И покрај годините Моника Белучи се уште има перфектна линија - Канал 5

И покрај годините Моника Белучи се уште има перфектна линија

Актерката во црно боди ги истакна деколтето и нозете.

И покрај годините Моника Белучи се уште има перфектна линија

Моника Белучи во септември ќе наполни 56 години, а со својата неверојатна линија се уште остава многумина без здив.

Италијанската дива неодамна позираше за еден француски магазин, а фотографијата за брзо време го освои Инстаграм.

Актерката во црно боди ги истакна деколтето и нозете, а комбинацијата ја надополни со црно палто и ланче.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МНТ го отвора 22. Меѓународен фестивал на актерот во Никшиќ

Македонскиот народен театар на 5 ноември ќе го отвори 22. Меѓународен фестивал на актерот – Никшиќ 2026, кој ќе се одржи од 5 до 10 ноември под слоганот „Да играме со срце“.

МНТ го отвора 22. Меѓународен фестивал на актерот во Никшиќ

МНТ ќе гостува со претставата „Страв и надеж“, во адаптација и режија на Татјана Мандиќ Ригонат, со која ќе започне шестдневната фестивалска програма посветена на актерската уметност и современите театарски остварувања.

Во претставата играат: Сашко Коцев, Сашка Димитровска, Александар Микиќ, Дарја Ризова, Наталија Теодосиева, Никола Ристановски, Тони Михајловски, Тања Кочовска, Дамјан Цветановски и Нела Павловска.

Покрај Македонскиот народен театар, на фестивалот ќе учествуваат и Центарот за култура -Тиват, Звездара театар и Народно позориште од Белград и Народно позориште на Република Српска од Бања Лука.

Фестивалската програма ќе заврши на 10 ноември со доделување на наградите и изведба на претстава во чест на наградените.

По изведбата на претставата на МНТ, ќе се одржи разговор со актерската екипа, каде што публиката и новинарите од Никшиќ ќе имаат можност за директна средба и дискусија со нив.

Учеството на Македонскиот народен театар на фестивалот во Никшиќ е можност за меѓународна промоција на сопствената продукција и за непосредна средба со регионалната театарска публика.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Секси „чуварка на плажа“ во проѕирен фустан

Проѕирните фустани се секогаш добра идеја, сексапилна „чуварка на плажа“ дефинитовно го обожава своето тело.

Фото: Секси „чуварка на плажа“ во проѕирен фустан

Црвениот тепих на модната манифестација „CFDA Fashion Awards 2026“ во Њујорк уште еднаш послужи како сцена за модни изданија што ги поместуваат границите на гламурот, но меѓу гостите, посебно внимание привлече Брукс Нејдер.

Американската манекенка и инфлуенсерка Брукс Нејдер повторно привлече внимание со модно издание кое не остава многу простор за рамнодушност.

На доделувањето на модните награди CFDA за 2026 година во Њујорк, таа се појави во долг црн проѕирен фустан со капуљача, кој спојуваше гламур, провокација и доза сексапил.

Ѕвездата од насловната страница на „Sports Illustrated Swimsuit“ се одлучи за модел изработен од целосно проѕирен материјал, покриен со безброј светкави пайети и мониста.

Фустанот се протегаше од вратот до подот, додека откриените раменици и раце дополнително ја истакнуваа нејзината силуета. Веќе сме навикнати на чиста провокација од нејзина страна, па и овојпат таа не отстапи од проверениот начин за привлекување внимание.

Сепак, она што го направи ова издание особено импресивно беше играта на транспарентност и раскошен сјај. Црната креација делуваше гламурозно и смело истовремено, а капуљачата ѝ даваше донекаде мистериозна нота.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Турција ги претстави вратените 100 бесценети културни артефакти од САД, бронзените ремек-дела од Бубон повторно обединети

По повеќедецениски истражувања и меѓународна соработка, Турција успеа да врати 100 вредни културни артефакти од Соединетите Американски Држави, кои сведочат за богатата историја на Анадолија.

Турција ги претстави вратените 100 бесценети културни артефакти од САД, бронзените ремек-дела од Бубон повторно обединети

Артефактите беа претставени во Археолошките музеи во Истанбул од страна на министерот за култура и туризам на Турција, Мехмет Нури Ерсој, кој истовремено ја отвори и изложбата „Нема излез: Бубон“, посветена на повторното обединување на бронзените статуи од истоимениот антички град.

Враќањето е резултат на правните и научните активности на Министерството за култура и туризам на Туркије. Особено значаен беше случајот од мај 2026 година, кога американска аукциска куќа понуди на продажба артефакти со потекло од Анадолија. По доставувањето научни докази и документација до Обвинителството на округот Менхетен и Службата за истраги на домашната безбедност на САД, продажбата беше запрена, а предметите беа вратени во Турција

На претставувањето присуствуваше и Метју Богданос, заменик-обвинител на округот Менхетен и раководител на Одделението за борба против трговијата со културни добра. Министерот Ерсој ја истакна поддршката на американските институции, Министерството за надворешни работи на Турција и Генералниот конзулат на Турција во Њујорк, упатувајќи благодарност и до „Туркиш ерлајнс“ за безбедниот транспорт на артефактите.

„Нашата цел не е само да ги преместиме артефактите од една изложбена витрина во друга, туку повторно да ги разгледаме во контекст на нивните приказни и културната средина на која ѝ припаѓаат“, изјави Ерсој, нагласувајќи дека Турција ќе продолжи со борба против нелегалната трговија со културни добра.

Меѓу вратените предмети се издвојуваат 40 артефакти од локалитетот Хорозтепе, во покраината Токат, датирани меѓу 2300 и 2000 година пред нашата ера. Колекцијата опфаќа церемонијални музички инструменти, оружје и метални садови, кои сведочат за развиените металуршки вештини во Анадолија за време на раното бронзено време. Тие беа вратени речиси 70 години по ограбувањето.

Особено вредни се 44-те архитектонски плочи од теракота од селото Дивер, во покраината Бурдур, вратени од колекцијата на Музејот „Џ. Пол Гети“ во Лос Анџелес. По претходните враќања предмети од истиот локалитет од САД, Данска и Музејот на ликовни уметности на Вирџинија, овие плочи во претстојниот проект ќе бидат обединети со другите артефакти од Дивер што се чуваат во Археолошките музеи во Истанбул.

Изложбата „Нема излез: Бубон“, пак, ја раскажува приказната за бронзените статуи од античкиот град Бубон, во близина на селото Ибеџик, во покраината Бурдур, кои биле ограбени за време на нелегалните археолошки ископувања во 1960-тите години и незаконски изнесени од Турција. Статуите потекнуваат од Себастејонот, светилиште посветено на римските императори и царското семејство, а нивните делови со децении биле чувани во различни земји и меѓународни колекции. Нивното потекло и меѓусебна поврзаност биле потврдени преку споредување на трагите од спојување на стапалата со камените постаменти, како и анализи на почвата и анализи на изотопскиот состав на оловото. Деловите од статуите, чии глави, торза и екстремитети со децении биле во различни меѓународни колекции, повторно се обединети. Меѓу нив се и бронзените статуи на римските императори Луциј Вер, Септимиј Север, Каракала и Марко Аврелиј.

Враќањето на овие артефакти отвора нови можности за научни истражувања. Археолошките ископувања во Бубон, обновени во 2023 година, продолжуваат под координација на Археолошкиот музеј во Бурдур, со учество на турски археолози. Со враќањето на 100-те артефакти и повторното обединување на бронзените статуи од Бубон, Турција продолжува со напорите за зачувување, проучување и враќање на своето културно наследство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер