Хрватска стана членка на евро и Шенген зоната - Канал 5

Хрватска стана членка на евро и Шенген зоната

Со кревање на рампата и зелено светло за слободен премин на Бреган-Обрежје, Хрватска симболично на полноќ новата година ја започна како нова членка на Шенген зоната-

Хрватска стана членка на евро и Шенген зоната

Иако пред две години почетокот на годината за граѓаните на Хрватска беше стресен поради неизвесноста и стравот од нови земјотреси, кои со денови го тресеа тлото на повеќе региони таму, стартот на 2023та година ќе им биде запаметен по нешто поинакво. Со кревање на рампата и зелено светло за слободен премин на Бреган-Обрежје, Хрватска симболично на полноќ новата година ја започна како нова членка на Шенген зоната- најголемото подрачје за слободно движење во светот.

Фантастично, феноменално. Еве снимавме, да имаме за спомен.

Од каде доаѓате?

Од Загреб, одиме за Рим.

Денеска, на хрватско-словенечката граница беше и претседателката на Европската Комисија Урсула Фон Дер Лајен заедно со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и претседателката на Словенија Мусар. Оценија дека ова е ден за славење и нови почетоци.

-Нема повеќе проверки, нема повеќе пасошки контроли, нема знаци. Само луѓе кои непречено поминуваат, како што може да видиме зад нас. На туристите кои ја посетуваат Хрватска веќе нема да им е потребна посебна виза. Ќе можат да дојдат со истата шенген виза како што патуваат во сите останати земји од шенген зоната. Идните генерации Хрвати ќе пораснат во Шенген,- Урсула Фон Дер Лајен – претседателка на Европска Комисија.

-Ако постојат моменти кои може да ги наречеме историски и за кои ни е посебна чест, да ги посведочиме и да дадеме придонес во остварување на државните стратешки цели, тогаш тоа сигурно е денешниот ден. Овој први јануари 2023 е денот кога Хрватска ги оствари стратешките, државните, политичките цели-Андреј Пленковиќ – премиер на Хрватска.

Исто така, голема новина за Хрватска е и влезот во еврозоната, што значи дека нова валута таму официјално ќе биде еврото, а куните по 28 години се испраќаат во историјата.

Инаку, традиционално на овој ден се прават ротациите за претседавање со Европската Унија. Шведска од денеска ја презема улогата на Чешка, и ќе раководи со Советот на Европската Унија во следните шест месеци. Во фокусот на шведската Влада ќе бидат неколку приоритети, меѓу кои се продолжување на поддршката за Украина, безбедност, единство, конкурентност.. Во официјалните најави за проритетната листа на шведската Влада, засега проширувањето на унијата или конкретно земјите од Западен Балкан во кои е и Македонија, не се споменуваат.

Од друга страна, Македонија денеска го започнува претседавањето со ОБСЕ- најголемата светска безбедносна организација која опфаќа 57 држави од Европа, Северна Америка и Азија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Србија е уапсена градоначалничка на Вучиќ- пред два дена одбила да поднесе оставка

Полицијата во Србија ги уапси градоначалничката на Смедерево, Јасмина Војиновиќ, раководителката на градската администрација, Ивана Стаменковиќ, и директорот на општинското комунално претпријатие „Зеленило“ и гробиштата, Мирослав Илиќ.

Во Србија е уапсена градоначалничка на Вучиќ- пред два дена одбила да поднесе оставка

Полицијата во Србија ги уапси градоначалничката на Смедерево, Јасмина Војиновиќ, раководителката на градската администрација, Ивана Стаменковиќ, и директорот на општинското комунално претпријатие „Зеленило“ и гробиштата, Мирослав Илиќ, објави Индекс, а пренесува агенцијата Анадолу.

Сите тројца беа уапсени денес по наредба на Основното јавно обвинителство во Смедерево. Полицијата им нареди притвор до 48 часа, по што треба да бидат испрашани.

Неофицијално, апсењата се поврзани со градската депонија

Според неофицијални информации од локалните медиуми, апсењата се поврзани со проблемите на градската депонија.

Засега не е познато за кои кривични дела се осомничени, ниту што конкретно било спорно во работењето на депонијата.

Српските медиуми објавуваат дека апсењата се извршени по наредба на обвинителството, но подетално официјално објаснување за причината за апсењето сè уште не е објавено.

Која е уапсената градоначалничка?

Јасмина Војиновиќ (55) е членка на Српската напредна партија (СНС), предводена од Александар Вучиќ. Таа стана градоначалник на Смедерево во 2023 година, а претходно имаше неколку позиции во градската администрација.

Од март 2023 година, таа е претседател на градскиот одбор на СНС во Смедерево. Пред нејзината политичка кариера, работеше како наставничка во основно училиште.

По изборите, таа одби да поднесе оставка

Војиновиќ се најде во центарот на вниманието по парламентарните избори во Србија на 25 октомври, на кои СНС ја изгуби власта на државно ниво.

По изборите, група локални опозициски активисти влегоа во нејзината канцеларија и побараа нејзина оставка, тврдејќи дека по изборниот пораз на СНС, таа повеќе нема политички легитимитет.

Градоначалничката одби да поднесе оставка, а Вучиќ потоа јавно ја поддржа.

Денешното апсење досега е поврзано со проблемите околу градската депонија, а не со постизборните настани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нова драма во Краков: Маж пукал во полицијата, користел посебен пиштол

Денеска кратко по 13 часот, во близина на улицата Бежановска во Краков, маж пукал во полицајци, кои одговориле со предупредувачки истрели и го совладале напаѓачот. 

Нова драма во Краков: Маж пукал во полицијата, користел посебен пиштол

Во инцидентот нема повредени, јавува Радио Краков.

Како што објави полицијата во Краков, полицајците добиле пријава за маж кој се движел низ улицата Бежановска носејќи предмет што личел на огнено оружје.

За време на полициската интервенција, мажот почнал да пука кон полицајците. Тие одговориле со предупредувачки истрели, по што напаѓачот го фрлил предметот од кој пукал. Потоа полицајците го совладале и го уапсиле.

Осомничен е дека користел пиштол за стартување

Според првичните информации, уапсениот најверојатно користел пиштол за стартување, односно оружје што произведува звучен ефект на истрел. Сепак, полицијата нагласува дека точниот вид оружје ќе се утврди по детален преглед.

Во инцидентот нема повредени. Полициските екипи се уште се на местото на настанот и ги утврдуваат сите околности на пукањето.

Инцидентот се случил пет дена по терористичкиот напад

Инцидентот се случил само пет дена по терористичкиот напад во Краков, што дополнително ги зголеми загриженостите за безбедносната состојба во градот. Сепак, во моментов нема информации што укажуваат на поврзаност помеѓу двата настани.

Во терористичкиот напад што се случи на 7 ноември на Главниот плоштад во Краков, 24-годишен маж со автомобил влетал на плоштадот, а потоа почнал да пука кон минувачите.

Во нападот загинале шест лица, а 15 биле повредени. Напаѓачот потоа се обидел да избега, но бил ранет и уапсен по размена на оган со полицијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре променливо облачно со температура дури до 25 степени, заладување од сабота

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремени локални врнежи од дожд, информираат од УХМР. 

Утре променливо облачно со температура дури до 25 степени, заладување од сабота

МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА

12 Попова Шапка, 14 Зајчев Рид, Тетово, Крушево, 15 Лазарополе, 16 Струмица, Претор, 17 Велес, Скопје Петровец, Демир Капија, Гевгелија, 18 Охрид, Кавадарци, 19 Штип, 20 Виница, Берово, Прилеп, 21 Крива Паланка, Битола.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Времето денес беше променливо облачно со слаб до умерен, наместа повремено засилен, ветер од јужен правец. Во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Променливо облачно со сончеви периоди и со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец (наместа со брзина над 80 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 13, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 24 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Под влијание на серија од влажни бранови следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Утре ќе преовладува релативно топло време со температури кои ќе бидат значително над просекот за овој период од годината и ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец (наместа со брзина над 80 km/h). Од сабота поради продор на постудена воздушна маса од север температурите ќе бидат во опаѓање, особено во северните делови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер