МакедонијаХуман гест на КК ТФТ - Скопје -Донирана хуманитарна помош за Гостивар Македонскиот кошаркарски прволигаш ТФТ Скопје со голем хуман гест се вклучи во акција за помош на загрозените граѓани по прогласената епидемија во Гостивар.Од ТФТ Скопје, преку својата новоформирана фондација, донираа вода за граѓаните на Гостивар како знак на поддршка и солидарност. -Не секоја победа се освојува со кош. Некои победи се освојуваат со срце. [❤️] [💧]Во текот на вчерашниот ден, Кошаркарскиот клуб ТФТ Скопје, преку својата фондација TFT Cares, беше рамо до рамо со граѓаните на Гостивар и донираше вода како знак на поддршка и солидарност. Кога е најпотребно — стоиме заедно. Заедно за Гостивар. [🤝] Повеќе од кошарка. Повеќе од победа. [🏀] [❤️] #TFTCares #WeComeOne, истакнуваат од ТФТ -Скопје. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотГермански студент заработил 34.000 евра за шест месеци тестирајќи водени тобогани!Германски студент заработил 34.000 евра за шест месеци – работата му била да тестира водени тобогани.Еден студент од Германија добил работа која за многумина звучи како сон – шест месеци патувал низ популарни туристички дестинации, тестирал водени тобогани и за тоа заработил дури 34.000 евра. Станува збор за необичен привремен ангажман кој привлече големо внимание, особено кај младите кои сè почесто бараат работни места што нудат нови искуства, патувања и поинаков начин на заработка. Студентот бил ангажиран како официјален тестер на водени атракции во рамките на туристичкиот ресорт „Splash-World“, каде неговата задача била да ги проверува забавните содржини пред да ги користат гостите. Патувања, базени и водени тобогани Во текот на шест месеци тој патувал низ атрактивни туристички места како Египет, Турција и Мајорка, каде што ги испробувал водените тобогани, базените и другите содржини во водените паркови. Покрај самото тестирање, неговата задача била да ги запише впечатоците, да даде оценки и детални забелешки, кои потоа ресортот ги користел за подобрување на услугите и понудата за посетителите. За овој ангажман студентот добил хонорар од 34.000 евра, што е значително повеќе од заработката кај повеќето сезонски или студентски работни места. Работа од соништата, но не трае засекогаш Иако сумата изгледа примамливо, ова не било класично вработување со редовна месечна плата, туку временски ограничен проект. Во договорот биле опфатени и трошоците поврзани со патувањата. Ваквите необични работни места стануваат сè попопуларни меѓу младите, но се појавуваат ретко и привлекуваат голема конкуренција. Од компанијата не ја исклучуваат можноста во иднина повторно да бараат тестери за водени атракции. За оние кои сонуваат за работа со патувања, забава и добра заработка, ваквите можности постојат – но потребни се трпение и вистинска прилика за да се добие една од нив. Извор: Биз ПорталТагови: аква парк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКавадарчаните кои до смрт претепаа лице по расправија во казино добија по 10 години затворТројца кавадарчани добија по 10 години затвор за убиството на 43-годишниот П.Т., кое се случи пред казино во центарот на Кавадарци во август минатата година.Основниот суд Кавадарци ги прогласил за виновни за кривично дело „убиство“ „Кривичниот совет при Основен суд Кавадарци обвинетите ги прогласи за виновни и ги осуди на казна затвор во траење од по 10 години за секој осуден. Во кривичниот предмет немаше признание на вина, а на обвинетите им е продолжен притворот бидејќи се прогласени за виновни“, соопшти судот. Според обвинението, на 27 август 2025 година, пред 5 часот наутро, по вербална расправија во казиното, тројцата излегле надвор, каде физички го нападнале и му нанеле повеќе удари со боксови и клоци по телото и главата. Нападот се случил на задниот влез од казиното во центарот на Кавадарци. Жртвата се обидела да се врати во објектот, но изгубила свест и починала од здобиените тешки повреди.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаУнгарската влада повела истрага за четири случаи поврзани со работењето на државната „Ексимбанка“Ќе се истражува и можна злоупотреба со кредитот од 1 милијарда евра одобрен за Македонија.Во Унгарија покрената е истрага за четири случаи поврзани со работењето на државната „Ексимбанка“. Премиерот Петар Маѓар, потврдил дека унгарското министерство за економија и енергетика поднело кривични за четири случаи поврзани со Ексимбанката, поради сомнежи за злоупотреби на службената положба, несовесно работење и други можни кривични дела. Како што пренесуваат тамошните медиуми, ќе се истражуваат и можни злоупотреби и во однос на кредитот од 1 милијарда што државната ексим банка и го одобри на земјава. Според Маѓар, кредитот за Македонија бил одобрен со поволна каматна стапка од 3,25 отсто и е целосно обезбеден со државна гаранција.. -„Владата не сака и нема однапред да донесе пресуда во овие случаи, но ќе ја обезбеди сета потребна поддршка за да се утврди дали се сторени кривични дела“, изјавил Маѓар. Веднаш по доаѓање на власта Маѓар најави борба против корупцијата и работењето на претходната влада на чие чело 16 години беше Виктор Орбан.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter