СДСМ: Димитриеска-Кочоска се фали со „рекордни инвестиции“, а всушност ребалансот е признание за неуспех!
2СДСМ: Димитриеска-Кочоска се фали со „рекордни инвестиции“, а всушност ребалансот е признание за неуспех!
СветТрамп вели дека САД ќе ги „водат“ заглавените бродови низ Ормутскиот теснецТрамп изјави дека САД ќе помогнат во изнесувањето на заглавените бродови надвор од Ормутскиот теснец .„За доброто на Иран, Блискиот Исток и САД, им кажавме на овие земји дека безбедно ќе ги изнесеме нивните бродови надвор од овие ограничени водни патишта“, напиша тој на социјалните мрежи, без да прецизира кои земји ќе добијат помош. Трамп рече дека секој кој ќе се обиде да се меша во процесот кој го нарече „проект слобода“, „ќе мора да се справи со сила“. Иран сериозно го ограничи сообраќајот низ виталниот воден пат за превоз откако започна војната во февруари. САД, исто така, воведоа поморска блокада на иранските пристаништа. Високиот ирански функционер на социјалните мрежи напиша дека „секое американско мешање“ ќе се „смета за кршење на прекинот на огнот“. Во објавата Трамп, исто така рече дека претставниците на САД водат „многу позитивни“ разговори со Иран и дека тие разговори „би можеле да доведат до нешто многу позитивно за сите“.Тагови: Доналд Трамп Иран Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Автомобилизам„Интересот за електрични возила е резултат на паника, а не на промена на навиките на клиентите“Извршниот директор на Мазда во Австралија верува дека рекордната продажба на електрични возила во последните месеци не е резултат на трајна промена во навиките на клиентите.Извршниот директор на Мазда во Австралија, Винеш Бинди, верува дека рекордната продажба на електрични возила во последните месеци не е резултат на трајна промена во навиките на клиентите, туку е последица на конфликтот на Блискиот Исток и наглиот пораст на цените на горивата. Според него, зголемениот интерес за електрични возила е краткорочна реакција на пазарот на неизвесноста во снабдувањето со гориво, а не почеток на нов тренд. Во разговор за австралиски „Драјв“, Бинди рече дека новите нарачки веќе почнале да се враќаат на нивото пред избувнувањето на кризата на Блискиот Исток. „Мислам дека растот на интересот во последните два месеци е резултат на проблеми со снабдувањето со гориво, а не на структурни промени на пазарот. Побарувачката ќе продолжи да расте, но со многу побавно темпо“, рече Бинди. Тој исто така верува дека Австралија сè уште нема доволно развиена инфраструктура за да овозможи масовен премин кон електрични возила, иако државата го охрабри нивното купување со даночни олеснувања. Сепак, статистиката покажува дека електричните автомобили бележат рекордни резултати. Во мај 2026 година, нивниот удел во продажбата на нови возила достигна 19,9 проценти, што е историски максимум за австралискиот пазар. Еден месец претходно, процентот беше 16,4 проценти.Тагови: електрични возила Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветМолдавскиот премиер поднесе оставкаМолдавскиот премиер Александру Мунтеану поднесе оставка, со што се активира процесот на оставка на целата влада, беше објавено денес во Кишињев.Мунтеану, кој е на функцијата од ноември 2025 година, не ја објасни својата одлука детално. Тој во објава на социјалната мрежа „X“ изјави дека неговиот мандат завршува и дека одлучил да се повлече кога заклучил дека повеќе не може да ги извршува своите должности во согласност со своите принципи и верувања. „Денес завршува мојот мандат како премиер. Во моментот кога сфатив дека повеќе не можам да го извршувам мојот мандат во согласност со моите принципи и верувања, решив да се повлечам“, напиша тој. Today, my term as Prime Minister comes to an end. I accepted the responsibility of serving as Prime Minister with a deep sense of duty and the firm conviction that I could help bring about positive change. The moment I realized that I could no longer carry out my mandate in… pic.twitter.com/Oi2GUnHj2n — Alexandru Munteanu (@AlexMunteanuMD) July 3, 2026 Мунтеану (62) беше назначен за премиер по парламентарните избори одржани во септември 2025 година, на кои ПАС постигна убедлива победа над проруските политички ривали и обезбеди продолжување на проевропскиот курс на земјата. Пред да влезе во молдавската политика, работеше во странство повеќе од 20 години, вклучително и во Светската банка. Во својата објава тој рече дека ќе продолжи да ѝ служи на Молдавија без оглед на позицијата што ја има во иднина. Молдавија, која граничи со Украина и Романија, е кандидат за членство во Европската Унија. Политичката сцена во земјата со години е поделена меѓу проевропските сили и партиите што се залагаат за поблиски односи со Русија, потсетува Ројтерс. Маја Санду ќе започне консултации за новиот премиер на Молдавија следната недела Молдавската претседателка Маја Санду денес објави дека следната недела ќе започне консултации со парламентарните фракции за да предложи кандидат за нов премиер. Санду нагласи дека Мунтеану ќе продолжи да ја извршува функцијата привремен премиер додека не се избере нов шеф на владата, објави Молдпрес. Извор: Б92Тагови: Молдавија оставка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Димитриеска-Кочоска се фали со „рекордни инвестиции“, а всушност ребалансот е признание за неуспех!Министерката Гордана Димитриеска-Кочоска денеска се фали дека со ребалансот на Буџетот обезбедуваат „рекордни“ 46 милијарди денари за капитални инвестиции.Ова е уште една пропагандна изјава која нема допир со реалноста. Фактите се следи: • Ребалансот не е направен затоа што „одговорно управуваат со јавните финансии“, туку затоа што приходите значително заостануваат зад планираното. • Капиталните инвестиции во реалноста се реализираат со многу ниска стапка - често под 50%. Минатата година, и покрај големите бројки на хартија, реализацијата беше далеку под очекуваното. • Наместо вистински развојни проекти, поголемиот дел од буџетот оди за тековни трошоци - плати, пензии, отплата на долгови и одржување на системот. • Зад „рекордните инвестиции“ се крие зголемено задолжување, партиски криминални тендери и префрлање на средства од едни во други категории, само за да се создаде впечаток на активност. Организираната криминална група во Владата на Мицкоски, која ја предводи тендер коалицијата нема развојна стратегија. Има само пропагандна машинерија која секој ребаланс го претставува како историски успех, додека граѓаните се соочуваат со поскапувања, ниски плати и празен буџет. Ова не се „рекордни инвестиции“ тукурекордна измама на јавноста. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook