1Таравари: Дали ќе има предвремени избори ќе зависи од тоа дали власта ќе ги направи уставните измени
3Собранието е домаќин на 25. мешовит парламентарен Комитет ЕУ – Македонија, се обрати и европратеникот Вајц
3Претседателот на Наполи најави стадион со капацитет од 70.000 гледачи и упати остри критики кон ФИФА и УЕФА
БалканХрватска го одбележува Денот на државностаХрватска денеска го одбележува Денот на државноста, по повод 30 мај 1990 година, кога во Загреб беше конституиран првиот демократски, повеќепартиски парламент – Сабор. Овој настан се смета за историски момент со кој симболично почна процесот на создавање независна и демократска држава. На тој ден, на плоштадот Свети Марко, за прв пат се собраа пратениците избрани на слободни, повеќепартиски избори, на кои победи Хрватската демократска заедница (ХДЗ). Конституирањето на Саборот отвори ново поглавје во националната историја. На првата седница беше избрано раководството на Саборот – Жарко Домљан стана претседател, а за потпретседатели беа именувани Ивица Перцан, Стјепан Сулиманац и Владимир Шекс. За претседател на Извршниот совет на Саборот беше избран Стјепан Месиќ, а дотогашната функција претседател на Претседателството на СР Хрватска ја презеде Фрањо Туѓман. - Не се сомневав дека народот ќе ја покаже својата зрелост на изборите. Сигурен сум дека ќе знае да изгради живот достоен на слободните луѓе во својата единствена, напатена, но света татковина, рече тогаш Туѓман на конститутивната седница на првиот демократски, повеќепартиски хрватски Сабор, одржана во зградата на Саборот на плоштадот Свети Марко во Загреб, потсетуваат денеска загрепските медиуми. Првиот повеќепартиски Сабор имаше 351 пратеник во три совети – општински, на здружен труд и општествено-политички совет. И покрај предизвиците и воените околности што следеа, тој состав донесе низа клучни одлуки: раскинување на државно-правните врски со поранешна СФРЈ, прогласување на хрватскиот суверенитет и самостојност и донесување на т.н. Божиќен устав кон крајот на 1990 година. Денот на државноста првично се одбележуваше на 30 мај – од 1991 до 2001 година, како датум кога симболично почна процесот на создавање демократска и самостојна држава. Меѓутоа, во 2001 година, со измена на законот во мандатот на владата на Ивица Рачан, беше преместен на 25 јуни, со цел да се одбележува одлуката на Хрватскиот сабор од 1991 година за прогласување независност и раскинување на сите врски со поранешна СФРЈ. Од 2020 година, на предлог на Владата на Андреј Пленковиќ, Денот на државноста повторно е вратен на 30 мај, со што Владата сакаше да ја врати симболиката на почетокот на демократијата во Хрватска, односно почетокот на повеќепартискиот парламентаризам. Претседателот на Републиката, Зоран Милановиќ, изминатите години не учествуваше на одбележувањето на Денот на државноста на 30 мај, со објаснување дека ХДЗ произволно го прогласил тој датум за Ден на државноста. Премиерот Андреј Пленковиќ претходните денови рече дека Милановиќ ниту оваа година нема да учествува во одбележувањето на Денот на државноста, јави Хина.Тагови: Хрватска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаТаравари: Дали ќе има предвремени избори ќе зависи од тоа дали власта ќе ги направи уставните измениГо поздравуваме тоа што го слушаме од премиерот Мицкоски дека е подготвен за вклучување на трета страна како посредник во дијалогот со Бугарија.Го поздравуваме тоа што го слушаме од премиерот Мицкоски дека е подготвен за вклучување на трета страна како посредник во дијалогот со Бугарија, но до сега губевме драгоцено оцени претседателот на Алијанса, Арбен Таравари во вечерашното гостување во Само Интервју. Според него, дали ќе има превремени избори ќе зависи од тоа дали власта ќе ги направи уставните измени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПочина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00ОЈО ГОК во тек е акција под кодно име „Филтер 2“10:24Продолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36
Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00
МакедонијаПремиерот Мицкоски утре ќе се обрати пред Генералното собрание на ОНПремиерот Христијан Мицкоски утре ќе се обрати пред Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк... Според објавената агенда, тој ќе зборува деветти по ред за време на утринската сесија која почнува во 15 часот по македонско време.. Паралелно македонската делегација предводена од него, ја продолжува посетата со низа билатерални средби со европски и регионални претставници.. Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на одбележувањето на 25-годишнината од терористичките напади врз Њујорк на 11 септември 2001 година.. Одбележувањето го предводеше генералниот секретар на НАТО Марк Руте, а присуствуваа претставници на земјите сојузнички на САД, кои по нападите се повикаа и на членот на заедничка одбрана на НАТО членките, во знак на солидарност со САД.. „Америка останува најголемата светска сила. Но, Америка не мора да го носи товарот самата. Сојузниците на Америка се со неа. Никој не смее да се сомнева во нашата решителност.“, изјави Руте во обраќањето на Меморијалниот музеј на местото каде што некогаш стоеа кулите близначки на Светскиот трговски центар.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСобранието е домаќин на 25. мешовит парламентарен Комитет ЕУ – Македонија, се обрати и европратеникот ВајцВо Собранието денеска започна дводневниот 25. состанок на мешовитиот парламентарен Комитет ЕУ – Македонија.. Освен македонски пратеници, во рамки на сесијата се обрати и евроамбасадорот Михалис Рокас, во име на Европската Комисија, ирскиот амбасадор во земјава, Брендан Вард, во име на ирското претседателство со Советот на ЕУ.. Говор одржа и известувачот за Македонија во Европскиот Парламент, Томас Вајц, кој рече дека владеењето на правото и борбата против корупцијата останува клучно за напредокот на која било земја, а повика Македонија да се посвети на реформската агенда.. И во Австрија има големи случаи на корупција, но разликата е во тоа што многу богати луѓе лежат затвор, рече Вајц.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter