3ВМРО-ДПМНЕ: Филипче молчи за дипломатскиот преседан кој го направи Бугарија за да не си ги наруши личните релации со нив
3Близначките Матилда и Марија станаа хит- сите ја видоа нивната реакција на Светското првенство (ВИДЕО)
Други спортовиХрватска последен полуфиналист на Светското првенство во ватерполоВатерполистите на Хрватска синоќа обезбедија пласман во полуфиналето на Светското првенство во ватерполо во Будимпешта, откако во последното четвртфинале ја совладаа Италија со 12:9.Нивни противник во полуфиналето, кое се игра в четврток, ќе биде селекцијата на светскиот првак Србија, која оствари убедлива победа од 15:5 над Австралија. Во второто полуфинале ќе играат: Грција и домаќинот Унгарија. Грција ја победи Црна Гора со 12:7, а Унгарија беше подобра од Русија со 14:5. Вечерва се играат полуфиналните дуели кај жените: Русија и САД и Канада – Шпанија. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалСомнеж за „местенка“, Марез од Алжир „призна“ дека натпревар од Светското првенство бил наместен?! Најдобриот фудбалер на Алжир, Ријад Марез, се најде во центарот на скандал откако неговата изјава на крајот од натпреварот против Австрија ги разгоре сомнежите за договорот-,местенка.Мечот Алжир- Австрија по возбудливата завршница финишираше со реми од 3-3, што им гарантираше на Алжир и на Австрија место во осминафиналето на Светското првенство, но начинот на кој тоа беше постигнато предизвика бројни контроверзии. Натпреварот влезе во напната завршница откако Марез постигна гол во 93-тата минута за водство на Алжир од 3-2. Со тој резултат, Австрија ќе беше елиминирана од натпреварувањето, а Алжир ќе имаше исклучително неповолен ждреб во осминафиналето бидејќи ќе игра против Шпанија. Сепак, само три минути подоцна, во шестата минута од судиското продолжение, Австријците израмнија, а алжирската одбрана делуваше крајно пасивно. Сомнежите за регуларноста беа дополнително засилени откако се појавија видеа на кои се гледа како соиграчите на Марез се жалат и го критикуваат веднаш по постигнувањето на голот за 3:2. Наместо да ја смири ситуацијата, изјавата на Марез за медиумите практично ги потврди сомневањата дека постоел премолчен договор за резултат што им одговара на двата тима. „Ја раширивме играта, а тие се повлекуваа. Но, во последен момент некој ја турна топката низ средината. Морав да трчам, морам да го почитувам фудбалот. Знам дека е малку срамно, но вистина е. Топката дојде пред голманот и морав да шутирам, морав да се обидам да постигнам гол“, рече Марез, продолжувајќи со ист тон: „Знам дека беше срамно, но тоа е фудбалот. Морам да го почитувам. И добро е - добро за нив - што на крајот постигнаа гол и поминаа понатаму. И двата тима поминаа понатаму и тоа е најважното нешто.“Тагови: СП2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураВрачени највисоките фестивалски признанија на 65-тите Струшки вечери на поезијатаСо врачување на највисоките фестивалски признанија, „Златен венец“ и „Браќа Миладиновци“, и меѓународното поетско читање „Мостови“ вечерва на Мостот на поезијата во Струга заврши 65-тото издание на Струшките вечери на поезијата.Наградата „Златен венец“ на холандската поетеса Анеке Брасинга ѝ ја врачи в.д. директорот на НУМ Струшки вечери на поезијата, Никола Кукунеш. Претседателката на жири-комисијата за доделување на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2026 година, Наташа Аврамовска, ѝ ја додели наградата на Николина Андова Шопова за збирката „Во куќата“. Наградата се доделува за најдобра поетска книга на македонски јазик објавена меѓу две фестивалски изданија на Струшките вечери на поезијата. Во рамките на фестивалската програма, на Даниел Хајндс од Обединетото Кралство му беше врачена наградата „Мостови на Струга“, што УНЕСКО и Струшките вечери на поезијата ја доделуваат за најдобар поет-дебитант за стихозбирката „Нови познати фрази“. Наградата „Стојан Христов“ за 2026 година, која ја доделуваат Струшките вечери на поезијата и Агенцијата за иселеништво му беше доделена на Ибраим Џемаил – Скарабеус за книгата „Патешествие низ времиња“. Уметничкиот директор на Струшките вечери на поезијата, Мите Стефоски оцени дека овогодишното издание беше успешно реализирано со околу 50 настани, богата програма и учество на значајни домашни и странски автори. „Веројатно публиката тоа подобро ќе го оцени и сите оние кои присуствуваа на педесеттината настани кои беа дел од овогодишното издание на фестивалот. Несомнено е дека имавме успешен фестивал, ако се погледнат работите кои сме ги направиле во пресрет на изданието и кои беа реализирани. Од исклучителните творци кои ги поканивме оваа година и кои учествуваа, покрај лауреатката Анеке Брасинга, тука беше Даниел Хајнс, Михаел Кригер, Шји Чуан и шкотскиот национален поет Питер Мекеј...“, посочи Стефоски. Тој ја нагласи и континуираната соработка со 35 фестивали во Европа во рамките на платформата „Версополис“, преку која се промовираат поети кои се сметаат за значајни идни гласови на европската поетска сцена. Оваа година во рамки на програмата учествуваа Ален Бешиќ од Србија и Гаја Џованоли од Италија, со тројазични избори од нивното творештво. Враќањето на фестивалот во неговиот оригинален термин, според Стефоски, претставува позитивен чекор, кој не само што не го намалил квалитетот, туку придонел за подобра организација и за развој на дополнителни содржини. Тоа, подвлече,овозможува и понатамошно сообразување на фестивалот со современите културни текови и отворање кон нови модели на соработка со образовните институции, како универзитетите, основните и средните училишта, со цел развој на публика за книжевноста и за поезијата. На 65-тото издание на Струшките вечери на поезијата, учествуваа околу 70 поети од земјава и странство. Учесниците на фестивалот од Струга уште еднаш ја испратија пораката дека поезијата е универзален јазик без граници, кој ги обединува луѓето и народите од сите страни на светот. Манифестацијата почна во средата со традиционалното садење дрвце во Паркот на поезијата во чест на добитничката на „Златен венец“ и палење на фестивалскиот оган во Домот на поезијата. Струшките вечери на поезијата се одржуваат под покровителство на претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска Давкова, а финансирани се од Министерството за култура и туризам. Според фестивалската програма, во рамките на „Поезијата на пат“, утре „Поетско матине“ ќе се одржи во винарската визба „Тиквеш“ во Кавадарци.Тагови: Струшки вечери на поезијата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаИн мемориам: Почина режисерот Сашо Миленковски На 63-годишна возраст почина театарскиот режисер Сашо Миленковски.Роден во Битола во 1963 година, Миленковски зад себе остави богата театарска кариера во која режираше повеќе од 50 претстави, поставувајќи дела од автори како Шекспир, Молиер, Достоевски и Бекет. Неговиот опус се одликува со разновидност – од класични автори како Шекспир, Молиер, Достоевски и Бекет до современи драмски текстови. Особено значајно место во неговото творештво имаат поддршката и афирмацијата на современата македонска драма. Меѓу најзначајните негови режии се праизведбата на „Балканот не е мртов“ од Дејан Дуковски во Битолскиот народен театар (1992), која освои четири награди на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп и беше изведена на „Охридско лето“ и „Млад отворен театар“. Со оваа претстава, како и со „Буре барут“ поставена во Македонскиот народен театар во 1994 година, Миленковски даде значаен придонес во промоцијата на Дуковски, кој подоцна се етаблира како еден од најизведуваните македонски драмски автори во светот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook