Расте бројот на заболени од западнонилска треска, апел до граѓаните редовно да користат средства за заштита од комарци
1Расте бројот на заболени од западнонилска треска, апел до граѓаните редовно да користат средства за заштита од комарци
Други спортовиИ Ердоган попушти : Турција ги укинува спортските натпревари Владата на Ердоган ги прекина првенствата во фудбал, кошарка и одбојка, откако Турција е една од последните земји каде што се играа спортски натпревари и покрај пандемијата на коронавирус.Турскиот министер за спорт Мехмет Мухарем Касапоглу прогласи едномесечен прекин откако спортските федерации објавија дека не сакаат да го продолжат натпреварувањето. Gençlik ve Spor Bakanımız Sayın Mehmet Muharrem Kasapoğlu önderliğinde federasyon başkanlarının katıldığı toplantı sonrasında futbol, basketbol, voleybol ve hentbol maçlarının ileri bir tarihe ertelendiğini duyuruldu. pic.twitter.com/vJx2vlQHtM — Galatasaray SK - Sosyal mesafeni koru! (@GalatasaraySK) March 19, 2020 Веќе една недела, натпреварите во турското првенство се играат без публика, што е една од мерките за да се спречи ширењето на вирусот „Ковид-19“. Türkiye Cumhuriyeti Gençlik ve Spor Bakanı Mehmet Muharrem Kasapoğlu’nun ev sahipliğinde Ankara’da yapılan toplantı sonucunda, COVID-19 salgınına karşı alınan tedbirler kapsamında tüm voleybol maçlarının süresiz olarak ertelendiği açıklanmıştır. pic.twitter.com/Gtcu6Gk6Jh — Fenerbahçe Voleybol - 🏠 #EvdeKal (@FBvoleybol) March 19, 2020 Но, во последните неколку дена бројни играчи и тренери, меѓу кои и легендата Фатих Терим, ја повикаа ТФФ да го прекине првенството, како што е во другите земји. Во Турција досега 200 луѓе се заразени со коронавирус, а двајца починале.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеРасте бројот на заболени од западнонилска треска, апел до граѓаните редовно да користат средства за заштита од комарциРасте бројот на заболени со западнонилска треска.Вчера беа потрдени три нови случаи, Светската здравствена организација предупредува дека јули и август се најризичните месеци за ширење на вирусот. Во Македонија досега се регистрирани осум случаи, а најголемиот дел од заразените воопшто немаат симптоми. Од СЗО препорачуваат: покривање на телото со облека, користење средство против комарци и отстранување на застојаната вода околу домот. Здравствените власти смируваат дека заразата не се пренесува од човек на човекТагови: СЗО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаВидео: Руска ракета паднала во Полска? Одекнала експлозија, кратер од 10 метри Во полскиот округ Билгорај, во близина на градот Лублин, жителите слушнале силен тресок во текот на ноќта, а по пристигнувањето на местото на настанот пронашле кратер и расфрлани делови од неидентификуван објект, соопшти денеска полицијата од ЛублинКратер со дијаметар од десет метри е пронајден на поле во Тарнава Колонија, која се наоѓа околу 50 километри јужно од Лублин, а на местото на настанот пристигнале полицијата, пожарникарите и воен хеликоптер, јавува Вјадемошќи. „Утрово добивме дојава од регионалниот центар за итни повици дека се слушнала силна експлозија во округот Билгорај помеѓу градовите Тарнава Колонија и Бискупица. Дежурниот полицаец испратил полициски патроли на местото на настанот. Air raid sirens, then an explosion in Lublin! Poland scrambled F-16s after tracking an unidentified airborne object. It crashed near Tarnawa Kolonia, leaving a crater and scattered debris. Emergency services are on the scene. Wake up, Poland! War is on your doorstep. pic.twitter.com/nHw8lP9fP8 — Silent Witness (@SilentWitn1ss) July 30, 2026 По 5 часа, полицајците откриле кратер и расфрлани делови од неидентификуван предмет на поле помеѓу Тарнава Колонија и Токари, приближно на два километри од зградите“, се вели во полициското соопштение. Во соопштението се наведува дека за инцидентот биле известени воената полиција, Агенцијата за внатрешна безбедност, Службата за воена контраразузнавачка дејност и Окружното обвинителство во Лублин, како и дека на местото на настанот биле испратени полициски службеници за борба против тероризмот. Во Лублин, кој се наоѓа на околу 80 километри од границата со Украина, сирените се огласија и во текот на ноќта, непосредно пред 4 часот наутро.Тагови: Полска русија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВо Собранието последна седница за пратенички прашањаВо Собранието денеска ќе се одржи 113. пленарна седница, последна за пратенички прашања пред заминувањето на пратениците на годишен одмор.Седницата за пратенички прашања се одржува секој последен четврток во месецот, а на премиерот и на министрите прашања први им поставуваат пратениците од опозициските партии. Секој последен четврток во месецот се одржува и редовниот брифинг на претседателот на Собранието, Африм Гаши, со новинарите.Тагови: Собранието Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook