СДСМ: „Tалог“ кампањата што ја води Мицкоски и на Денот на независноста е по моделот на Ванчо Михајлов
2СДСМ: „Tалог“ кампањата што ја води Мицкоски и на Денот на независноста е по моделот на Ванчо Михајлов
3 Психолог објаснува како да препознаете “burnout” (исцрпеност) кај децата: „Се гледа преку однесувањето“
СветИ покрај ветувањата на Трамп, повеќето транспорти низ Ормутскиот теснец се прекинати И покрај ветувањето на американскиот претседател Доналд Трамп дека Вашингтон ќе започне со напори за дозволување пратки низ Ормутскиот теснец, денес речиси и да немаше морски сообраќај, објави Ројтерс.И покрај ветувањето на американскиот претседател Доналд Трамп дека Вашингтон ќе започне со напори за дозволување пратки низ Ормутскиот теснец, денес речиси и да немаше морски сообраќај, објави Ројтерс, повикувајќи се на податоци од услугата за следење на бродови MarineTraffic. Само еден танкер, санкциониран средно голем носач на течен нафтен гас, влезе во Оманскиот Залив во понеделник, заедно со неколку товарни бродови и брод за поставување кабли. Според извештаите, не се видени танкери или други комерцијални бродови како чекаат во ред за транзит, а германската бродска група „Хапаг-Лојд“ соопшти дека транзитот за нејзините бродови останува невозможен поради неизвесноста околу процедурите за безбедно поминување. Централната команда на САД (CENTCOM) соопшти дека денес ќе започне да помага во враќањето на слободата на навигација низ теснецот, додека продолжува да ги блокира иранските пристаништа. Балтичкото и меѓународното поморско здружение (BIMCO) соопшти дека бродската индустрија не добила никакви упатства за американската операција и нејзината намера, додека целокупната безбедносна ситуација остана непроменета. „Без согласност од Иран да им дозволи на комерцијалните бродови безбедно да поминат низ Ормутскиот теснец, во моментов е нејасно дали иранската закана за бродоградбата може да се ублажи или елиминира“, рече Јакоб Ларсен, главен службеник за безбедност и сигурност на здружението. Стотици комерцијални бродови и до 20.000 морнари не беа во можност да поминат низ водниот пат како резултат на војната во Иран, соопшти Меѓународната поморска организација. Заедничкиот поморски информативен центар предводен од САД соопшти дека нивото на поморска безбедност во теснецот останува „критично“, советувајќи ги морнарите да размислат за транзит низ територијалните води на Оман јужно од шемата за одвојување на сообраќајот.Тагови: Доналд Трамп Ормутскиот теснец Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПерпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста18:19Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста15:16Македонија одбележува 35 години независност 08:0926-годишник убиен во скопски Чаир – двајца напаѓачи пукале од моторцикл и побегнале15:00
ЗабаваДејвид Гета со спектакуларен концерт во Скопје, Македонија прослави 35 години независностСо спектакуларниот концерт на светската диџеј и продуцентска ѕвезда Дејвид Гета, Скопје синоќа беше во знакот на големата музичка прослава по повод 35 години независност на Македонија.Бројната публика во арената „Тодор Проески“ уживаше во големото шоу, моќната продукција, светлосните ефекти и препознатливиот звук на еден од најуспешните светски музички артисти. Вечерта започна со настапите на Семпре и Диџеј Никифор, кои ја подигнаа атмосферата и ја подготвија публиката за главниот дел од програмата. Потоа на сцената се појави Дејвид Гета, кој приреди вистински музички спектакл и пред македонската публика ги донесе своите најголеми светски хитови. Од првите тактови до самиот крај, арената беше исполнета со енергија, светла и илјадници посетители кои пееја и танцуваа. Концертот е последниот настан од прославата на 35-годишнината од независноста. Тагови: Дејвид Гета Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПерпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските властиПоранешниот директор на Државна лотарија, Перпарим Бајрами, во раните утрински часови се пријавил кај македонските власти по што бил уапсен. Бајрами самиот се предал откако беше во бегство од 2024 година.Од министерството за внатрешни работи за Мета информираат дека Бајрами утрово во 5 часот и 35минути , самоволно и пеш се пријавил кај надлежните органи. Бајрами е обвининет во кривичниот процес во врска со незаконското работење на државна лотарија, заедно со поранешниот вицепремиер Артан Груби, кој исто така беше во бегство и исто така самиот се предаде на полицијата. МВР против бајрами и груби распишаа меѓународна потерница во декември 2024 година откако кривичниот суд им определи мерка притвор од 30 дена, но тие не беа достапни за органите на прогонот. Груби се предаде во февруари годинава на граничниот премин блаце, на македонско-косовската граница и беше во притвор, што подоцна беше заменет со куќен.Тагови: Перпарим Бајрами Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: „Tалог“ кампањата што ја води Мицкоски и на Денот на независноста е по моделот на Ванчо МихајловИсто како на Илинден, наместо единство и прослава на државноста, вчера, на Денот на независноста Мицкоски ја продолжи кампањата „талог“, ги продолжи навредите и поделбите на граѓаните.Нема ништо државничко кај Мицкоски, ниту пак има чувство за значењето на 8 Септември – за Денот на независноста. Операцијата „Талог“ и сеењето омраза којашто Мицкоски ја спроведува е класична фашистичка кампања по моделот на Ванчо Михајлов и најмрачните периоди од нашата историја. Прво забранија да се зборува за мигрантите. Изгласаа декрет во Собранието по теркот на Хитлер. Во Ново Село нападнаа деца поради транспарент со предупредување за отруената вода во Гостивар. Повикаа советник на СДСМ од Кавадарци во полициска станица поради Фејсбук статус за незадоволството на лозарите. Оваа форма на кампања Мицкоски ја тера само затоа што нема ниту еден резултат зад себе, во ниту една област. Економијата, земјоделството, здравството, образованиеѕо, социјлата...насекаде е хаос. Народот едвај врзува крај со крај. Потрошувачката кошничка стигна до 90.000 денари со кирија, а минималната плата е закована на 26.000 денари, најниска во Европа. Цените отидоа до плафон, стандардот на граѓаните паѓа, луѓето живеат се потешко. Долгот Мицкоски го зголеми веќе за 4 милијарди евра само за две години. Еврипскиот пат е замрзнат. Се слави злосторник како Ратко Младиќ, спротивно на сите европски и човечки вредности. Сè што се прави е копи-пејст рецепт од неговиот ментор Вучиќ. Додека нема ниту еден добра вест за граѓаните од оваа влада. Ниту една. Мицкоски веќе изгуби повеќе од 150 илјади гласови, сега следува уште поголем пад на неговиот личен рејтинг. Патриотските теми веќе не поминуваат - сите се прочитани. Кога нема резултати зад себе, кога сите негови лаги се прочитани, само уште тоа му остана на Мицкоски, поделби и сеење омраза. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook