Хрватскиот премиер Пленковиќ има коронавирус

Премиерот на Хрватска,Андреј Пленковиќ има коронавирус.

„Следејќи ги препораките на епидемиолозите, премиерот Андреј Пленковиќ во понеделникот изврши повторен тест за присуство на коронавирус, а неговиот тест беше позитивен“, соопштил владиниот портпарол.

„Претседателот на Владата претходно доби епидемиолошка мерка за самоизолација и сега ќе биде во изолација од 10 дена. Тој во моментов се чувствува добро, а премиерот продолжува да ги извршува своите активности и одговорности од дома и ќе ги следи сите упатства од лекарите и епидемиолозите.’ се наведува во соопштението за медиумите.

За потсетување, Пленковиќ е во самоизолација од саботата, бидејќи неговата сопруга била позитивна откако и се појавиле симптоми. Неговиот прв наод бил негативен, па му била дадена мерка на самоизолација од 10 дена.

Денес премиерот претседавал со владина седница од самоизолација, на која биле донесени нови мерки за помош на претприемачите, како и нови мерки на границите и казни за кршење на мерките.

„Гответе со Дракче“ - Чаен колач

Во четврток (18.04.2024) во емисијата гостин ни беше Анета Љумаковска.

Состојки за денешниот рецепт:

3 јајца

2 банани

1 јаболко

1 лажиче мед

1 кесичка прашок за пециво

2 лажици интегрално брашно

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Австралија ги советува своите државјани да ги напуштат Израел и палестинските територии

Австралија побара од своите граѓани да го напуштат Израел, наведувајќи ја „големата закана од воени репресалии и терористички напади“.

„Ги повикуваме Австралијците и во Израел или во окупираните палестински територии да заминат ако е безбедно да го сторат тоа“, се вели во известувањето од Министерството за надворешни работи.

Владата на Австралија претходно им порача на граѓаните да избегнуваат патување во двете области доколку е можно и, доколку се загрижени, да заминат. /МИА

Остин разговарал со Галант пред извештаите за експлозии во Иран

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин разговараше во четвртокот со израелскиот министер за одбрана Јоав Галант за „регионалните закани и дестабилизирачките дејства на Иран на Блискиот Исток“, соопшти денеска Пентагон.

Повикот е остварен пред Израел, како што пренесуваат медиумите, да изврши напад на територијата на Иран, а во соопштението на Пентагон не се споменува дискусија за плановите на Израел за тој напад, јави Си-Ен-Ен. Неименуван висок американски функционер за Си-Ен-Ен изјави дека Израел во четвртокот ги известил САД дека во наредните денови ќе возврати на нападот на Иран извршен минатиот викенд и дека Вашингтон не ја поддржува таа акција на Тел Авив.

Тензиите меѓу Тел Авив и Техеран се зголемија по нападот на Иран врз Израел на 13 април, со повеќе од 300 беспилотни летала и проектили. Неименуван американски функционер претходно за Си-Ен-Ен изјави дека Израел утринава извршил напад на иранска територија, а иранската државна телевизија објави дека три беспилотни летала биле забележани над небото во Исфахан и биле уништени откако системот за противвоздушна одбрана на земјата бил активиран. /МИА

притисни ентер