Solomon (@Sologlobal8) October 18, 2026 Отворена е истрага за „уништување на имот со опасни средства од страна на организирана група“. „Некои граѓани беа нападнати и на маргините на собирот. Жртвите ќе бидат евидентирани што е можно поскоро“, соопшти канцеларијата на обвинителот. Насилството избувна низ цела Франција во саботата во најновиот бран демонстрации против лошите услови во училиштата и високите трошоци за живот. Француската влада соопшти дека имало „ескалација на насилството“, проценувајќи дека околу 550.000 луѓе излегле на улиците на француските градови. Извор: Б92Тагови: Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамЗошто гумите на електричните автомобили се трошат побрзо?Не е само тежината на батеријата. Еве три причини зошто гумите траат пократко.Гумите на електричните автомобили можат да се трошат до 20 проценти побрзо во просек од споредливите возила со мотори со внатрешно согорување. Главните причини се поголемата маса, силното забрзување и регенеративното сопирање. Според „Euromaster“, врз основа на студиите и техничките извештаи на „Michelin“, електричните автомобили претставуваат специфичен предизвик за гумите. Сепак, ова не значи дека гумите на секое електрично возило нужно ќе се трошат побрзо. Поголема маса и силно забрзување Батериите ја зголемуваат масата на електричните автомобили, па затоа гумите честопати мора да издржат поголеми оптоварувања при забрзување, сопирање и менување на насоката. Затоа е важно да се изберат гуми со соодветен индекс на оптоварување, пишува „Revija HAK“. Друг фактор е електричниот мотор, кој може да испорача висок вртежен момент речиси веднаш. Силното забрзување ги зголемува силите помеѓу гумите и земјата, особено на погонските тркала. Агресивното возење и честото силно забрзување затоа можат дополнително да го забрзаат абењето. Третиот фактор е регенеративното сопирање. Овој систем го забавува возилото и враќа дел од енергијата на батеријата, намалувајќи ја употребата на конвенционалните сопирачки. Сепак, автомобилот сè уште запира благодарение на силата на триење помеѓу гумите и патот, па затоа начинот на кој забавувате и условите на возење можат да влијаат на нивното абење. Притисокот во гумите е особено важен Соодветното одржување може да помогне гумите да траат подолго. Пренискиот или превисокиот притисок може да предизвика нерамномерно абење, а несоодветниот притисок исто така го зголемува отпорот на тркалање, што може негативно да влијае на енергетската ефикасност и досегот на електричниот автомобил. Затоа, треба редовно да го проверувате притисокот според препораките на производителот на возилото, да ја следите состојбата на гумите и да избегнувате непотребно нагло забрзување. Тврдењето за 20 проценти побрзо абење треба да се гледа како просечна проценка, а не како правило што важи за секој електричен автомобил и за секој стил на возење. Извор: Б92Тагови: автомобилски гуми електрични автомобили Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураМногу смеа и полна сала за гостувањето на Младинскиот Сатиричен театар од Славонски Брод, Хрватска во БитолаПо повод Денот на Хрватскиот Парламент, во Битола во Центарот за култура беше изведена претставата „Не се врткај наоколу гола“, во режија на Силвио Стилиновиќ, и изведба на Младинскиот Сатиричен театар од Славонски Брод, Хрватска.Гостувањето на овој театар беше во организација на МХД.Хрватски културен центар „Марко Марулиќ“, Битола, во соработка со Општина Битола и Центарот за култура, со поддршка на Централната канцеларија за Хрватите кои живеат надвор од Хрватска. „Навистина се чувствувам како дома. Секогаш ни е драго да се сретнеме со луѓето овде, а особено со нашите Хрвати што доаѓаат тука. Навистина сме благодарни што на некој начин го запознавме господинот Маретиќ и што ни овозможи да се сретнеме со овие луѓе овде. Македонците и Хрватите, можам слободно да кажам дека станавме пријатели, благодарение на таа соработка и на соработката со Хрватскиот културен центар. Во Славонски Брод има еден фестивал на аматерски театри, веќе неколку години и театарските аматери од оваа околина, од Битола, од Ресен, доаѓаат таму и учествуваат на фестивалот. Така што се разви еден убав мост на пријателство меѓу Битола и Славонски Брод. Разговаравме за некои идни соработки, па можеби сега е време да направиме чекор повеќе. Мојот предлог е да се обидеме да се поврземе на ниво на нашите градови“, изјави режисерот Стилиновиќ. Гостувањето на театарот од Славонски Брод во Битола стана традиција. „Веруваме дека таа традиција ќе продолжи. Во преговори сме за некои идни соработки на повисоко ниво. Инаку ние ги одбележуваме сите позначајни празници на Хрватска. Освен тоа, оваа година Хрватскиот културен центар беше организатор на повеќе значајни манифестации, иницијатор на потпишување на Меморандум за соработка помеѓу НУУБ. „Св. Климент Охридски“ Битола и Градската библиотека „Марко Марулиќ“ Сплит, организатор на неодамнешната турнеја на КУД Илинден во Хрватска, учесник на меѓународни конференции и семинари и сл“, истакна Бранко Маретиќ, претседателот на Хрватскиот културен центар. Претставата која беше изведена во Битола е работена по текстот на еден од најголемите француски комичари, Жорж Фејдо, напишан пред 100 години. Програмата на Хрватскиот културен центар е направена со цел на презентација и запознавање на публиката со хрватското културно наследство, традиција, чување на хрватскиот јазичен идентитет. Културните посети и соработки траат повеќе од 30 години, од кои дел беа бројни изложби, концерти, театарски претстави, промоции на книги, предавања, а следуваат и концерти на хорот „Стив Наумов“ во Хрватска, концерти во соработка со Општина Битола, традиционалниот Божиќен концерт и сл. Во претставата играат: Славко Радовановиќ, Петра Ковачевиќ, Антонио Јуричиќ, Ноа Маринац, Јан Битуњац. Костимографијата е на Тајана Балаж Јуришиќ. Претставата од својата премиера минатата година ги полни салите низ театрите и културните центри во Хрватска каде и да гостува. Иако текстот е стар повеќе од еден век, режисерот Силвио Стилиновиќ и младата екипа го сместија дејството во денешна Хрватска. Тие на најдобар можен начин покажаа дека дури ни вековите не ја промениле самата суштина на човечкиот карактер, во сите негови доблести и недостатоци. Режисерската работа на Стилиновиќ успева во она што е тешко дури и за професионалните ансамбли – да извлече од младите актери спонтаност, автентичност и одлично темпо на претставата, што ја држи публиката будна од првата до последната сцена. Заедно со асистентот-режисер Саша Кариќ, тој создаде претстава која го нуди она што публиката најмногу го сака – вистинска смеа. Додека културната сцена често се жали на недостаток на млади луѓе, овој пример од Славонски Брод покажува колку е важно да се инвестира во аматерски театри. Тука се младите луѓе кои избираат глума, креативност и соработка и се вистинска реткост, но и капитал на заедницата во кој треба да се инвестира. Инаку, овој театар постои од 2006 година, добитници се на многубројни награди во Хрватска, но и на фестивали надвор од неа. Сатиричниот театар со право може да каже дека со своите претстави, културното значење и просторот што го отвора за младите и љубителите на театарот е еден од столбовите на општествениот живот на градот Славонски Брод. Претставата после Битола беше изведена во Ресен.Тагови: битола Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиБрвеница избира нов градоначалник: Право на глас имаат 16.256 граѓани10:10Светски рекорд на Матка: Врело стана најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри15:00Канал 5 дознава: Голема полициска акција на МВР, најдено дрога оружје, претреси на 40 локации11:11Мицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42