Вложуваме во заедницата кога е најпотребно: Flex Credit донираше 10 тони вода за вработените, клиентите и жителите на Гостивар
1Вложуваме во заедницата кога е најпотребно: Flex Credit донираше 10 тони вода за вработените, клиентите и жителите на Гостивар
ФудбалХумелс го одигра 500. натпревар за Борусија ДортмундДефанзивецот на Борусија Дортмунд, Матс Хумелс, го забележа својот 500-ти настап за клубот. Јубилејот го одбележа синоќа на натпреварот од четвртфиналето на Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид (1:2).Триесет и петгодишниот дефанзивец е втор во историјата на клубот според број на одиграни натпревари. Прв на вечната листа е поранешниот фудбалер од средниот ред Мајкл Зорк со 572 одиграни натпревари. Хумелс оваа сезона за Борусија Дортмунд одигра 32 натпревара и постигна три гола.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВложуваме во заедницата кога е најпотребно: Flex Credit донираше 10 тони вода за вработените, клиентите и жителите на Гостиварфинансиското друштво организираше хуманитарна акција за донација на питка вода во Гостивар. Како дел од платформата „Повеќе од финансии – поддршка за заедницата“, преку која Flex Credit континуирано ја покажува посветеноста кон општеството надвор од своето основно работење, финансиското друштво организираше хуманитарна акција за донација на питка вода во Гостивар. Оваа иницијатива е уште еден чекор во потврдувањето на принципот дека бизнис успехот има смисла само кога му служи на општеството. Преку оваа иницијатива беа обезбедени и испорачани вкупно 1.110 пакети вода, односно 10 тони питка вода. Донацијата беше спроведена во две клучни фази, со цел да се опфатат сите категории на граѓани на кои оваа поддршка им беше неопходна: 5 тони вода беа распределени директно во филијалите на Flex Credit во Гостивар, наменети за секојдневните потреби на вработените, нивните семејства, клиентите како и сите минувачи на кои им беше потребно освежување во текот на денот. Останатите 5 тони вода беа насочени директно кон жителите на Гостивар и беа распределени преку посебно поставени пунктови на неколку фреквентни локации низ градот, овозможувајќи брза и брзо достапна поддршка за сите граѓани. Оваа активност е дел континуираното вложување на Flex Credit во заедницата и безрезервна поддршка онаму каде што е најпотребно. „Грижата за заедницата не е кампања, туку наша секојдневна обврска. Кога постои потреба од конкретна поддршка на терен, наша должност како општествено одговорна компанија е да бидеме присутни и да помогнеме. Се надеваме дека со овие 10 тони вода успеавме барем за момент да им го олесниме секојдневието на нашите сограѓани во Гостивар,“ изјавија од раководството на Flex Credit.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОпштина Аеродром: Почна реконструкцијата на улицата „Ѓорѓи Капчев 5“Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, заедно со општинските стручни служби денеска изврши увид во почетокот на градежните работи за реконструкција на улицата „Ѓорѓи Капчев 5“.Реконструкцијата ќе се изведува според постојната состојба, во должина од 279 метри, при што ќе се асфалтира површина од 1098 квадратни метри. Овие активности се одвиваат во рамките на проектот за реконструкција на 18 улици на територијата на Општина Аеродром. „Продолжуваме активно да работиме на подобрување на уличната инфраструктура низ Општина Аеродром. Ветивме – реализираме. Чекор по чекор, улица по улица, градиме подобар и поуреден Аеродром“, изјави градоначалникот Митески. 13.8.2026 Општина АеродромКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиШестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00Прогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел12:31Августовски испитен рок за матура денеска и во петок, полагањето ќе биде во четири градови08:41
Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00
ЖивотГерманско здружение поднесе жалба против „Мета“ поради паметни очила, бара забрана за продажбаГерманската организација за заштита на дигиталните права „HateAid“ поднесе кривична пријава против „Meta“ и компаниите што ги продаваат нејзините очила со вештачка интелигенција во Германија.Во пријавата се наведува дека овие уреди – конкретно моделот „Ray-Ban Meta Wayfarer“ – ги прекршуваат германските закони за дигитална приватност. Ова претставува најнов случај на правен притисок во земја каде што правото на приватност е високо ценето, пренесува „Ројтерс“. Организацијата ја поднесе пријавата до Централната канцеларија за борба против сајбер-криминалот (ZIT) со седиште во Франкфурт, насочена против раководството на „Meta“, производителот на очила „EssilorLuxottica“ (во чија сопственост е брендот „Ray-Ban“), како и против трговците на мало „Fielmann“, „Apollo-Optik“, „Mister Spex“ и „MediaMarkt“. „Не можете да им побегнете на паметните очила. Во секој момент мора да претпоставите дека некој ве снима и дека снимката ќе ја објави на интернет“, изјави извршната директорка на „HateAid“, Жозефин Балон. HateAid истакнува дека нејзината претставка се заснова на сојузниот закон за заштита на дигитални податоци. Тој закон ја забранува продажбата на комуникациски уреди наменети за тајно снимање на луѓе. Од Mister Spex изјавија дека прашањето за заштита на приватноста го сфаќаат многу сериозно, но дека сè уште не се официјално известени за претставката. Другите споменати компании и ZIT не одговорија веднаш на барањата за коментар. Германскиот регулатор за дигитални комуникации, Сојузната агенција за мрежи (BNetzA), уште кон крајот на 2023 година објави дека се забранети поврзани уреди способни за тајно аудио или видео снимање. Во средата, агенцијата за „Ројтерс“ изјави дека внимателно го следи пазарот на паметни очила, но во моментов не спроведува официјална истрага. „Поседувањето, увозот или продажбата на паметни очила не се забранети, под услов функцијата за снимање да биде јасно видлива – на пример, преку светлосен сигнал“, објасни портпарол на агенцијата. Во јули, медиумската куќа SWR објави дека и органот за заштита на податоци на покраината Хамбург презема правни мерки во врска со употребата на паметни очила.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиШестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00Прогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел12:31Августовски испитен рок за матура денеска и во петок, полагањето ќе биде во четири градови08:41
Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00