И топ манекенка е меѓу загинатите во авионската несреќа во Пакистан

Патнички авион на Пакистан Интернешнл ерлајнс со 91 патници се урна во Карачи за време на летот од Лахоре, а меѓу патниците била и манекенската Зара Абид.

Веднаш откако се прошири веста за несреќата на „Ербас А320“ на интернет, многумина објавија на социјалните мрежи дека пакистанскиот топ-модел Зара Абид се наоѓала во истиот авион. Според списокот на патници на летот што го примил локалниот весника „Експрес трибјун“,патник по име Зара Абид се качила во авионот.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

~ who is missing trips to the beach? 🙋🏽♀️ #ZaraAbid

A post shared by Zara Abid (@zaraabidofficial) on

Иако многумина во индустријата за забава тврдат дека таа ја преживеала несреќата и се опоравува во болница, Министерството за здравство има друга приказна, пишува Трибјун Експрес, локален дневен весник на англиски јазик со седиште во Пакистан.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

~ Fly high, it’s good #ZaraAbid

A post shared by Zara Abid (@zaraabidofficial) on

„Има три лица на списокот на преживеани“, изјави портпаролот на министерството Меранн Јусуф за „Експрес трибјун“. „Првиот е директорот на банката Пенџаб, вториот е човек по име Зубаир кој се лекува во цивилната болница во Карачи, а третата е жена по име Тахира која во моментот е хоспитализирана во ЦМХ“.

Манекенката, наводно, се враќала од погребот на нејзиниот покоен чичко.

На социјалните мрежи многумина се збогуваат со манекенката, но сепак се надеваат дека нејзиното име ќе се појави на списокот на преживеани.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

🌟🌟🌟 ____________ #ZaraAbid #ShaadiSeason

A post shared by Zara Abid (@zaraabidofficial) on

Нејзиното семејство сè уште не објавило ништо.

притисни ентер