Хрватска: 70 починати и 4084 нови случаи на Ковид-19

Во последните 24 часа во Хрватска се забележани 4084 нови случаи на заразени со коронавирус од 10.662 тестирани, со тоа бројот на активни случаи во таа земја е 24.495.

Меѓу нив 2514 пациенти се на болничко лекување, од тоа на респиратор се 259 пациенти.

Од последиците на вирусот починале 70 лица.

Од 25 февруари 2020 кга е забележан првиот случај на заразата во Хрватска, вкупно се забележани 147.454 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 2102 починале, вкупно се излекувале 120.857, од тоа 3709 во последните 24 часа.

Мицотакис: Во изборот на претседател потребно е да се создаде национално единство

Она што сега е важно е да се финализираат соодветните процедури за избор на нов претседател и, и покрај приговорите што може да постојат да се создаде, националното единство со реализам и вистина.

Она што сега е важно е да се финализираат соодветните процедури за избор на нов претседател и, и покрај приговорите што може да постојат да се создаде, националното единство со реализам и вистина и ќе се стремам ова да го сторам како лидер на Нова демократија, очекувајќи го ставот и на останатите партии, порача грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на почетокот на средбата со претседателката во заминување Катерина Сакеларопулу, јави дописничката на МИА од Атина.

Станува збор за прва средба на Мицотакис и Сакеларопулу откако грчкиот премиер соопшти дека Константинос Тасулас е владиниот предлог за претседател на државата, а актуелната шефица на државата не доби можност за втор мандат.

Мицотакис посочи дека денешната средба е „посебна и различна од вообичаените“, ѝ се заблагодари на Сакеларопулу „за одличната соработка во овие пет години“.

-Историјата пишува дека сте првата жена претседател во историјата на Грција и верувам дека на институцијата ѝ ги дадовте вашите исклучителни карактеристики со тоа што го отворивте Претседателството на државата за грчкото општество, ставајќи голем акцент на општествените прашања, на културата, на уметноста, рече Мицотакис.

Паралелно го повтори ставот дека за време на следните уставни измени во 2026 година, ќе предложат претседателот или претседателката на државата да има еден, шестгодишен мандат.

Сакеларопулу им се заблагодари и на Мицотакис и на Парламентот за, како што рече укажаната чест и доверба во неа, кога пред пет години беше избрана за претседателка.

- Институционалната комуникација меѓу државните фактори и информирањето е многу важна во демократијата, за оваа цел беа и нашите месечни средби. На денешната меѓународна сцена, нашата ера има многу предизвици и ризици кои ги надминуваат границите на нашата татковина, а ова ја прави неопходна подготвеноста на целиот политички систем, со најголем можен консензус за доброто на земјата, порача грчката претседателка.

Мицотакис и Сакеларопулу првично беше најавено дека ќе се сретнат минатата среда во рамките на нивните редовни месечни средби, меѓутоа еден час пред средбата, од Премиерската палата информираа дека средбата се одложува за следните денови и соопштија дека Мицотакис ќе упати порака до граѓаните, во која соопшти дека владиниот предлог за следен претседател на државата е собранискиот спикер Косатнтинос Тасулас.

Претседателот во Грција го одбира Парламентот, а процедурите ќе започнат в сабота на 25 јануари со првото гласање.

Британскиот тинејџер ја призна вината за убиството на трите девојчиња во Саутпорт

 Британски тинејџер денеска се изјасни за виновен за убиство на три девојчиња во северна Англија во јули, злосторство што ја згрози нацијата и предизвика неколкудневни немири.

Аксел Рудакубана (18) го промени своето признание во невин и се изјасни за виновен на првиот ден од судењето во Ливерпул.

Тој призна дека ги избодел Беби Кинг (6), Елси Дот Стенкомб (7) и Алис Дасилва Агиар (9), кои биле на час по танц на тема Тејлор Свифт во Саутпорт.

Во нападот беа повредени уште десет лица, меѓу кои осум деца.

Рудакубана се изјасни за виновен по десет точки од обвинението за обид за убиство, како и за производство на смртоносниот отров рицин и поседување на прирачник за обука на Ал Каеда.

Пресудата се очекува в четврток.

Тренерот на Порто доби отказ по само шест месеци на позицијата

Порто го отпушти тренерот Витор Бруно, објави португалскиот клуб по двата порази од Национал и Жил Висенте, а двократниот освојувач на Лигата на шампионите е трет во табелата во локалната лига по 18 натпревари.

Бруно беше назначен во јуни 2024 година, потпишувајќи двегодишен договор, кога го замени Серхио Консеиао, кој си замина по седум сезони во кои освои 11 титули, вклучувајќи три титули во португалската лига.

Односот на Бруно со играчите се влоши откако Порто испадна од Лига купот по поразот од Спортинг со 1-0 во полуфиналето, а играчот од средниот ред, Пепе го критикуваше тренерот на социјалните мрежи.

Порто, една од 32-те екипи кои се квалификуваа за проширеното Светско клупско првенство во 2025 година, што ќе се одржи во САД од 15 јуни до 13 јули, ќе се соочи со Олимпијакос во четврток во натпревар од Лигата на Европа.

притисни ентер