Хрватските навивачи остануваат во притвор во Атина, на убиецот му се заканува доживотен затвор - Канал 5

Хрватските навивачи остануваат во притвор во Атина, на убиецот му се заканува доживотен затвор

Јавното обвинителство на Грција поднесе обвинение против 104 уапсени за нередите што ноќта меѓу понеделникот и вторникот се случија во Атина.

Хрватските навивачи остануваат во притвор во Атина, на убиецот му се заканува доживотен затвор

Околу 150 хулигани кои дојдоа од Хрватска нападнаа триесетина приврзаници на АЕК и во таа прилика до смрт го избодеа 29-годишниот Михалис Качурис.

Обвинителството товари 104 уапсени лица, од кои повеќето се хрватски државјани, за четири кривични дела и седум прекршоци при крвавата пресметка во делот на Атина наречен Нова Филаделфија, каде што се наоѓа стадионот на АЕК.

Хрватските хулигани се обвинети за следните четири кривични дела:

- Убиство со умисла - Учество во криминална организација - Експлозии - Поседување експлозив

Освен тоа, Хрватите се обвинети за нарушување на мирот.

Судот во Солун неодамна им судеше на 12 навивачи на ПАОК за убиството на Алкис Кампанос, поддржувач на Арис. Седуммина се осудени на доживотен затвор за убиство од небрежност, додека петмина се осудени на по 20 години затвор.

Минатата година Грција ги зголеми максималните казни за учество во навивачки инциденти од шест месеци на пет години затвор.

Ова е лоша вест за хрватските хулигани. Судејќи според практиката на грчките судови, тие би можеле да добијат мерка притвор од еден месец, додека не се утврди кои точно се убијците на Михалис Кацурис.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Европската комисија утре попладне ќе го презентира предлог за реформи на процесот на проширување

Еврокомесарката за проширување – Марта Кос утре од Стразбур ќе го претстави прегледот на новите предпристапни политики на Унијата. 

Европската комисија утре попладне ќе го презентира предлог за реформи на процесот на проширување

Клучните предлози се однесуваат на ефективноста на процесот на проширување, но и промена во праксата на носење одлуки, што ја адресира и опасноста од т.н тројански коњи меѓу новите земји членки, посочува директорката на Институтот за европска политика – Симонида Кацарска.

Доколку земјите членки се согласат на принципот гласање со квалификувано мнозинство, тоа нема да донесе големи промени во оваа фаза на македонскиот евроинтегративен пат, но ќе има доколку се нарпраравт уставните измени и почне отворањето на кластерите – оценува Кацарска.

Дали земјите членки ќе го прифатат предлогот на Кос и дали тој ќе претрпи измени ќе се знае после стратешкиот состанок на Советот на ЕУ кон средината на месецов. Дополнително, утре од Кос се очекуваат и повеќе детали за патоказите за најуспешните земји кандидатки - Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

По неколку дена тактизирање, бугарското МНР попладнево соопшти дека го прифаќа барањето за средба Чамова-Муцунски

Ќе има можност за билатерална средба меѓу шефовите на дипломатиите Муцунски и Петрова Чамова на маргините на министерскиот состанок за Коридорот 8 кој ќе се одржи во Софија во четврток. 

По неколку дена тактизирање, бугарското МНР попладнево соопшти дека го прифаќа барањето за средба Чамова-Муцунски

По барањето за средба што ја иницираше македонската страна на предлог од шефицата на ЕК, Фон дер Лајен, бугарското МНР во изјава за бугарската државна агенција БТА остава отворена врата за ваква можност.

-На 8 октомври во Софија ќе се одржи меѓународна министерска конференција за Коридорот VIII, чиј домаќин ќе биде министерката за надворешни работи, Велислава Петрова. Во рамките на форумот, на кој ќе присуствува и министерот за надворешни работи на Македонија, Тимчо Муцунски, ќе има можност за одржување на билатерална средба, што е дел од редовниот дијалог меѓу двете земји, велат од бугарското МНР.

Премиерот Мицкоски денеска повтори дека барањето за средба е испратено по добиениот совет од Фон дер Лајен при посетата на Скопје, и ги отфрли тврдењата дека има незадоволство од пораките на шефицата на ЕК. Изјавата, вели, била погрешно протолкувана. Очекува во периодот што следи да се интензивира процесот и да се најде решение за актуелната ситуација во која се наоѓа државата.

-Јас тоа го слушнав од опозицијата и од одредени медиуми блиски до опозицијата. Мислам дека не само што не ја говорат вистината, туку и се обидуваат сега и да ја искривуваат вистината. Јас, напротив, кажав дека имавме исклучително квалитетен, содржаен, пријателски состанок и дека сето она коешто во иднина претставува посветеност лична и посветеност на Европската Унија, нѐ мотивира да продолжиме по патот на реформите и така и ќе продолжиме во периодот којшто следи. Јас само ќе кажам дека претседателката Фон дер Лајен, како никогаш досега, кажа дека оваа Влада прави инспиративна работа, еве да ја цитирам, за реформите и за сето она коешто е посветено на приклучување на државата кон EУ, изјави Мицкоски.

Според лидерот на СДСМ Венко Филипче, претседателката на ЕК јасно потврдила дека европскиот пат на Македонија не го загрозува ниту идентитетот, ниту јазикот, а власта, според него со манипулации ја држи државата во изолација и го кочи европскиот пат. Филипче кажа дека нема никави очекувања од евентуална среба меѓу министрите од двете страни.

-Што ќе прави Тимчо сега? Ќе клечи? Ќе витка кичма? Што ќе прави во Бугарија? Зошто треба да се оди во Бугарија кога ние имаме работа со Брисел на темата. Зошто сакаат да го билателаризираат прашањето кога не е така како што тие сакаат да го прикажат? Нека оди, тоа му е работа, прашањето е зошто не беше досега и што може да се очекува од таа средба? Јас ништо не очекувам. Затоа што се е изговор, овие луѓе не сакаат во ЕУ, изјави Филипче.

Муцунски и Петрова Чамова имаа една официјална средба во мај, годинава, на маргините на состанокот на НАТО во Шведска. Средбата се одржа во амбиент на затегнати билатерални односи и на иницијатива од македонскиот министер Муцунски, кратко по изјавите на Чамова во кои го употреби терминот „северномакедонски“, но таа заврши без позначаен напредок и без поместување на позициите.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Стопанската комора со законски предлог за кратење на празниците, ССМ се спротивставува

Работодавците бараат кратење на празниците – доколку државен празник е во недела, да не се префрлува славењето за следниот ден и понеделник да си остане работен.

Стопанската комора со законски предлог за кратење на празниците, ССМ се спротивставува

Покрај ова, стопанската комора до министерство за економија ќе предложи граѓаните да можат да избираат кои два верски празници ќе ги празнуваат, зависно од нивната вероисповед, додека за другите кои нема да ги изберат, ќе треба да се појават на работа. Од комората објаснуваат дека Македонија има голем број неработни денови што велат води до финансиска загуба кај компаниите.

Според анализата на комората направена на 36 европски економии, во најголем дел од нви бројот на државни празници се движи меѓу 11 и 14. Македонија е во тие рамки доколку се земат предвид само 11-те неработни денови, но се додадат и неработните денови за припадниците на православната вероисповед, бројот достигнува 16.

– Голем дел од празниците ги минуваме во странство и потрошувачката и приходите се насочуваат кон економии на други држави. Предлогот ќе е од сите овие празници кои не се однесуваат на сите, со договор за вработување при вработување лицето да определи кои од посочените празници ќе ги празнува. И така би се определиле, нашиот предлог ќе биде да се два дополнителни денови, со што вкупниот број на неработни денови би се свел индиректно на 13 неработни денови,- - изјави Анета Димовска, приватен менаџер во стопанска комора.

На ваквиот предлог, експресно реагираа од Сидникатот.. Претседтаелот на ССМ Трендафилов смета дека единствената цел на кратењето на празниците е да не им се плаќа на работниците дополнително за работа на празници..

– Размислувањето на работодавачите да скратат нешто што не плаќаат, а денеска работата на празник е 250 проценти дневница за работникот и тие да сакаат само да ги скратат овие 250 проценти на работниците не само што сметаме дека е несериозно, туку е и крајно навредувачки,- изјави Слободан Тренфафилов, претседател на ССНМ .

За граѓаните кои ги анкетиравме кратењето на празниците не е решение - велат дека треба да се подобри ефикасноста на работникот во текот на самите работни часови, а не тие квантитативно да се зголемуваат.

- Исто така сметам дека не е проблем денот на државните празници и верските празници тука мислам исто влегуваат, тоа не е проблем, туку поголем проблем е колку сме ефикасни за време на работниот ден од 8 саати. Сметам дека тука треба да се подобри и унапреди, а не да се дискутираат деновите коишто ги имаме како празник.

– Јас колку што сум информиран ние немаме нешто многу повеќе празници во однос на други држави – иаме по број горе-долу исто како и другите држави по број, е сега што сакаат да постигнат со тоа не ми е јасно – Од една страна зборуваме да се скрати работното време на 4 часа, дека сме многи продуктивни, а од друга страна сакаме да ги кратиме празниците, зошто ги кратиме, за да работиме повеќе?

Цела на комората со новиот предлог е да се намали бројот на неработни денови на 13. Предлогот на комората треба да биде испратен до Министерство за Економија, а последниот збор за евентуално кратење на празниците би го имале пратениците.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер