ВМРО-ДПМНЕ: Нема потреба некој да ги посочи, СДС сами се препознаа дека е талог кој, како сидро, го влече народот во нихилизам и убивање на надежта
1ВМРО-ДПМНЕ: Нема потреба некој да ги посочи, СДС сами се препознаа дека е талог кој, како сидро, го влече народот во нихилизам и убивање на надежта
БалканХрватски пратеници бараат вонредна седница на Парламентот по четири убиства на жени за две неделиПратениците од левичарската опозициска партија „Можеме!“ објавија дека собираат потписи за свикување на вонредна седница на хрватскиот Парламент поради растечкиот број на случаи на фемициди, откако во последните две недели беа убиени четири жени.Според податоците на партијата, од почетокот на годината се регистрирани 19 убиства на жени, од кои 15 се класифицирани како фемицид. Вчера во Хрватска беше убиена уште една жена, 19-тата во оваа година, потсетува хрватската национална телевизија ХРТ. Таа беше убиена од маж за кого имало двоцифрен број пријави за семејно насилство, а семејството било под надзор на Центарот за социјална работа, кој го укинал надзорот, заклучувајќи дека состојбата во семејството е доволно добра. Ивана Кекин од „Можеме!“ изјави дека во последниот случај имало повеќекратни пријави за семејно насилство и интервенција на социјалните служби, што според неа укажува на системски институционален неуспех. Таа ги критикуваше властите за недостиг на конкретни активности и инсистираше на вонредна парламентарна дебата со учество на премиерот и надлежните министри. Доколку иницијативата не добие потребна поддршка, партијата ќе предложи формирање парламентарна анкетна комисија за анализа на случаите и механизмите за превенција, пренесе Хина. Во истиот контекст, пратеничката Марија Лугариќ нагласи дека фемицидот може да се спречи бидејќи често постојат јасни предупредувачки знаци. Таа истакна дека проблемот не е во недостатокот на законодавство, туку во неговата примена, и ги повика институциите доследно да ги користат достапните алатки за заштита на жените. Драженка Полович од „Можеме!“ ја поврза темата со пошироките општествени ставови, критикувајќи ги патријархалните модели и толерирањето на јавни изрази кои, според неа, ја поткопуваат рамноправноста и правата на жените.Тагови: фемицид Хрватска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Нема потреба некој да ги посочи, СДС сами се препознаа дека е талог кој, како сидро, го влече народот во нихилизам и убивање на надежтаНема потреба некој да ги посочи што се и кои се СДС.СДС на чело со Венко Филипче се самопрепозна дека е талогот кој, како сидро, го влече народот во нихилизам и убивање на надежта. Подолг временски период, во јавноста функционира општествен слој кој го труе народот со дефетизам, со приказни дека оваа држава нема да успее, дека единствен нешто што им останува на младите е иселувањето и секој државен успех се обидува да го релативизира. Тоа е многу јасна стратегија за во народот да се создаде чувство на несигурност, страв за иднината и со тоа да го уништат чувството на надеж кај граѓаните и сето тоа го прават луѓе кои секој викенд од летниот период се на јахти по морската шир. Згора на тоа што нивната грижа им е единствено да не си скратат од своите летни задоволства, додека уживаат на скапите јахти, се нудат и договараат да спроведат нови идентитетски отстапки и национални предавства. Секако, во замена, странски агентури да ги донесат на власт, како некогаш што го донесоа менторот на Филипче, Зоран Заев, без победа на избори. Разликата е тоа што сега се навреме разоткриени и за тоа јавно се зборува и граѓаните уште еднаш нема да дозволат национални предавства, во замена за некој да ужива во добриот живот и бенефициите кои ги нуди власта. Овој пат граѓаните имаат партнер и заедно со ВМРО-ДПМНЕ ќе се изборат и ќе ги спречат матните планови на овие коишто се препознаваат дека се талогот кој со сите сили се бори да ја убие надежта кај народот. Додека некој се крие и ужива и на овие тропски температури, се лади на луксузни јахти, ВМРО-ДПМНЕ останува со и меѓу народот и заеднички ќе ги победиме сите што се против државата. На Македонија местото и во европското семејство и тоа ќе го постигнеме на достоинствен начин, со реформи и исполнување на Копенхашките критериуми, не како што некој посакува со нови предавства, понижени и обезличени. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Додека Мицкоски со државен авион оди на екскурзија, народот со часови е блокиран на границаДодека Христијан Мицкоски со државниот авион (што веќе го гледа како приватен) оди на своите екскурзии, граѓаните со часови чекаат на граница, поради неговата политика на изолација на државата.И кај Стар Дојран е метеж, колоната е до „Св. Илија“. Ова е реалната слика на политиката што ја спроведува организираната криминална група ВМРО-ОКГ и Мицкоски. Половина од Владата има бугарски пасоши. Нивните семејства имаат бугарски пасоши. Имаат фирми во Бугарија. Имаат европски пасоши и посебен премин на граница. Тие си обезбедија Европа. На граѓаните им обезбедија блокада, изолација и часови чекање под сонце. Додека тие летаат, народот стои во колона. Ова е нивна политика. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветФнидек во вонредна состојба по мигрантската кризаПо масовниот наплив на мигранти кон шпанската енклава Сеута, состојбата во соседниот марокански град Фнидек останува крајно напната. Властите воведоа засилени безбедносни мерки, додека стотици луѓе и натаму се обидуваат да стигнат до Европа. Плажите во Фнидек се обезбедени со жичени огради и засилено полициско и воено присуство, со цел да се спречат нови обиди за нелегално преминување на границата со Сеута. Мигрантите кои се вратија од шпанската енклава сведочат за тешки услови, недостиг на храна и насилство, додека многумина и понатаму не се откажуваат од обидите да стигнат до Европа. Експертите оценуваат дека мигрантскиот бран е последица на влошените односи меѓу шпанија и мароко, поврзани со спорот за западна Сахара. Според проценките, во обидот за влез во сеута учествувале повеќе од 50 илјади луѓе. Во меѓувреме, Европската унија подготвува итен состанок на министрите за внатрешни работи, на кој ќе се разгледуваат натамошните чекори за справување со мигрантската криза и зајакнување на соработката со Мароко.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter