АвтомобилизамИ првиот човек на Мерцедес е воодушевен од новиот електричен CLA 45 (ФОТО)Новиот електричен Mercedes-AMG CLA 45 постави рекорд во класата на патеката во Нирбургринг претходно овој месец, со време на круг од 7:32.070. Го напојуваат три електрични мотори со вкупна моќност од 671 КС и 1759 Nm вртежен момент, што го прави сосема различен концепт од неговиот претходник. Meрцедес вели дека автомобилот, и покрај преминувањето на електричен погон, сепак е забавен за возење. Обидувајќи се да го задржи чувството на V8 Следејќи го примерот на претходно презентираниот електричен AMG GT 4-Door, Mercedes-AMG се обиде да ги зачува карактеристиките на своите автомобили со класични мотори во моделот CLA 45. Ова се постигнува со симулирање на менување брзини и звучно поле кое во основа имитира 2,0-литарски четирицилиндричен турбо мотор. Сепак, шефот на Mercedes, Ола Калениус, неодамна откри дека системот може да го реплицира и звукот на V8 мотор. „Првото возење на моделот CLA 45 со тој систем беше вистинско откритие за мене“, изјави Калениус за Autocar. „Тоа беше најдобриот V8 мотор што некогаш сум го возел: дава целосен V8 изглед, но со поголема моќност и вртежен момент.“ Интересно е што Mercedes-AMG не ја спомена можноста за звук на V8 на премиерата на автомобилот, туку само репликација на четирицилиндричниот мотор. Новите AMGForce „тресечи“, елементи вградени во предните седишта што произведуваат вибрации и на тој начин ја имитираат работата на класичен мотор, даваат дополнителна димензија на искуството. И покрај напорот, останува отворено прашање дали ова е навистина „најдобриот V8“ што го возел Калениус. Перформанси и технички податоци Новиот електричен CLA 45 забрзува до 100 km/h за 3,0 секунди, а со пакетот AMG Dynamic Plus достигнува максимална брзина од 270 km/h. Опремен е со батерија со капацитет од 94 kWh, што според WLTP стандардот овозможува опсег од 670 километри. Варијантите CLA 200 (272 КС), 250+ (272 КС) и 350 4Matic (352 КС), сите почнувајќи од 49.090 евра.Тагови: мерцедес Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСе запали двокатен автобус на ЈСП „Скопје“ на Водно, нема повредениДвокатен автобус на ЈСП Скопје утринава се запали на Водно... Во несреќата нема повредени, а брзата интервенција на возачот спречила пожарот да се прошири и кон шумата... Црн чад се издигна над Скопје – двокатен автобус на ЈСП, наместо на следната постојка заврши во пламен. За среќа во моментот бил без патници, а поради храброста на возачот, кој опожарениот автобус го одвел до пошироко место без вегетација, избегната е и поголема катастрофа – огнот да се префрли врз шумата. Кон целосно отстранување на опасноста клучни биле и скопските пожарникари кои експресно го совладале огнот. Од ЈСП велат дека допрва ќе се утврдуваат причините, но неофицијално, причина за пожарот била инсталацијата на возилото која се запалила. „Во мигови кога секоја секунда е драгоцена, возачот реагирал брзо, присебно и одговорно. Веднаш ги презел сите неопходни мерки и сосвојата навремена реакција спречил многу посериозни последици, поголема материјална штета и проширување на огнот кон околниот простор. Изразуваме искрена благодарност до возачот за покажаната храброс, смиоренос и професионалност. Безбедноста на патниците е, и секогаш ќе биде наш највисок приоритет.“ Екипата на Канал 5 го затекна и сервисното возило кое на опожарениот двокатен автобус му го даде последното возење низ Скопје пред да заврши во историјата, го спушти по падините на Водно, носејќи го во гаражите на ЈСП во Ѓорче Петров. Она што остана од двокатниот автобус во овој момент се транспортира во гаражите на ЈСП, а него го влече возило, постаро од половина век. Ова не е прв пат да се запали возило на ЈСП.. Во јануари минатата година инцидеднтот беше далеку посериозен кога во возење се опожари автобус на линијата 58 во движење и целосно изгоре. Патниците тогаш одвај се евакуираа, а еден од нив беше и хоспитализиран поради вдишан чад. Возачот исто така заврши на лекар. Ваквата состојби на автобусите повторно го вклучија алармот за подновување на возниот парк на ЈСП, што треба да се случи кон крајот на годинава или почетокот на следната откако тендерот заврши, а избрана е унгарската фирма Икарус Електрик, во конзорциум со Жонгтонг Бус холдинг и ЕВН. Ќе се набавуваат 150 електрични автобуси, 100 од нив се за Скопје. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗадутре стартува градскиот воз од Зелениково преку Драчево и Лисиче до Скопје08:45Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44Македонец загина за време на гроздобер во Италија, пропаднал во буре за мелење11:15Трагедија со три жртви во Словенија – две деца меѓу загинатите македонски државјани15:00Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40
Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40
МакедонијаМоже ли собраниска блокада од ДУИ да предизвика предвремени парламентарни избори? Има ли шанси преку собраниска блокада од ДУИ да се реализира сценариото за предвремени избори? Колку е реално сценариото да се предизвикаат предвремени избори поради собраниска блокада од ДУИ? Дека се крои таков план поради последната пракса на сопартијците на Ахмети, пред неколку дена тврдеше лидерот на СДСМ Венко Филипче, но според дел од аналитичарите мали се шансите дека ова ќе биде причината за власта да распише избори пред редовниот термин. Петар Арсовски оценува дека со новиот деловник се елиминирани можностите за било каква блокада од партиите да го закочи целиот парламент, иако вели според рејтинзите токму на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ им одговараат да има избори набрзо. „Блокадата на работата на Собранието доколку стане целосна, може да биде тригер за предвремени парламентарни избори. Но, мислам дека со новите процедури кои се воведоа со ограничувањата на дискусиите итн, се уште владејачкото мнозинство има механизми со кои може да ја откочи дебатата и работата на Собранието пред да пристапи кон предвремени парламентарни избори. Но, се разбира дека може да се искористи тоа како политички тригер. Во моментов на владејачката коалиција и одговара повеќе избори бидејќи таа го држи мнозинството во свои раце.“ Во меѓувреме од владата велат дека се бара решение за евроинтеграциите како стратешка цел на државата. Во ЕУ веќе се заговара промена на начинот на проширување со нови членки и ограничување на блокадите како бугарската над македонските преговори, но Арсовски вели дека според позициите на владата уставните измени во оваа форма ќе останат неспроведени. Ова вели е непопуларно прашање за да се отвора кога мандатот на владата е во втората половина. „Да, се разбира почеток на било кој мандат е подобро време за решавање на тоа прашање отколку крајот на мандатот. Но тоа не гарантира дека прашањето ќе се реши, ниту гарантира дека ние ќе добиеме некакви поволни услови. Владата до сега има еден доста тврд став дека и е потребно некое ново решение различно од тоа што го донесе претходната влада на СДСМ. Така што, да, веројатноста за решавање на тој проблем е поголема на почеток отколку на крајот, но не е загарантирана.“ Во изминатиот период политичките партии ги кажаа ставотите за предвремени избори. Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски кажа дека неговата партија ќе прифати доколку опозицијата фрли ракавица, но од СДСМ порачаа дека иако се подготвени нема да бидат алиби на власта за да се распишат избори. ДУИ пак одговорија на повикот на премиерот и кажаа дека се за избори, додека од Вреди сметаат дека владата има ветувања и програма кои треба да продолжат да се реализираат во следниот период. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУХМР: Топлото време ќе продолжи и во следните денови, можна нестабилност во попладневните часовиГолем дел од источна и северна Македонија во текот на вчерашниот ден беше зафатена од силно невреме кое на повеќе локации предизвика и штети... Од УХМР велат дека топлото време ќе продолжи и следните денови со можна нестабилност во попладневните часови. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗадутре стартува градскиот воз од Зелениково преку Драчево и Лисиче до Скопје08:45Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44Македонец загина за време на гроздобер во Италија, пропаднал во буре за мелење11:15Трагедија со три жртви во Словенија – две деца меѓу загинатите македонски државјани15:00Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40
Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40