И Путин на извлекувањето на групите за Светското првенство во Русија(ГАЛЕРИЈА) - Канал 5

И Путин на извлекувањето на групите за Светското првенство во Русија(ГАЛЕРИЈА)

Денеска во Москва беше извршена ждрепката за групите од Светското првенство кое наредната година се игра во Русија.

Ждрепката, која се одржа попладнево во Москва, го одведе европскиот првак Португалија во иста група со Шпанија во меч од првото коло.

Интересна ќе биде Ц групата во која покрај Аргентина и Хрватска ќе бидат и најпријатното изненадување од последното ЕП, селекцијата на Исланд, како и традиционално непријатната Нигерија.

Светскиот првак Германија одбраната на титулата ќе ја започне во дуел против Мексико, а во конкуренција ќе бидат и Шведска и Јужна Кореја.

На рускиот Мундијал ќе настапат 32 земји кои ќе бидат распоредени во осум групи.

А група: Русија, Саудиска Арабија, Египет и Уругвај
Б група: Португалија, Шпанија, Мароко и Иран,
Ц група: Франција, Австралија, Перу и Данска.
Д група: Аргентина, Исланд, Хрватска, и Нигерија.
Е група: Бразил, Швајцарија, Костарика и Србија.
Ф група: Германија, Мексико, Шведска и Јужна Кореја.
Г група: Белгија, Панама, Тунис и Англија,
Х група: Полска, Сенегал, Колумбија и Јапонија.

Двете прворангирани селекции од секоја група ќе обезбедат пласман во нокаут фазата, односно шеснаесетинафиналната рунда.

Натпреварите од Мундијалот во Русија ќе се играат на вкупно дванаесет стадиони во единаесет града - Москва, Калининград, Санкт Петербург, Волгоград, Казањ, Нижни Новогород, Самара, Саранск, Ростов, Сочи и Екатеринбург.

Првенството ќе биде отворено на 14 јуни во Москва со натпревар кој ќе игра на стадион „Лужники“ во кој домаќинот Русија за противник ќе ја има селекцијата на Саудиска Арабија. На истиот стадион на 15 јули ќе се игра и финалниот меч.

Бранител на трофејот е Германија, а првпат на завршницата ќе настапат и Исланд и Панама.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Воен авион се урна во Франција, пријавени се жртви

Воен авион се урна доцна во вторникот вечерта во департманот Мерт-е-Мозел, во североисточна Франција. Според Анри Лемоан, градоначалникот на Понт-а-Мусон, остатоците од леталото биле лоцирани со помош на дрон.

Воен авион се урна во Франција, пријавени се жртви

Француското Министерство за одбрана соопшти дека најмалку еден член на екипажот загинал.

Борбен авион „Мираж-2000Д“ се урнал синоќа во близина на Нанси за време на тренажен лет, при што загинал најмалку еден член на екипажот (екипажот се состоел од пилот и копилот), пренесува БФМ, повикувајќи се на информации од Министерството за одбрана.

Потрагата по вториот член на екипажот е во тек, а започната е и судска истрага за да се утврди причината за несреќата.

Претходно утрово, градоначалникот Лемоан изјави дека несреќата се случила синоќа околу 23:35 часот, во областа помеѓу местата Рожевил, Домевр-ан-Е и Трамблекур, кои се наоѓаат меѓу Нанси и Мец.

Лемоан на Фејсбук наведе дека на лице место се испратени голем број жандарми и пожарникари за прецизно да ја утврдат локацијата на падот. Во Рожевил е формиран кризен штаб, а граѓаните се предупредени дека движењето во таа област може да биде отежнато.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: ПСЖ на подолг период без Кварацкелија

Крилниот напаѓач на европскиот фудбалски шампион ПСЖ, Кварацкелија на вчерашното дерби во Лигата на шампионите против Барселона ги скина лигаментите.

Видео: ПСЖ на подолг период без Кварацкелија

Репрезентативец на Грузија, Квича Кварацкелија доживеа тешка повреда, ги скина лигаментите на десното колено и за него оваа сезона е завршена.

Синоќа за време на мечот од Лигата на Шампионите на домашен терен против Барселона, 25 годишниот Кварацкелија по судирот со противничкиот дефанзивец доживеа тешка повреда.

Деталните прегледи ги потврдија најлошите сомнежи. Грузискиот фудбалер ги скина предните вкрстени лигаменти.

Секако, во ПСЖ сека ќе мораат да најдат решение за неговото одуство, затоа што овој клуб секако дека има амбиција да освои прво место во секоја конкуренција каде што се натпреварува.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Баерн Минхен во проблем пред Арсенал – последниот тренинг одработен без тренерот и капитенот

Германскиот првак Баерн Минхен пред дербито со Арсенал во Лигата на шампионите со проблеми, – на последниот тренинг отсуствувале тренерот и капитенот. 

Баерн Минхен во проблем пред Арсенал – последниот тренинг одработен без тренерот и капитенот

Поради вирусна инфекција, тренерот на Баерн, Винсент Компани, не го водел последниот тренинг пред натпреварот од Лигата на шампионите против Арсенал, а исто така ја пропуштил и прес-конференцијата.

Помошникот Арон Данкс го водел тренингот на негово место. На тренингот го немало ниту капитенот на Баварците Џошуа Кимих.

Според минхенскиот весник „Абендцајтунг“ (Abendzeitung), 31-годишниот играч од средниот ред отсуствувал од лични причини, а не поради повреда, па се очекува да биде на располагање за натпреварот против Арсенал.Капитенот на Барен според последните информации ќе го пропушти и вечерашниот дуел со Арсенал поради смрт во семејството.

-Капитенот на Баерн, Џошуа Кимих, нема да настапи вечерва против Арсенал поради смртта на неговиот татко, соопшти германскиот шампион.

Германските медиуми пренесуваат дека Компани не бил во можност да биде на клупата за време на победата од 6:1 против Лајпциг, поради инфекција и проблем со колкот.

Од клубот се надеваат дека тој ќе биде присутен на стадионот за натпреварот против Арсенал, а можеби и на клупата. Има и добри вести за Баерн М. Мануел Ноер се врати на тренинзите откако пропушти два натпревари поради проблем со стапалото. Јамал ​​Мусиала сè уште закрепнува од повреда на бутот и нема да настапи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер