Светски ден на ерадикација на карциномот на грло на матка: Болестите што можат да се спречат не смеат да бидат наша судбина
2Светски ден на ерадикација на карциномот на грло на матка: Болестите што можат да се спречат не смеат да бидат наша судбина
3БМВ ги повика сопствениците на 720.000 автомобили во САД да паркираат на отворено и далеку од градежни објекти
БалканИ Грција реагира на губењето статус –музеј на Аја Софија во ИстанбулНиту еден логичен или веродостоен изговор не го оправдува претворањето на Аја Софија во џамија, сè што се прави е додавање на бензин во огнот на национализмот и верскиот фундаментализам, пишува Константинос Александрис.Александрис е генерален секретар за јавна дипломатија, религиозни и конзуларни работи на грчкото Министерство за надворешни работи. -Пред некој ден разгледувајќи албум на патни фотографии, се сетив на палењето свеќа во Таџ Махал неколку години откако првиот христијански индиски премиер реши да го додели храмот на локалната црква. Се восхитував уште еднаш на рачно изработените килими кои го украсуваат подот на џамијата Нотр Дам во Париз, која француската влада ја предаде на муслиманската заедница за да ја спаси од распаѓање, бидејќи намалениот број на христијани кои присуствуваат на службата не можеше да го покрие трошоци за одржување. Имаше фотографија со зачудувачките минариња на џамијата „Свети Петар“ во Ватикан што муслиманскиот локален гувернер на поранешната град- држава реши да ја додаде во зградата за структурно да ја зајакне, бидејќи беше во опасност од пропаѓање! Еве и оваа фотографија со будистичките монаси, кои последниве години се сместија во будистичкиот манастир Масџид Ал-Харам, поранешната Голема џамија во Мека. Иако сето ова звучи нереално или како извадено од скрипта за научна-фантастика, размислете повторно, затоа што нешто од тие напишани зборови се случи пред неколку дена кога владата на Ердоган реши да ја претвори Аја Софија во џамија, тврдејќи дека како таква не само што ќе биде зачувана, туку и ќе биде подобро заштитена. Како што посочуваат одредени лица од турски власти, токму тоа го сториле и нивните отомански предци, „спасувајќи ја“ прекрасната црква од „исчезнување“ (според истите лица од турски власти). Кога, можеби ќе прашате, се случи ли ова? Па, пред само 6 века - неодамна со други зборови! Како во меѓувреме да не се случи ренесансата, просветителството, индустриската револуција и досега невидена научна и технолошка револуција. Но, што зборувам? Зар не се сите тие лажни јудеохристијански заговори од кои модерната муслиманска Турција мора да се „исчисти“? Прашањата се чисто реторички… Сосема е јасно дека ниту еден логичен или веродостоен изговор не може да го оправда сквернавењето на симболот - затоа што токму тоа е одлуката за преобразување на Аја Софија. Ова не е само презир кон историјата или УНЕСКО или меѓународен договор: тоа е повреда. Аја Софија не е само секоја црква, таа е симбол. Тоа е амблем на долг историски период, на цела цивилизација, исто како Таџ Махал, Свети Петар, Партенон, Масџид ал-Харам, Мавзолејот Руми; а претворањето во џамија е напад врз оваа цивилизација. Но, уште поважно, тоа е исто така напад врз она што модерниот свет сега го смета за свое достигнување, како што е почитувањето на различностите. Која е целта на сето ова? Дека владата на Ердоган го потврдува, по 6 долги векови, падот на Цариград? Дали навистина чувствува потреба за тоа? Или можеби сака да демонстрира исламската доминација на илјадагодишното христијанско источно Римско царство? И двете стимулации се опасни. Тие додаваат бензин во огнот на национализмот и религиозниот фундаментализам. Дали е ова она што итреба на турската влада во моментов? Дали треба да се игра во галеријата на оние што фантазираат за нови освојувања и фрлање непријатели во морето? Или на оние што го предвидуваат знамето на исламот како лета во Рим, Кордоба, Виена и на други места? Дали е тоа Турција што ја визуелизира, или исламот што тој се стреми да го води? Во секој случај, на секој човек да му се суди според неговите дела. Да се има во предвид дека, симболите, дури и ако се оштетени, секогаш наоѓаат начини да го задржат својот сјај и магија, пишува Константинос Александрис. https://www.euractiv.com/section/global-europe/opinion/hagia-sophia-the-violation-of-a-symbol/Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканВидео: Хаос во трговскиот центар „Галерија“ во Белград, на елеватор повредени десет децаХаос во трговскиот центар „Галерија“ во Белград, десет деца завршија во Ургентниот центар, тројца мораа да бидат оперираниДесет деца, на возраст од осум години, денес биле пренесени во Ургентниот центар на Универзитетскиот клинички центар на Србија во Белград, откако се здобиле со повреди – некои од нив и сериозни – во инцидент што се случи околу 14:35 часот во трговскиот центар „Галерија“. Според очевидци, инцидентот наводно се случил на подвижните скали. Сите деца се подложени на дијагностика, а на три од примените деца им е потребна хируршка интервенција, соопшти Универзитетскиот клинички центар на Србија. View this post on Instagram A post shared by MOJ BEOGRAD (@moj_beo_grad_) Како што претходно објави Танјуг, неколку деца се здобиле со тешки телесни повреди, скршеници и повреди на главата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалЅвезда на Ливерпул: Целосно ќе се изолирам поради GTA 6. Ќе биде тешко некој да ме добиеСкапоплатениот шведски репрезенативец, напаѓачот на Ливерпул Александар Исак ,откри дека со нетрпение го очекува излегувањето на видеоиграта „Grand Theft Auto VI“ (GTA 6), која пристигнува на пазарот во четврток, 19 ноември. Шведскиот фудбалер најави дека планира целосно да ѝ се посвети на играта и дека ќе биде тешко да се стапи во контакт со него откако таа ќе биде објавена, пренесува германскиот медиум „Билд“ (Bild). Исак зборуваше за своите планови додека беше со шведската репрезентација. За време на прес-конференција, тој беше прашан за излегувањето на долгоочекуваното ново продолжение од популарниот серијал видеоигри. „Мислам дека од 19 ноември, кога ќе излезе играта, ќе биде тешко да се дојде до мене. Целосно ќе се изолирам“, рече Исак. Кога еден новинар го праша дали планира да си го ослободи распоредот за излегувањето на играта, тој едноставно одговори: „Тоа е планот“. Сепак, Исак нема да има многу слободно време за играње видеоигри. Во недела, на 22 ноември, Ливерпул ќе го пречека Манчестер Јунајтед на „Енфилд“ во едно од најголемите дербија во англискиот фудбал – натпревар што се игра само три дена по излегувањето на GTA 6. Во интервју за емисијата *Football Daily* на BBC, чиј водител е поранешниот англиски репрезентативец Алан Ширер, 27- годишниот Исак откри дека претпочита слободното време да го поминува дома, играјќи видеоигри и гледајќи телевизија. GTA 6 пристигнува по 13-годишно чекање GTA 6 е еден од најочекуваните наслови во историјата на индустријата за видеоигри. Претходниот дел, GTA 5, беше објавен уште во септември 2013 година – кога Исак имал 13 години. Дејството на новата игра се одвива во измислената американска држава Леонида, при што голем дел од настаните се случуваат во Вајс Сити (Vice City) – локација што се појавувала и во претходните делови од серијалот. „Рокстар гејмс“ (Rockstar Games) неколку пати го одложуваше излегувањето на играта; моментално закажаниот датум за објавување е 19 ноември 2026 година. GTA 6 ќе биде достапна за PlayStation 5 и Xbox Series X/S.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Европа13-годишно девојче загина во Германија, удрено од возач кој бегал од полицијата (ВИДЕО)13-годишно девојче загина во близина на Ашафенбург откако било удрено од возач кој бегал од полицијата.Според весникот „Билд“, мажот се обидел да избегне полициска контрола бидејќи на неговиот автомобил од марката „Мицубиши“ имало украдени регистарски таблички. Детали за полициската потера Според полицискиот извештај, за време на бегството, возачот возел со голема брзина по тротоарот, удрил во две други возила, а потоа и во девојчето. Од силината на ударот, таа била отфрлена зад една жива ограда. Пожарникарите ја пронашле без знаци на живот, а и покрај напорите на итните служби да ја спасат, таа им подлегнала на повредите. Во инцидентот се повредени уште две лица. Возачот и сопатникот се приведени Полицијата ги уапсила 32-годишниот возач и неговиот 34-годишен сопатник. Одделот за криминалистички истраги спроведува истрага за да се утврдат сите околности поврзани со настанот. Извор: Индекс.хрТагови: Германија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook