СДСМ: Дали Владата на Мицкоски однапред ја знае одлуката на Уставниот суд за Колективниот договор во култура?
2СДСМ: Дали Владата на Мицкоски однапред ја знае одлуката на Уставниот суд за Колективниот договор во култура?
3Фудбалската федерација на Македонија и селекторот на македонската А репрезентација, Гоце Седлоски, спогодбено го раскинаа договорот
КошаркаХрватското чудо од дете хит на НБА драфтотСо почеток во 1 часот после полноќ по македонско време, започнува НБА драфтот на кој хрватската кошарка е пред историски настан, затоа што младиот Марио Хезоња би можел да го сруши ланскиот рекорд на Дарио Шариќ.Го носи прекарот европски Коби Брајант, одлично котира во пресрет на вечерашниот драфт и заедно со Кристапс Порцингис ќе бидат главни европејци меѓу првите 10 кошаркари. Спортскиот директор на Цедевита, Матеј Мамиќ вели дека Хезоња ќе биде вистинско освежување за НБА, а го цитираат повеќе американски медиуми: - „Марио Хезоња е единствен играч на НБА драфтот кој верува дека би можел да го победи Коби Брајант во дуел еден на еден“, напиша Мамиќ на Твитер. Хезоња игра на позицијата бек-шутер, својата кариера ја започна во КК Дубровник, каде со 13,5 години заигра за сениорите и тоа против Цибона. Потоа преминал во КК Загреб, а на ЕП до 16 години во Чешка ја доби наградата МВП. Тој во 2012. година потпиша 3-годишен договор со Барселона, со која лани ја освои АЦБ лигата. За трансферот КК Загреб добил 150.000 евра. На денот на драфтот Хезоња одлично се искачува на листата, но поради казнениот тренинг во Барселона, ќе мора да го пропушти патувањето во САД. Хрватските медиуми веќе на големо ги пренесуваат информациите од САД според кои воопшто нема сомнеж дека ќе биде избран меѓу првите 10 кошаркари. Во моментов подобро од Хезоња на НБА драфтот 2015 котираат првиот пик Карл-Ентони Таунс кој сигурно ќе замине во Минесота Тимбервулвс. Како втор пик Лејкерси веројатно ќе го потпишат Џахил Окафор, трет е Д'Анџело Расел, бек-шутер кој најверојатно ќе игра за Филаделфија. Четвртото место на драфтот е предвидено за Летонецот Кристапс Порцингис, а петтото место му припаѓа на Џастис Винслоу кој е пред вратата на Орландо Меџик. Минатата година, Дарио Шариќ беше избран како 12-ти пик на драфтот со што стана најдобро пласираниот Хрват во историјата на НБА драфтот. За разлика од Хезоња, Шариќ се реши и следната сезона да игра во Европа, поточно во Ефес Пилсен кај Дуда Ивковиќ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамДва нови полначи за електрични возила во Општина Ѓорче Петров, донирани од Гоу Грин Општина Ѓорче Петров доби два нови полначи за електрични возила, донирани од Здружението за одржлив развој и заштита на животната средина „Гоу Грин“ (Go Green). Полначите, со моќност од по 22 kW, се поставени на општинскиот паркинг на улицата „Ѓорче Петров“ бр. 22, каде што се инсталирани, тестирани и ставени во функција. Со оваа донација се унапредува инфраструктурата за електрична мобилност во општината и се создаваат подобри услови за користење електрични возила од страна на локалните жители и посетители. Полначите се приклучени на електричната мрежа, со придонес од соларната енергија произведена од фотонапонските панели на општинската зграда. На овој начин, локалното производство на обновлива енергија се поврзува со потребите за полнење електрични возила. Здружение за одржлив развој и заштита на животната средина „Гоу Грин“ Скопје Донацијата е реализирана во рамките на проектот Community Mobility Co-operative Pilot (COMOCO), што во Македонија го спроведува „СмартАП - Лабораторија за социјални иновации“, чија цел е развој и тестирање модели за заедничко користење и управување со инфраструктурата за електрична мобилност. Преку соработката со Општина Ѓорче Петров, „Гоу Грин“ придонесува за развој на практични решенија за одржлива урбана мобилност и поголема примена на електричните возила во локалната заедница. Поставувањето на двата полначи претставува конкретен пример за тоа како соработката меѓу граѓанските организации и локалната самоуправа може да резултира со функционална инфраструктура и долгорочни придобивки за граѓаните. Ваквите иницијативи се важен чекор кон почиста, поодржлива и поефикасна мобилност во урбаните средини. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТајни разговори со Путин спречија нуклеарна ескалација на БалтикотТајни разговори со Путин спречија нуклеарна ескалација на Балтикот, откриени детали за тоа што му рекле лидерите на Финска и НорвешкаФинскиот претседател Александар Стуб и норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе воспоставија таен канал за комуникација со рускиот претседател Владимир Путин – со посредство на еден руски олигарх – во обид да спречат директен воен судир во Балтичкото Море. Според „Волстрит џурнал“, двајцата лидери се обиделе да ги ублажат стравувањата на Москва во врска со можна поморска блокада и да спречат опасна ескалација. Балтичкото Море стана една од најчувствителните точки на тензија меѓу Русија и Западот. Русија преку овие води транспортира повеќе од 60 отсто од својот извоз на нафта по морски пат – со што ја финансира својата воена економија – додека околните региони се граничат со земји-членки на НАТО. Поради запленувањето на танкери што припаѓаат на руската „флота од сенка“, како и изјавите на одредени европски политичари за можното затворање на Финскиот Залив, во Москва расте загриженоста од можноста за поморска блокада. Како одговор, Кремљ нареди руските танкери да бидат придружувани од воени бродови опремени со ракети способни да носат нуклеарни боеви глави. Германската крајбрежна стража забележала 260 вакви случаи во текот на изминатата година. Тензиите дополнително се заострија поради инциденти на море. Во јуни, руската корвета „Сообразителни“ за малку ќе се судреше со пловила на германската крајбрежна стража. Во септември, кон дански хеликоптер беа испукани сигнални ракети, додека во октомври беше блокиран пристапот до танкер кој наишол на проблеми во близина на островот Борнхолм. Според „Волстрит џурнал“ (WSJ), Москва во септември испратила и писмено предупредување до НАТО, во кое навела дека е подготвена да изврши превентивни нуклеарни напади за да ги заштити своите интереси на Балтикот – дури и во отсуство на директен напад врз руска територија. Поради ризикот од неконтролирана ескалација, Пентагон кон крајот на октомври ги повика своите сојузници од балтичките земји да ја ублажат својата реторика. По ова, Хелсинки и Осло одлучија да се обидат директно да ја деескалираат ситуацијата. Бидејќи официјалните дипломатски канали не вродија со плод, Стуб и Сторе стапија во контакт со еден руски олигарх, кој отпатува во Норвешка на разговори со високи функционери. По овие консултации, тој се врати во Москва за да му ја пренесе пораката од двајцата лидери на Путин. Претседателите на Финска и Русија, заедно со норвешкиот премиер, на 27 октомври остварија телефонски разговор. Во официјалното соопштение се наведува дека дискусијата била фокусирана на ставање крај на војната во Украина; сепак, „Волстрит џурнал“ (WSJ) пренесува дека двајцата европски лидери всушност се обиделе да ги отстранат стравувањата на Кремљ во врска со можна поморска блокада. „Немаме намера да го блокираме Балтикот во мирнодопски услови – во тоа можете да бидете сигурни. Ќе постапуваме во согласност со законот“, изјавил Стуб за време на разговорот, според „Волстрит џурнал“.Тагови: Владимир Путин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Дали Владата на Мицкоски однапред ја знае одлуката на Уставниот суд за Колективниот договор во култура?Илјадници вработени во култура криминалната власт ги става под ризик да останат без колективните договори и да се врати состојбата пред 2020 година.Пари во Буџетот нема за да ги следи обврските од Колективниот договор. Документ што со години ги гарантира работничките права на вработените во културниот сектор. Зошто е тоа така? Дали криминалната влада која контролира се во државата однапред ја знае одлуката на Уставниот суд кој утрте треба да одлучува по предметот со кој е оспорен Колективниот договор за културата. Сакаме да испратиме јасна порака: работничките права не смеат да бидат загрозени, а Уставниот суд не смее да стане продолжена рака на која било власт! Колективниот договор за култура беше резултат на долгогодишна синдикална борба, преговори и социјален дијалог. Тој донесе конкретно подобрување на материјалниот и професионалниот статус на илјадници културни работници. Наместо укинување на договорот што ги штити нивните права потребно е целосна негова спроведување и реализација. ВМРО-ОКГ треба да разбере дека Колективниот договор не е партиска придобивка. Тој е договор за работничките права. Доколку постојат правни недоречености, Владата има обврска да понуди законски решенија со кои ќе се гарантираат правата на вработените, а не да остане нем набљудувач додека се отвора можноста за нивно уназадување. СДСМ ги поддржува културните работници во секоја законска и синдикална форма на борба за заштита на нивните права. Културата не е партиски плен. Културните работници не се колатерална штета на политиките на оваа власт. Рацете подалеку од работничките права! Колективниот договор за култура мора да биде заштитен заради работниците! Прес конференција на СДСМ, Мирче Најдоски – Комисија за култура СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter