И се може: Холивудската актерка раскопчана на улица (фото) - Канал 5

И се може: Холивудската актерка раскопчана на улица (фото)

Холивудската актерка Хали Бери е навистина во одлична форма, а неодамна на доделувањето на наградите „Матрикс“, го покажа своето извајано тело во неодолив сако – фустан.

И се може: Холивудската актерка раскопчана на улица (фото)

Хали без воздржување смело ја понесе креацијата која е хит оваа сезона, а која на моменти се “закануваше“ да и ги открие најинтимните делови од нејзиното тело.

Делуваше лежерно и опуштено, а за своите досегашни ангажмани во филмската индустрија добила и специјално признание од здружението „New York Women in Communication”.


Иако актерката го најави својот следен проект, трилерот кој го подготвува, многу повеќе внимание е посветено на нејзиниот изглед. Познато е дека таа е дијабетичар и води сметка за исхраната, а на својот Инстаграм налог објави и интересна снимка од еден нејзин тренинг.

It’s #FitnessFriday and today Peter and I share with you our Tuff Tire Thursday workout and we bring it every Thursday rain or shine! We had a workout planned and it rained and we decided to stick with our plan. I have to say I felt so good that we didn’t let the rain defeat us. WE DID IT ANYWAY! So today I challenge you to do it anyway. No matter what comes up that threatened to derail your fitness plan, tell yourself “I win” and do it ANYWAY! For this workout we pulled out this ginormous tire and got busy. Finding an old used tractor tire is relatively easy. On my IG Stories and Fitness Highlight, you'll find 7 exercises that will give you a full body workout. They will challenge your overall body strength, core and even cardio. Do 10-20 reps of each exercise for 3-5 sets based on your fitness level. I’m also sharing my #keto lunch and snack for today. Enjoy ❤️ #FitnessFridayHB

A post shared by Halle Berry (@halleberry) on


Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Работен состанок за конечното утврдување на трасата на обиколницата за градот Кавадарци

Денеска, во просториите на Општина Кавадарци, се одржа работен состанок посветен на конечното утврдување на трасата на обиколницата за градот Кавадарци.

Јанчев: Работен состанок за конечното утврдување на трасата на обиколницата за градот Кавадарци

На состанокот присуствуваа градоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев, претставници на Јавното претпријатие за државни патишта, општинската администрација, стручните служби и инженери, поголем дел од членовите на Советот на Општина Кавадарци, како и професори од Градежниот факултет, во својство на ревиденти на проектот.

По претходно разгледување на повеќе технички решенија и усогласување на стручните предлози, на денешниот состанок беше усвоено конечното решение за вториот дел од трасата, на потегот од „Југо Комерц“ до Витач.

Согласно досега спроведените активности и обемот на потребната проектна документација, се очекува до средината на следната година да биде финализиран основниот и инфраструктурен проект, со што ќе се создадат услови за пристапување кон тендерска постапка и понатамошна реализација на проектот на терен.

Утврдувањето на конечната траса претставува значаен чекор во процесот на подготовка за реализација на еден од важните инфраструктурни проекти за Кавадарци, кој има за цел подобрување на сообраќајното поврзување и растоварување на градскиот сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“

Одлуката на најдобриот тенисер во светот, Јаник Синер, да го вклучи Магнус Норман во својот тим изненади многумина, а Италијанецот конечно објасни што стои зад овој неочекуван потег. 

Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“

Клучна улога во целиот процес одигра легендарниот тенисер Швајцарецот, Стан Вавринка – поточно, неговото повлекување од тенисот, со што шведскиот стручњак официјално остана без ангажман.

Синер, кој оваа сезона урива рекорди, го чекаше вистинскиот момент за да го ангажира човекот за кој верува дека на идеален начин ќе ја продолжи работата во неговиот тим, на Дарен Кејхил.

На прес-конференцијата во Милано, каде што официјално се прости од Кејхил, Синер детално објасни зошто се одлучил токму за Норман: Ист принцип на работа:

„Го избрав Норман бидејќи е многу сличен на Кејхил. Магнус со години го тренираше Стан и одлично го разбира начинот на кој ние работиме. Тоа е многу важно за мене, бидејќи нема да морам да почнувам од нула. На тој начин ќе продолжам да се менувам за еден отсто годишно, за да станувам сè подобар и подобар.“

На емотивното збогување во Милано присуствувал и самиот Дарен Кејхил, кој не штедел пофални зборови за својот сегашен ученик:

„Создадовме феноменален тим околу Јаник, но 99 отсто од она што го постигнавме се должи на него, бидејќи Синер беше тој што излезе на теренот. Тој има неверојатна желба за работа – кога ќе му кажеме да истрча 10 километри, тој трча 11. Покрај тоа, во мојата кариера никогаш немам видено спортист кој постојано прашува и бара начини дополнително да напредува, како што тоа го прави тој.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продлабочување на партнерството со Грција: Министерството за јавна администрација отвора нови перспективи за професионален развој

Продлабочување на партнерството со Грција: Министерството за јавна администрација отвора нови перспективи за професионален развој на административните службеници.

Продлабочување на партнерството со Грција: Министерството за јавна администрација отвора нови перспективи за професионален развој

Во рамки на официјална посета на Атина, Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, оствари билатерална средба со високи претставници од Министерството за внатрешни работи и Националниот центар за јавна администрација и локална самоуправа на Република Грција (ЕКДДА), на која беше потврдена заедничката определба за продлабочување на институционалната соработка и размена на знаења и експертиза во областа на јавната администрација.

На средбата присуствуваа заменик-министерката за внатрешни работи на Република Грција, г-ѓа Параскеви Харламбојани, претседателот на ЕКДДА, г-дин Василис Егзархос, раководителката на Академијата за професионален развој на административните службеници, д-р Ангела Бурбули, раководителот на Националното училиште за јавна администрација, г-дин Анастасиос Хондројани, како и генералната директорка на „Reform Greece“, г-ѓа Адамантија Манта.

По билатералната средба се потпиша и Меморандум за соработка меѓу Министерството за јавна администрација и Националниот центар за јавна администрација и локална самоуправа на Република Грција, со кој се воспоставува институционална рамка за долгорочно партнерство во областа на професионалната обука, истражувањето и иновациите во јавната администрација.

Партнерство со ЕКДДА е од особено значење за развојот на Академијата за стручно усовршување и обука на административните службеници, чија цел е воспоставување современ и одржлив систем за континуирано професионално усовршување. Преку искуствата и експертизата на грчката Академија и Националното училиште за јавна администрација, се отвораат нови можности за унапредување на наставните програми, развој на современи модели на обука согласно европските стандарди и јакнење на професионалните компетенции на административните службеници.

„Со продлабочување на регионалните и европските партнерства создаваме конкретна вредност за институциите и за граѓаните на нашата земја. Нашата цел е професионална, компетентна и ефикасна јавна администрација, а за тоа се потребни знаење, континуирана обука и силни институции. Грчкото искуство е значајно во развојот на нашата Академија и во изградбата на современ систем за професионален развој на административните службеници“ истакна министерот Минчев.

Ова партнерство претставува уште еден значаен чекор во продлабочувањето на билатералната соработка меѓу двете земји, заснована на меѓусебна доверба, институционално поврзување и размена на добри практики. Преку ваквите иницијативи, Министерството за јавна администрација ја потврдува посветеноста за континуирано јакнење на административните капацитети и унапредување на јавните институции во интерес на граѓаните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер