Хрватот Ивица Обрван од денеска е нов селектор на нашата машка ракометна репрезентација - Канал 5

Хрватот Ивица Обрван од денеска е нов селектор на нашата машка ракометна репрезентација

Хрватот Ивица Обрван единствениот странец кој беше пријавен на конкурсот на РФМ за селектор на нашата машка ракометна репрезентација ја доби довербата на Управниот одбор и од денеска е избран за предводник на машката ракометна репрезентација на Македонија.

Хрватот Ивица Обрван  од денеска е нов селектор на нашата машка ракометна репрезентација


Покрај Обрван на конкурсот за селектор на најдобриот национален тим беа пријавени и нашите тренери Ристо Магдинчев, Илија Темелковски и Владимир Глигоров.

Пред новиот селектор на црвено жолтите е голем предизвик со нашиот национален тим Обрван ќе се обиде да обезбеди пласман на ЕП во Данска во 2014 година.

Инаку Хрватот Ивица Обрван како предлог на тричлената комисија за избор на селектор едногласно беше прифатен од УО на РФМ.

По изборот на Обрван за селектор Гордана Нацева која беше еден од трите членови во комисијата за избор на селектор изјави:

По прегледувањето на сите кандидатури, едногласен став на комисијата е функцијата селектор да му биде понудена на Ивица Обрван. Познато е дека новиот селектор ќе се најде пред огромен предизвик за да обезбеди учество на ЕП 2014, но веруваме дека шансите за такво нешто не се загубени.

Ивица Обрван денеска на прес конференција ќе биде промовиран како селектор на нашата најдобар репрезентација.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се урна мост во Романија; Сообраќајот веднаш прекинат

Мост над реката Тротуш во романскиот округ Бакау претрпе сериозни оштетувања во средата наутро, откако преку него помина тешко возило.

Се урна мост во Романија; Сообраќајот веднаш прекинат

Сообраќајот на државниот пат што ги поврзува Бакау и Меркуреа Чук е прекинат, а возачите се пренасочуваат кон алтернативни правци.

Инцидентот се случи во селото Чобануш, во општина Асау. Според информациите од надлежните служби, мостот над реката Тротуш попуштил откако преку него поминало тешко возило кое немало дозвола за движење на таа делница, пренесува „Телеграф“. „Пожарникари од Бакау беа повикани да интервенираат во селото Чобануш, во општина Асау, по инцидент во кој беше оштетен железен мост.

Немаше повредени лица“, соопштија во средата наутро од Инспекторатот за вонредни ситуации (ISU) на округот Бакау. Сообраќајот е запрен, а возачите се пренасочуваат кон алтернативни правци.

„За справување со ситуацијата, одредена е заобиколница за возилата. Во моментов, сообраќајот во областа го регулираат полициски службеници. Тимот за техничка поддршка ќе излезе на терен за да ја процени состојбата и да ги утврди потребните мерки“, соопштија од ISU Бакау.

Како што е наведено, состојбата ќе биде разгледана од Окружниот комитет за вонредни ситуации, кој е свикан за да се утврдат мерките потребни за воспоставување на сообраќајот и нормализирање на работата. Во погодената област е упатено возило на брза помош. Надлежните органи исто така презедоа мерки за да се осигури дека нема да дојде до доцнење на медицинските интервенции во областите погодени од прекините во сообраќајот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Државен завод за ревизија: Недоволно пари и луѓе, како и слабата дигитализација кај Државниот пазарен инспекторат

Низа неправилности и слабости во работењето на Државниот пазарен инспекторат утврдил Државниот завод за ревизија.

Државен завод за ревизија: Недоволно пари и луѓе, како и слабата дигитализација кај Државниот пазарен инспекторат

Недоволен број инспектори, нецелосна дигитализација и неизвесност околу контролите на безбедноста на производите се дел од забелешките.државниот пазарен инспекторат во 2024 година спровел 28.263 инспекциски надзори.од нив, 21.108 биле редовни, 5.106 вонредни, а 2.049 контролни надзори.надзорите ги спроведувале 148 инспектори, од вкупно 313 систематизирани работни места..

Изразено е неповолно мислење за финансиските извештаи за 2024 година. Утврдено е дека апликацијата „е-инспектор“ не е целосно ставена во употреба.

Не е воспоставена ниту единствена електронска база со методологија за проценка на ризик. Во периодот од 2022 до 2025 година, од пазарот биле повлечени 40 производи по лабораториски испитувања.

Ревизорите предупредуваат дека неизвесно е продолжувањето на овие контроли по завршувањето на проектното финансирање. Констатирани се и недостатоци во финансиската и материјалната евиденција.Ревизијата препорачува зајакнување на човечките ресурси, дигитализација и подобрување на инспекцискиот надзор.

Се препорачува и обезбедување услови за безбедно чување на одземените предмети.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нова порака до Иран од Брисел: „Престанете со нападите, отворете го Ормуз“

 Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, во средата изјави дека го повикал Иран да ја обнови соработката со Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).

Нова порака до Иран од Брисел: „Престанете со нападите, отворете го Ормуз“

Кошта изјави дека разговарал со иранскиот претседател Масуд Пезешкијан и притоа го повикал Техеран да ја обнови соработката со ИАЕА. Претседателот на Европскиот совет исто така го повика Иран да ги запре нападите врз соседните земји и целосно да ја воспостави слободата на пловидба низ Ормускиот Теснец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер