Хуманите може да му помогнат на семејството Таневски

Во пожарот што ја пеплоса куќата на семејството Таневски, целосно изгоре се што имаа.

Вчера по објавениот прилог до нашата редакција се обратија хумани граѓани кои сакаа да им помогнат на старите и болни членови на семејството, кои останаа под отворено небо.

Денеска отворија жиро сметки, на кои може хуманите да им уплатат средства за помош на жиро сметките во НЛБ и во Комерцијална банка.

Таневски Благоја жиро сметка 300007048444508, Комерцијална банка,

Таневски Тодор жиро сметка 210501619036361 НЛБ - Тутунска банка



Арсовска: Политичката партија Нова Алтернатива, за прв пат самостојно учествува на избори

Сите заедно, со една идеја - правда за Македонија - да се обединиме без разлика на етничка, верска или било каква друга определба да се избориме за еднакви можности, за економски просперитет.

Политичката партија Нова Алтернатива, за прв пат самостојно учествува на овие парламентарни избори со нова енергија, нови луѓе и како нова опција ги повикуваме граѓаните кои веруваат дека со борба против корупцијата и криминалот заедно ќе обезбедиме подобра иднина, да гласаат за бројот 9.

Сите заедно, со една идеја - правда за Македонија - да се обединиме без разлика на етничка, верска или било каква друга определба да се избориме за еднакви можности, за економски просперитет.

Заедно да обезбедиме правна држава во која ќе нема привилегирани и секој ќе биде еднаков пред законите.

Македонија да биде држава која ќе биде на страната на сите нас -граѓаните, држава во која ќе владее ред и поредок.

Политичка партија Нова Алтернатива

Битиќи: Во коалиција со граѓаните нема да дозволиме Македонија повторно да биде заробена држава

Откако ја примивме пораката од граѓаните, се мобилизиравме, ги зацврстуваме редовите и  го шириме добриот глас за европска Македонија. 

„Откако ја примивме пораката од граѓаните, се мобилизиравме, ги зацврстуваме редовите и го шириме добриот глас за европска Македонија. Доаѓаме во секое маало, секое село, град и општината. Подаваме рака кон секоја заедници, кон секој еден кој сака европска Македонија. Во коалиција сме со граѓаните. Нема да дозволиме Македонија повторно да биде заробена држава“, порача ко-носителот на листата на кандидати за пратеници на Коалицијата за европска иднина од Изборна единица 2, на денешните средби со жителите на скопската општина Ѓорче Петров.

Тој посочи дека реториката на ВМРО-ДПМНЕ и ксенофобијата на Гордана Силјановска нема да донесат позитивни промени за државата, затоа што кај нив нема место за различните од нив, за оние кои веруваат во европска Македонија, во која ќе има достоинствено место за секој еден.

„Нашата одговорност кон идните генерации не обврзува да не дозволиме да се случи некој нов 27-ми април или 24-ти декември. Не смееме да дадеме повторно политичка шанса за масовно прислушување, тефтерчиња со судии, за полиција која тепа студенти по библиотеки. Нашите деца не заслужуваат да бидат изложени на пресметки поради нивни различни мислења или ставови. Со гласот за број 1 на 8-ми мај ќе ги заштитиме од закани и уцени“, порача до жителите на Ѓорче Петров, потпретседателот на СДСМ, Битиќи.

Тој посочи, политичките амбиции за тоа како гледа на Македонија ВМРО-ДПМНЕ ги разоткри со влегувањето во техничка влада, со преземањето на раководењето на МВР.

„Си имаме работа со истото ВМРО-ДПМНЕ од времето на режимот на Груевски, кога вршеа упади по медиуми и затвораа новинари. Одма се обидоа медиумите да ги направат плен на нивните политички игри. Погледнете го случајот со новинарот Фуркан Салиу, со пендрек се обидоа да го замолчат. Сега е тој, но ќе бидат уште многу повеќе новинари доколку им се даде шанса, а тоа може да им го ускратиме само со мобилизирање на неопределените, на разочараните, на прогресивните граѓани “, рече Битиќи.

Крмов од Велес:Велешани ја препознаваат Левица како единствена опција која потекнува од народот

Носителот на листа на ИЕ3, Борислав Крмов, и денес има средби со граѓаните на Велес. 

​​​[💬] ,,Втор ден сум во Велес. Вчера се движевме по Чаршијата, разговаравме со велешани. Денес сме на Пазарот во Велес.

Она што можеме да го слушнеме од велешани е дека тие ја препознаваат Левица како единствена опција којашто потекнува од народот.

Во Програмата на Левица има најмногу за обичниот работник, затоа што оттаму ние и потекнуваме".

[🚩] Борбата продолжува, а Крмов апелираше дека за истата да продолжи, треба граѓаните да ја поддржат Левица како единствена неподмитлива опција во интерес на националните интереси:

,,Потребно е сега да се гласа за Левица, за да продолжи борбата во Собрание.

Ние заедно со претседателот Апасиев во последниве 4 години од нашиот мандат покажавме дека некои работи може да се сменат, дека пратениците може да НЕ зимаат патни трошоци, дека може да се борат за вистинските интереси на македонскиот народ и сега мораме да бидеме двоцифрен број, за да ја продолжиме борбата!", додаде Крмов.

притисни ентер