РецептиХумус со тикваБез разлика дали се служи со крекери или препечен леб, хумусот со тиква ќе воодушеви со својот кремаст есенски вкус. Состојки: 400 грама излупена тиква 480 грама наут од конзерва 2 лажички сув црвен пипер цеден сок од 1 лимон 2 чешниња лук сол црн пипер 50 мл маслиново масло Подготовка: Исечете ја излупената и исчистена тиква на коцки. Ставете ги во плех за печење и печете во рерна загреана на 180 °C околу 30 минути, додека не омекне. Печената тиква оставете ја да се олади.Ставете го исцедениот наут, печената тиква, сувата пиперка, сокот од лимон, толчениот лук, солта и црниот пипер во блендер и изблендирајте додека не добиете хумус. Пред сервирање, прелијте го хумусот со маслиново масло. Совет: Чувајте го хумусот во фрижидер до сервирање.Тагови: рецепт Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветРуси испукаа сигнални ракети кон дански воен хеликоптер: „Сериозен инцидент“Руска фрегата испука две сигнални ракети кон дански воен хеликоптер во меѓународни води.Инцидентот, кој се случи јужно од данскиот град Гедсер, беше потврден од Данската команда за одбрана, како што објави локалниот медиум TV2 на 15 септември, пренесува NV. Сигналната ракета поминала многу блиску до хеликоптерот Настанот се случил на 14 септември во меѓународен воздушен простор. Хеликоптер „AS-550 Fennec“ на Кралските дански воздухопловни сили бил на рутинска мисија за воздушно извидување и фотографирање на руски воен брод што пловел во меѓународни води. Рускиот брод потоа испукал две пиротехнички сигнални ракети директно кон леталото. Според данските воени власти, еден од проектилите поминал многу блиску до хеликоптерот. Меѓу екипажот немало повредени, а хеликоптерот не претрпел никакви оштетувања. „Сериозен инцидент“ Данскиот министер за одбрана Јепе Брус ја осуди провокацијата и најави дека Министерството за надворешни работи ќе го повика рускиот амбасадор на официјална дипломатска средба. „Ова е сериозен инцидент и Данска го сфаќа крајно сериозно“, изјави Брус. „Колку што знам, ова е првпат да се соочиме со инцидент од ваква природа. Тоа јасно покажува дека Русите се подготвени да преземаат сè поголеми ризици. Ова е сериозен настан и токму затоа го повикуваме рускиот амбасадор“, додаде тој. Овој инцидент се случува кратко откако Емил Грешолм, шеф на контраразузнавањето во Данската служба за безбедност и разузнавање (PET), на 3 септември објави дека данските агенти откриле конкретни планови на руското разузнавање. Според него, Русите подготвувале саботажа на капацитетите на данската воена индустрија. Извор: Б92Тагови: ракети хеликоптер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСкопје е домаќин на меѓурегионален состанок за европската интеграција и преговорите со ЕУВо Скопје се одржува Меѓурегионалниот состанок на главните преговарачи и високите претставници одговорни за европска интеграција, чиј домаќин е првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали. Состанокот обединува претставници од Западен Балкан, Украина, Молдавија и Грузија, како и претставници на Европската Унија и меѓународни партнери. Во фокусот се иднината на проширувањето на Европската Унија, следната Повеќегодишна финансиска рамка и забрзувањето на усогласувањето со законодавството на ЕУ преку поефикасна соработка меѓу владите и парламентите. Во својата порака, Сали нагласува дека проширувањето е стратешка инвестиција во безбедноста, стабилноста и просперитетот на Европа. Тој истакнува дека посветеноста на реформите треба да биде проследена со веродостоен и предвидлив пристапен процес, во кој напредокот се оценува врз основа на заслуги. Посебно внимание се посветува на постепената интеграција и можностите граѓаните и бизнисите да ги почувствуваат придобивките од приближувањето кон ЕУ уште пред членството. Во таа насока, следната Повеќегодишна финансиска рамка претставува значајна можност за поддршка на реформите, зајакнување на институциите и економската конвергенција. Дискусиите ја опфаќаат и улогата на парламентите во процесот на европска интеграција, потребата од рана координација при подготовката на законодавството и значењето на парламентарниот надзор за квалитетот и спроведувањето на реформите. Состанокот има цел да ја зајакне размената на искуства и практичната соработка меѓу институциите што го водат процесот на европска интеграција, како и да утврди области за понатамошна меѓурегионална соработка. Министерот Сали изразува благодарност до учесниците и партнерите, со посебна благодарност до Амбасадата на Сојузна Република Германија и ГИЗ за поддршката во организирањето на состанокот и за континуираната поддршка на европскиот пат.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотРастат цените на енергенсите на европските и американските пазариРастат цените на енергенсите на европските и американските пазари цената на нафтата од типот Брент ја премина границата од 107,50 долари за барел додека европскиот природен гас повторно се приближи на ниво од околу 82 евра за мегават-час.Цената на американската нафта моментно е 103,24 долари за барел за идни договори. Кај нас дизелот е поевтин за 2 денари, бензините поскапи за 3,5 денари и за првпат по почетокот на кризата надминаа 100 денари за литар.. Со владината мерка за намалување на акцизата и последната за намалување на ДДВ за дизелот од 18 на 10 отсто според Мицкоски дневно ќе се заштедат по 250 илјади евра. Поради ценовните шокови не се исклучува и можноста за нов ребаланс на буџетот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во посета на САД, предвидени се средби на високо ниво08:40Од полноќ дизелот поевтинува за 2 денари, бензините поскапи за 3,5 денари за литар 15:0039-годишник осомничен дека му се заканувал на премиерот Мицкоски10:10ЦУК: Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен, останатите се изгасени08:25По „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17