ЖивотХрватски салон за убавина ги повика луѓето да испратат фотографии од задници на непознати жениСалонот за убавина од Загреб отвори наградна игра која предизвика бурни реакции на социјалните мрежи.Салонот, кој нуди услуги за вакуум третман за обликување на абдоменот и задникот, објави наградна игра во која ги повикуваат своите следбеници да им испратат фотографии од задникот на непознати жени од плажа на кои им е потребен нивниот третман. „Ги замолуваме поединците да не се лутат, наша цел не е никого да засрамиме, туку да ги мотивираме останатите, затоа сфатете го ова на спортски начин. Секако дека нема да се видат лица а авторите на фотографиите ќе останат познати само за нашата редакција“, објавија тие на Инстаграм, но нивната наградна игра предизвика бурни реакции во јавноста. Објавата е избришана по бројните негативни коментари, но беше забележана на страницата „Seksizam naš svagdašnji“. Јавен повик на центарот за разубавување за посрамотување, објективизација и малтретирање жени на јавно место“, стои во описот на објавата. „ Плажата е место каде што доаѓаме да се опуштиме, а не да станеме предмет на нечиј потсмев“, „Срамно“, „Грозно“, „Каква личност треба да бидеш за да смислиш ваква идеја“, се само дел од бројните коментари. View this post on Instagram A post shared by Seksizam naš svagdašnji (@seksizamnassvagdasnji) Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаШведска купува четири воени бродови од Франција за 3,5 милијарди евра Шведска потпиша договор со француската компанија „Навал груп“ за купување четири нови фрегати. Договорот беше склучен во Стокхолм на церемонија на која присуствуваа францускиот претседател Емануел Макрон и шведскиот премиер Улф Кристерсон, пишува Ројтерс. Набавка вредна четири милијарди долари Шведска ја објави својата намера да нарача бродови од францускиот производител уште во мај. Вредноста на договорот изнесува 3,5 милијарди евра, а инвестицијата ќе ги тројно зголеми капацитетите за воздушна одбрана на земјата со оглед на безбедносната ситуација во Балтичкото Море. Како најнова членка на НАТО, Шведска брзо ја зајакнува својата војска по руската инвазија на Украина. Првата од четирите нови фрегати треба да биде испорачана во 2030 година, а тие ќе бидат и најголемите бродови во шведската морнарица. Зајакнување на европската соработка Договорот доаѓа во време кога Франција и Шведска ја продлабочуваат својата одбранбена соработка. Двете земји се залагаат за поголема воена независност на Европа. Таквиот пристап е делумно мотивиран од сомнежите за посветеноста на американскиот претседател Доналд Трамп кон европската безбедност, поради што владите низ целиот континент ја преиспитуваат својата зависност од американското оружје и безбедносните гаранции.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски од Бледскиот форум: Европската интеграција треба да ги трансформира нашите институции, а не идентитетот 20:27Со сведочење на преживеаните, во Куманово продолжи процесот против осомничениот сериски убиец 15:00Продолжува судењето за серискиот убиец од кумановско Старо Нагоричане 12:05Штип остана без вода, исклучена филтер станицата поради преголема заматеност17:20Задутре стартува градскиот воз од Зелениково преку Драчево и Лисиче до Скопје08:45
Муцунски од Бледскиот форум: Европската интеграција треба да ги трансформира нашите институции, а не идентитетот 20:27
ЖивотГи снимала синовите на мост, кога наеднаш се појавил огромен алигатор (ВИДЕО)Видеото на Катарин Геј го привлече вниманието на корисниците на Фејсбук, прикажувајќи огромен алигатор како излегува од под мост кај езерото Гринфилд во Вилмингтон, Северна Каролина.Катарин ја опиша глетката што ја остави неа и нејзините млади синови во шок. Многу реакции од гледачите „Ова беше навистина нешто за гледање“, напиша таа на Фејсбук. Децата ловеле риба по брегот кога големиот алигатор излегол од под мостот и се упатил спротивно од течението. „За малку ќе добиеа срцев удар“, додаде таа. Видеото предизвика многу реакции од гледачите, кои беа запрепастени од големината на предаторот. „Сум видел поголеми во тоа езеро“ „Не сфатив дека се толку блиску и во областа Вилмингтон. Бидете внимателни. Би полудела ако видам еден“, напиша еден корисник. „Изгледа неверојатно. Мило ми е што момчињата не беа премногу блиску“, рече друг. „Немав поим дека има алигатори во Вилмингтон, а не еден како овој! Тоа нешто изгледа како да се храни со мали кучиња и деца“, напиша трет. „Видов поголеми во тоа езеро, но беа фатени и преместени“, додаде четвртиот.Тагови: алигатор мост Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаРеката Рајна се повлече и откри ужас- остатоци од стар Фијат и човечки коски (ФОТО)Нискиот водостој на реката Рајна во близина на Бон доведе до извлекување на остатоци од автомобил и човечки коски на површина, соопшти германската полиција, додавајќи дека е започната истрага за да се утврди дали станува збор за кривично дело.Остатоците на Фиат 126 ја открила речната противпожарна служба за време на патрола на почетокот на август, а остатоците од возилото биле извлечени од водата неколку недели подоцна, објавува Bildt.Duisburg. За време на овој процес, отпад и вода се излеале од возилото на брегот, а потоа покрај олупината биле откриени скелетни остатоци. Викнати се експерти за криминал и форензика за да истражат, но ќе мора да почекаат додека не се утврди дали може да се извлече ДНК од коските, поради што коските биле однесени во Институтот за судска медицина во Келн за понатамошно испитување. Сè уште не е јасно што се случило со Фиат 126, кој бил произведен помеѓу 1972 и 2000 година, каде што сега е неговиот сопственик и чии остатоци биле пронајдени, но полицијата во Бон ги истражува овие прашања, иако во моментов нема случај на исчезнато лице што би можело да се поврзе со возилото. „Во овој момент, не можеме да потврдиме дали во овој случај постојат елементи на кривично дело“, изјави портпаролот на полицијата во Бон.Тагови: Рајна Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter