ВМРО-ДПМНЕ-Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банка
1ВМРО-ДПМНЕ-Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банка
Легендарниот Арсен Венгер е кандидат за претседател на ФИФА, ќе ја нападне „фотелјата“ на Џани Инфантино
1Легендарниот Арсен Венгер е кандидат за претседател на ФИФА, ќе ја нападне „фотелјата“ на Џани Инфантино
БалканХрватска годинава вложува четири милиони евра во спортска инфраструктураВкупно четири милиони евра ќе вложи Хрватска во 2023 година во развој на спортската инфраструктура во земјата, соопштија денеска властите во Загреб.Инвестициите се дел од Националната програма за спорт 2019-2026, во рамки на која досега се вложени 8,2 милиони евра во изградба и реконструкција на спортски сали, кошаркарски и фудбалски игралишта, тениски терени, атлетски патеки и друго. „Обновата и изградбата на спортска инфраструктура е една од најважните стратешки цели на Владата на Хрватска“, соопшти Министерството за туризам и спорт во Загреб, објавувајќи го националниот Конкурс за кофинансирање за изградба, градежни зафати и опремување на спортски објекти во 2023. „Веруваме дека и оваа година на Конкурсот ќе се пријават низа квалитетни проекти кои ќе придонесат за што поголема и подобра достапност на спортот, како на нашите професионални спортисти, така и на граѓаните, а особено на децата и младите, во цела Хрватска“, изјави министерката за туризам и спорт Николина Брњац. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ-Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банкаСДС и Венко Филипче што со демагогии, лаги, манипулации и хистерија сакаат да предизвикаат страв и несигурност кај граѓаните, на македонската јавност им должат одговори за пропаста на Еуростабдард банка и за можноста за „перење“ пари.Филипче заедно со својот ментор Зоран Заев должат јасни, јавни и недвосмислени одговори дали знаеле за трансферот на 110 милиони евра сомнителни пари од Венецуела во Македонија и дали некој од тогашната власт имал каква било улога или влијание во реализацијата на овие трансакции? Станува збор за сериозни наводи за финансиски трансакции реализирани во 2019 година преку Еуростандард банка, во периодот кога Зоран Заев беше претседател на Владата, а Венко Филипче министер за здравство. Особено загрижува фактот што трансакциите биле поврзани и со земји како Русија, Белорусија и Србија, што отвора дополнителни прашања за потеклото на средствата, нивната намена и политичките и финансиски влијанија. Значи, каде се Филипче и Заев, таму има и руски, и белоруски и српски влијанија, а секогаш на штета на државните интереси. И поаѓајќи од себе, кај СДС и Филипче проработува Фројд и мислат дека сите како нив и постапуваат со задни намери, за лични интереси. Но, разликата е јасна и сите ја гледаат. Сега имаме одговорна власт која ги штити финансискиот систем, банките и граѓаните, а не власт како таа на СДС која банкротира банки и штедачите ги остава без своите пари. Има голема разлика, не сме сите исти. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПретседателката Сиљановска-Давкова ќе учествува на Самитот за климатски промени (COP31) во АнталијаПретседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска во Анталија, Република Турција ќе учествува на Лидерскиот самит во рамките на 31. Конференција на страните (COP31) на Конвенцијата на Обединетите Нации за климатски промени.Предвидено е претседателката да се обрати на првата пленарна сесија за шефови на држави и влади, како и на дијалогот на високо ниво, посветен на транзицијата кон чиста енергија и електрификацијата. Таа ќе оствари билатерални средби со дел од учесниците на самитот. Во состав на македонската делегација на COP31 се министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска.Тагови: Сиљановска - Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканВо полиција задржан романскиот возач на камионот по верижните судири на автопатот „ТракијаБугарската влада го прогласи 11 ноември за ден на национална жалост по вчерашната трагедија во која во верижен судир на автопатот „Тракија, загинаа 11 лица, а 51 лице се повредени.Романскиот возач на камионот, кој учествувал во еден од двата верижни судири на автопатот „Тракија“ во бугарија, е задржан во полиција.Тој веќе бил сослушан, а се очекува повторно да даде исказ во текот на денот.Засега не е утврдено како се движел камионот непосредно пред несреќата. Според првичните информации, видливоста на автопатот нагло се намалила.Полицијата проверува дали камионот се движел со мала брзина или се вклучувал од споредна лента.Во двата верижни судири, во близина на клучката Зимница, учествувале вкупно 86 возила.Во правец кон Бургас се судриле 63 возила, а кон Софија уште 23. Бугарските истражни органи најавија дополнителни вештачења за утврдување на причините за несреќата .Тагови: Бугарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСобранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57