Хрватска со убедлива победа избори полуфинале на ЕП во Полска - Канал 5

Хрватска со убедлива победа избори полуфинале на ЕП во Полска

Репрезентацијата на Хрватска направи вистинска сензација на ракометното Европско првенство откако во последниот натпревар од групата 1 синоќа во Краков ја совлада Полска со 37:23 и поради најдобрата гол разлика благодарение на високата победа избори пласман во полуфиналето.

Хрватска со убедлива победа избори полуфинале на ЕП во Полска
За влез во „четворката“ на Хрватска и беше потребна победа од 11 голови разлика, а избраниците на селекторот Жељко Бабиќ стигнаа до посакуваниот триумф за полуфиналето.

Мануел Штрлек со 11 голови беше најефикасен на натпреварот.

Во групата 2 со победата над Русија селекцијата на Шпанија го освои првото место и го искористи киксот на Данска. Шпанија и Германија имаат ист број бодови, но поради победата во меѓусебниот дуел Шпанија е првопласирана.

Резултати:

Група 1: Македонија - Белорусија 29:30, Франција - Норвешка 24:29, Полска - Хрватска 23:37.

Табела: Норвешка 9, Хрватска 6 (+6), Франција 6 (+2), Полска 6 (-8), Белорусија 2, Македонија 1.

Група 2: Шведска - Унгарија 22:14, Германија - Данска 25:23, Шпанија - Русија 25:23.

Група 2: Шпанија 8, Германија 8, Данска 7, Шведска 4, Русија 3, Унгарија 0.

Двојки за полуфинале (се игра утре):

Норвешка – Германија и
Хрватска - Шпанија.

Во Вроцлав исто така утре ќе се играат натпреварите за пласман: Полска – Шведска (за 7.место) и
Франција – Данска (за 5.место).

Македонија Европското првенство го завршува на 11.место со две нерешени средби и четири порази. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Седум загинати во хеликоптерска несреќа во Кенија

Седум лица, меѓу кои и пет државјани на САД, загинаа кога хеликоптер што превезувал туристи на сафари се урнал во оддалечен дел на северна Кенија.

Видео: Седум загинати во хеликоптерска несреќа во Кенија

Во леталото се наоѓале пилотот и шест патници, објави Си-Би-Ес (CBS). Хеликоптерот „Еурокоптер EC130 B4“ се урнал во 9:13 часот наутро додека летал од резерватот за диви животни „Лоисаба“ кон областа на реката Евасо Нџиро во округот Самбуру, соопшти Управата за цивилно воздухопловство на Кенија.

Несреќата се случи на непристапен терен во подножјето на планината Ололокве, а истрагата е во тек.

Меѓу загинатите беа Хозе Алберто Суарез, претседател и генерален директор на неколку телевизиски станици на „Телемундо“, како и познат угостител од Мајами.

Во несреќата загинаа и шефот на разузнавачката служба на Еквадор, Микеле Сенси-Контуџи, и неговата сопруга.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Презимето Модриќ повторно во Реал: Ема тргна по стапките на својот татко

Ќерката на најдобриот хрватски фудбалер Лука Модриќ, Ема ќе игра за Реал Мадрид.

Презимето Модриќ повторно во Реал: Ема тргна по стапките на својот татко

Презимето Модриќ повторно ќе биде присутно во Реал Мадрид. Овој пат не преку Лука, туку преку неговата 13-годишна ќерка Ема, која ќе го продолжи својот фудбалски развој во женската академија на мадридскиот гигант.

Ема пристигнува во Мадрид од Милано, каде што претходно постигна забележителен успех. Со својот тим таа ја освои титулата шампион на Италија во категоријата до 13 години, а до трофејот стигна по победата над градскиот ривал Интер во финалето на женскиот Куп „Гарино“, одиграно во април.

Иако Лука Модриќ минатата година стави крај на една долга ера во Реал, семејната поврзаност со клубот сега добива ново продолжение. Хрватскиот играч за врска помина 13 години на „Сантијаго Бернабеу“, од 2012 до 2025 година, и во тој период стана еден од најтрофејните играчи во историјата на клубот.

Со Реал Мадрид, Модриќ освои дури 28 трофеи, вклучувајќи шест титули во Лигата на шампионите и четири титули во шпанското првенство. Тој одигра 597 натпревари за мадридскиот клуб, постигнувајќи 43 гола и запишувајќи 95 асистенции.

Посебно место во неговата кариера зазема 2018 година, кога ја освои „Златната топка“ и ја прекина долгогодишната доминација на Лионел Меси и Кристијано Роналдо во изборот за најдобар фудбалер во светот.

Додека Лука ја продолжува кариерата во Италија, каде што го продолжи договорот со Милан, неговата ќерка ќе ги направи своите нови фудбалски чекори во Мадрид. Така, Ема ќе се обиде да изгради сопствен спортски пат, но првиот голем чекор ќе го направи во клубот во кој нејзиниот татко остави длабока трага.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Катастрофа во рудник за злато: Најмалку 100 загинати по уривање во Централноафриканската Република

 Најмалку 100 луѓе загинаа во одрон во рудникот за злато „Замбоје“ во западниот дел на Централноафриканската Република.

Катастрофа во рудник за злато: Најмалку 100 загинати по уривање во Централноафриканската Република

Најмалку 100 лица загинаа во одрон во рудникот за злато „Замбоје“ во западниот дел на Централноафриканската Република, во близина на границата со Камерун, соопштија денеска локалните власти.

Според првичните информации, одронот бил предизвикан од „уривање на неколку подземни тунели во кои работеле рударите“, соопштија од обвинителството во Бабуа, од каде што најавија и покренување судска истрага за причините за несреќата што се случи во вторникот, пренесува „Фигаро“.

Рудникот „Замбоје“ се наоѓа на околу 50 километри од градот Бабу, каде што биле пренесени голем број од повредените.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер