Хрватска: 76 починати, 1975 нови случаи на корона - Канал 5

Хрватска: 76 починати, 1975 нови случаи на корона

Во Хрватска во последните 24 часа се регистрирани 1975 новозаболени од ковид-19, а починале 76 лица, соопшти Националниот штаб на цивилна заштита. Направени биле 9191 тест на корона вирус.

Хрватска: 76 починати, 1975 нови случаи на корона

Во моментов во Хрватска има 18627 активни случаи на корона. На болничко лекување се 2976 пациенти, од кои 290 се приклучени на респиратор.

Од почетокот на пандемијата во Хрватска од последиците предизвикани од вирусот корона починале 3177 лица, а заболени се 194962 граѓани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нов скандал во НБА – хеликоптерот на Леброн под лупа на јавноста!

Луксузните летови на Леброн Џејмс од Њујорк до Филаделфија предизвикаа сомнеж, човекот што ја разоткри големата афера повторно истражува!

Нов скандал во НБА – хеликоптерот на Леброн под лупа на јавноста!

Еден од најдобрите светски кошаркари во историјата, „големиот“ Леброн Џејмс користи хеликоптер на „Фанатикс“ (Fanatics) за патување меѓу Њујорк и Филаделфија, а трошоците се покриени со договор за спонзорство потпишан во јануари 2024 година.

Овој договор предизвика огромно внимание од познатиот новинар Пабло Торе, чие претходно истражување ја потресе НБА-лигата и доведе до изрекување казни за тимот на Лос Анџелес Клиперс.

Приватен хеликоптер, договор за спонзорство и сомневања за заобиколување на ограничувањето на платите!

Леброн Џејмс се најде во центарот на нова контроверзија во НБА, откако се дозна дека ја користел авио-услугата на компанијата „Фанатикс“ (Fanatics) за патување меѓу Њујорк и Филаделфија.

Сега се поставува прашање што би можело да предизвика нова бура во американската кошарка: дали луксузниот превоз на Леброн е само дел од договорот за спонзорство, или постои причина НБА подетално да го истражи овој аранжман? Ова лето, легендарниот кошаркар пристигна во Филаделфија, каде што потпиша двегодишен договор со „Севентисиксерс“ (76ers) вреден околу осум милиони долари.

Посебно внимание привлече одлуката на Леброн да не се пресели во овој град. Наместо тоа, „Кралот“ одлучи да живее во Њујорк, од каде што патува на тренинзи и на натпревари со хеликоптер.

И тука започнува приказната што го привлече вниманието на американските медиуми. Џејмс има на располагање хеликоптер на компанијата „Фанатикс“ (Fanatics), а трошоците за превоз се покриени со неговиот спонзорски договор со оваа компанија.

Според порталот „Фронт офис спортс“ (Front Office Sports), леталото направило дури 12 повратни летови меѓу Њујорк и Филаделфија во текот на една недела!

Колку е скап овој начин на патување најдобро покажува податокот дека цената на чартер-лет со хеликоптер меѓу овие два града се проценува на 6.000 до 9.000 долари во еден правец, според „TMZ Sports“.

Летот трае приближно 30 до 45 минути, додека патувањето со автомобил може да одземе од час и половина до два часа, во зависност од сообраќајот.

За Џејмс, кој на 41-годишна возраст е една од најголемите ѕвезди во светската кошарка, овој вид транспорт значи повеќе време за одмор и за обврски надвор од теренот. Сепак, кога ќе се дознае дека трошоците не ги покрива директно играчот, туку компанијата со која тој има повеќегодишен комерцијален договор, се поставуваат прашања за вистинската вредност на поволностите што тој ги добива.

Претставникот на Џејмс потврди дека пристапот до корпоративната авијација е дел од договорот со „Fanatics“, потпишан уште во јануари 2024 година, додека кошаркарот настапуваше за „Лос Анџелес Лејкерс“.

Според тоа, врз основа на досега објавените информации, станува збор за аранжман што постоел пред неговото доаѓање во Филаделфија, а не за поволност што директно му ја понудил новиот клуб.

Прашањето за вредноста на таквите поволности и нивната усогласеност со правилата на НБА беше она што го привлече вниманието на Пабло Торе.

Истражувачкиот новинар, чиј подкаст ги разоткри финансиските врски во случајот меѓу Каваи Ленард и „Клиперс“, на 13 октомври потврди дека неговиот тим внимателно ја следи приказната поврзана со хеликоптерот на Џејмс.

На настанот „Front Office Sports Tuned In“, Торе откри дека сопствениците на НБА-клубовите стапуваат во контакт со него, испраќајќи му пораки во врска со овој аранжман и прашувајќи го што всушност се случува. Ова дополнително го поттикна интересот за случајот. Сепак, Торе сè уште нема објавено конечни заклучоци, ниту пак потврдил дека сигурно ќе следи посебен серијал истражувачки прилози за Џејмс.

Во НБА постојат строги правила што ги спречуваат клубовите да им обезбедуваат скриени дополнителни надоместоци на играчите со цел да се заобиколи ограничувањето на платите.

Оттука, се поставува прашањето дали погодностите што произлегуваат од големата пазарна вредност – а кои играчот ги ужива додека настапува за одреден клуб – можат да доведат до слични дилеми.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ново кинеско електрично возило пристигнува во Европа: Дали „Volkswagen“ и „Renault“ имаат причина за загриженост?

„Leapmotor B03“ пристигнува на почетокот на 2027 година. Што нуди овој електричен автомобил, кој цели кон европските фаворити?

Ново кинеско електрично возило пристигнува во Европа: Дали „Volkswagen“ и „Renault“ имаат причина за загриженост?

„Leapmotor B03“ е нов електричен хечбек што треба да се појави на европскиот пазар во 2027 година.

Со досег до 389 километри, мотор со 194 КС и очекувана цена од околу 25.000 евра, овој модел е наменет за купувачите на „Volkswagen ID.“ „Polo“ и „Renault 5“.

„B03“ е европската верзија на моделот што во Кина се продава како „B05“. На домашниот (кинески) пазар, цената започнува под 7.500 евра, а возилото е достапно со систем за помош на возачот базиран на „LiDAR“ технологија.

Европската верзија нема да ја содржи таа технологија, а цената ќе биде значително повисока.

Новиот модел е позициониран над помалиот „Leapmotor T03“ и под кросоверот „B03X“.

„Leapmotor“ е делумно во сопственост на групацијата „Stellantis“.

Одлични перформанси и брзо полнење

Го придвижува електромотор со 194 КС (143 kW), кој овозможува забрзување од 0 до 100 км/ч за 7,6 секунди.

Батеријата од 53 kWh обезбедува деклариран „WLTP“ досег од 389 километри.

Максималната моќност на полнење со еднонасочна струја (DC) изнесува 133 kW, што овозможува полнење на батеријата од 10% до 80% капацитет за 21 минута. Ова би можело да го направи „B03“ интересен избор за купувачите кои ги ценат перформансите и практичноста, како и цената.

Багажникот е поголем од оној на „Renault 5“, иако конкурентот од „Volkswagen“ нуди уште повеќе простор.

Сепак, „Leapmotor“ има една практична предност: предното совозачко седиште може целосно да се преклопи, што го олеснува транспортот на подолги предмети. Исто така, постои простор за складирање под подот, погоден за мокри или калливи обувки и облека.

Богата опременост, но ненаметлив дизајн

И надворешноста и внатрешноста на моделот „B03“ се одликуваат со прилично едноставен дизајн. Во кабината доминираат централен екран на допир со дијагонала од 14,6 инчи и дигитална инструмент-табла од 8,8 инчи.

Многу од функциите се управуваат преку гласовни команди, додека бројот на физички прекинувачи е сведен на минимум.

Стандардната опрема вклучува автоматски LED-предни светла, електрично склопливи ретровизори, греење на возачкото седиште со електрично подесување во шест насоки, топлинска пумпа и „V2L“-функционалност за напојување на надворешни уреди.

Се очекува продажбата во Европа да започне во 2027 година, а предвидената цена од околу 25.000 евра ќе го позиционира „B03“ како алтернатива на електричните модели од етаблирани европски производители.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: Првичниот план за лекување во Бугарија на Ива Михаилова бил на Филипче и Заев, за да му се оддолжат на Радев?

Се повеќе е евидентна тезата која веќе подолго време ја говориме во јавноста, дека Филипче и Заев се уценети од бугарските власти и Румен Радев.

Манасиевски: Првичниот план за лекување во Бугарија на Ива Михаилова бил на Филипче и Заев, за да му се оддолжат на Радев?

Директно го прашуваме Венко Филипче, дали е точна информацијата, дека токму тој во соработка со Заев, имаат ветено на блиски соработници на Румен Радев, дека се способни да изготват медицински извештај за Ива Михаилова, во кој јасно ќе стои дека нејзиното понатамошно лекување нема да може да се спроведува во Македонија, туку во соседна Бугарија? Единствената цел на овој процес е директна штета на Македонија и ново омаловажување и потценување на интегритетот на македонскиот народ.

Имено, за осомничената Ива Михаилова, која инаку е осомничена во кривично-правен настан, за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, криминалниот другар и доктор на Филипче и Заев, Иван Барбов, изготвил извештај на ден 19.03.2026 година, во кој јасно се наведува дека нејзиното понатамошно лекување мора да продолжи во соседна Бугарија.

Почитувани граѓани,

Потегот на бугарските власти кои на високо ниво ја пречекаа или пак ќе ја пречекаат во следните денови, Ива Михаилова, беше осудено од страна на македонските надлежни институции, но и од голем дел од политичките партии, само СДС и Филипче во ниту еден момент не ја спомнаа ниту Бугарија, ниту бугарските власти.

На граѓаните веќе им е јасно дека СДС и Филипче одработуваат за источниот сосед, но дека ќе отидат толку далеку, искрено и ние не очекувавме.

Ги повикуваме надлежните органи да го истражат овој случај.

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер