Хуманитарна акција на Форумот на жени на СДСМ, „Дарувај од срце“, се грижиме - Канал 5

Хуманитарна акција на Форумот на жени на СДСМ, „Дарувај од срце“, се грижиме

 Во духот на хуманоста и солидарноста, Форумот на жени на СДСМ заедно со  Црвениот крст и граѓаните ја продолжува традиционалната хуманитарна акција Дарувај од срце , рече Снежана Калеска – Ванчева, претседателка на Форумот на жени на СДСМ.

Хуманитарна акција на Форумот на жени на СДСМ, „Дарувај од срце“, се грижиме

Денеска, на означените пунктови во Скопје и низ сите градови низ нашата држава донираме топла облека, обувки и постелнина за граѓаните на кои им е најпотребна во овие студени зимски денови.

Воедно, со ова акција се приклучуваме кон одбележувањето на Меѓународниот ден на човековата солидарност - 20 декември со нашиот скромен придонес, со цел да внесеме повеќе топлина во колку што е можно повеќе семејства.

Солидарноста, хуманоста и меѓусебното помагање и поддршка се темелни вредности на социјалдемократијата.Ние како Форум на жени на СДСМ се залагаме и вложуваме во овие вредности.

СДСМ со политиките кои ги води е насочена кон градење на праведно и фер општество со посебен акцент на најранливите категории граѓани со цел нивно извлекување од сиромаштија и обезбедување на пристоен живот за сите граѓани.

Хуманитарните акции на Форумот на жени ќе продолжат и во иднина, затоа што за нас сите граѓани се важни. Истовремено, ќе продолжат и нашите активности кои имаат за цел создавање на мерки и политики кои го унапредуваат квалитетот на сите граѓани, особено на оние од ранливите категории.

Ги повикуваме граѓаните да ни се приклучат на оваа хуманитарна акција, да обезбедиме помош за што е можно повеќе семејства.Сите да даруваме од срце ,рече Снежана Калеска – Ванчева .

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Моќна Барселона – најдобриот старт во историјата на клубот

Фудбалерите на шпанскиот шампион Барселона блескаат на почетокот на новата сезона и имаат седум победи на исто толку натпревари.

Моќна Барселона – најдобриот старт во историјата на клубот

Гигантот од Ноу Камп, врза шест победи во Ла Лига и забележа уште една во Лигата на шампионите.

Досега, најдобрите учиноци беа остварени во сезоните 1929/30, 1960/61 и 2018/19, кога Каталонците забележаа шест победи по ред.

Овие седум победи под водство на Ханси Флик ѝ овозможија на Барселона да стекне убедлива предност во Ла Лига, со три бода предност пред Реал Мадрид.

Тие исто така поставија рекордни бројки во однос на постигнатите голови – 33 на седум натпревари, што претставува просек од пет гола по натпревар.

Тимот постигна „само“ два гола на натпреварот против Билбао, четири против Леванте, по пет против Елче, Рајо, Валенсија и Фејенорд, па дури и седум против Расинг.

Во моментотв Барса е и единствениот тим без пораз во Ла Лига по првите шест кола. До поразот од Севиља во средата, таков учинок имаше и Депортиво.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Скопје или див запад? (ВИДЕО)

Деца јаваат коњ на улица Скупи во Скопје, и во еден момент едно од децата паѓа.

Скопје или див запад? (ВИДЕО)

На социјалната мрежа Фејсбук е објавена видеоснимка на која се гледаат малолетни деца како јаваат коњ по фреквентна улица, без надзор од возрасно лице и без соодветна безбедносна опрема.

На снимката се забележува и момент во кој едно од децата паѓа од коњот. Засега нема информации за состојбата на детето, ниту дали при падот се здобило со посериозни повреди.

Случајот отвора прашања за безбедноста на децата и одговорноста на возрасните, особено имајќи предвид дека станува збор за улица на која се одвива јавен сообраќај.

Дополнително, се поставува прашањето дали ваквото однесување претставува сериозен ризик за учесниците во сообраќајот и кој би сносел одговорност доколку дојде до сообраќајна несреќа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Младите во Македонија остануваат во домовите на родителите до 30,7 години, а во ЕУ до 26,3

Младите во Македонија го напуштаат родителскиот дом на просечна возраст од 30,7 години, односно 4,4 години подоцна од просекот во Европската унија, покажуваат податоците на Евростат за 2025 година.

Младите во Македонија остануваат во домовите на родителите до 30,7 години, а во ЕУ до 26,3

Во ЕУ младите во просек заминуваат од домот на родителите на 26,3 години, што е незначително зголемување во однос на 2024 година, кога просечната возраст изнесувала 26,2 години. Од 2002 година европскиот просек се задржува близу 26 години.

Најдолго со родителите живеат младите во Хрватска, каде што домот го напуштаат на просечна возраст од 31,5 години. Следуваат Грција и Словачка со по 30,9, како и Шпанија и Италија со по 30,2 години.

Најрано се иселуваат младите во Финска, на просечна возраст од 21,4 години, и во Данска, на 21,8 години.

Во регионот младите во Србија остануваат со родителите до просечна возраст од 30,1 година, во Босна и Херцеговина до 29,5, а во Бугарија до 27,9 години.

Податоците на Евростат укажуваат и на поврзаност меѓу вработеноста на младите и возраста на која тие го напуштаат родителскиот дом.

Во Македонија во 2025 година биле вработени 50,2 проценти од младите на возраст од 20 до 29 години, односно 15,3 процентни поени помалку од просекот во европската унија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер