И покрај пандемијата, во 2020 година раселени повеќе од 82 милиони луѓе низ светот

Според „Извештајот за глобалните трендови" објавен вчера во Женева, бројот на луѓето што побегнале од војни, насилство, прогони и кршења на човековите права се искачи на приближно 82,4 милиони во 2020 година.

Според „Извештајот за глобалните трендови 2020" на Високиот комесаријат на Обединетите нации за бегалци (УНХЦР), бројот на луѓето што побегнале од војни, насилства и прогони во 2020 година, и покрај пандемијата на коронавирусот, надминал 82 милиони, јави Анадолија.

Информацијата доаѓа во пресретн на утрешниот Светски ден на бегалците. Светскиот ден на бегалците се одбележува на 20 јуни секоја година, а почетокот на неговото одбележување датира од 4 декември 2000 година, кога била усвоена Резолуцијата 55/76 со која се означува 50-годишнината од усвојувањето на Конвенцијата која се однесува на статусот на бегалците.

Високиот комесар на Обединетите нации за бегалци Филипо Гранди на редовниот состанок во Рим укажа на злоупотребувањето на мигрантите на рутата на илегални миграции позната како „балканска рута".

„Бруталното и физички насилното постапување на земјите како Грција, Кипар и Хрватска е неприфатливо. Загрижени сме поради ова. Го пренесов ова прашање на релевантните земји и Комисијата на ЕУ, порача Гранди.

Тој нагласи дека би требало да постои посилна политичка волја за решавање на судирите поради кои луѓето се приморани да бегаат, пренесува Анадолија.

Според „Извештајот за глобалните трендови" објавен вчера во Женева, бројот на луѓето што побегнале од војни, насилство, прогони и кршења на човековите права се искачи на приближно 82,4 милиони во 2020 година, и покрај избувнувањето на пандемијата на Ковид-19. Оваа бројка, која на крајот на 2019 веќе беше на рекордно ниво со 79,5 милиони луѓе, минатата година се зголеми за четири отсто.

Фото: Адријана Лима позира гола под месечевата светлина

Бразилската манекенка Адријана Лима објави нова фотографија на Инстаграм на која позира целосно гола.

Славната манекенка го покажа своето совршено тело позирајќи гола на месечевата светлина.

-Кога ќе се сретнат двете Месечини, напиша Адријана во описот на објавата.

Иако манекенката минатиот месец наполни 40 години, се уште изгледа феноменално и не покажува знаци на стареење.

Фото: Ѓоковиќ со белгиските гимнастичарки стана хит на интернет

Новак Ѓоковиќ повторно воодушеви бројни фанови на спортот ширум светот, неговиот ведар дух и дружељубивост секогаш се препознаваат.

Овој пат тој влегол на тренинг од олимписки гимнастичарки и им се придружил.

На интернет стана хит фотографијата која на својот Инстаграм профил ја објави белгиската олимписка гимнастичарка Нина Дерваел.

На фотографијата Нина вежба пред натпреварот а во изведувањето на шпага и се придружил и Новак Ѓокович и уште некои белгиски натпреварувачки.

„Кога Новак Ѓоковиќ ќе те замоли за фотографија, едноставно не можеш да одбиеш“, напиша Нина во описот на фотографијата.

Насмевнатиот Ѓоковиќ со шпагата ги освои срцата на фановите на белгиската натпреварувачка, а објавата е преполна со позитивни реакции.

Видео: Американски пожарникари возат низ голем пожар

Шумските пожари и понатаму беснеат на западот од САД.

Се бележат рекордни теператури, многу граѓани морале да ги напуштат своите домови, а пожарникарите се борат против пожарите во екстремни услови.

Двајца пожарникари загинале во пад на авион. На северот од Невада, недалеку од границата со Калифорнија, дошло до масовна евакуација поради избивање на пожар предизвикан од гром. Еден пожар создал голем облак од чад и пепел кој во комбинација со временските услови создал сопствени молњи.

Во Орегон пожарот зафаќа површина од 311 километри квадратни.

Пожарникарите објавија снимка од возење во сред пожар. Погледнете ја:

притисни ентер