Хрватот Филип Хрговиќ стана светски шампион во тешка категорија (ВИДЕО) - Канал 5

Хрватот Филип Хрговиќ стана светски шампион во тешка категорија (ВИДЕО)

Филип Хрговиќ (21-1) е новиот светски шампион во тешка категорија на IBF. 

Хрватот Филип Хрговиќ стана светски шампион во тешка категорија (ВИДЕО)

Во драматична борба во лондонската О2 арена, тој го победи локалниот боксер Мозес Итаума (14-1) со технички нокаут во деветтата рунда откако корнерот на Итаума го фрли пешкирот во рингот. Хрговиќ стигна до титулата по голем пресврт бидејќи преживеа рано нокаутирање и доминација на британскиот борец во поголемиот дел од натпреварот.

Напната атмосфера пред борбата

Последните денови пред натпреварот беа обележани со тензии. На официјалното мерење во петокот, по размена на навреди, Мозес Итаума го турна Хрговиќ од сцената. Хрватскиот боксер веднаш стана, се врати и го плесна 21-годишниот Британец со отворена дланка, што предизвика хаос.

На конфронтацијата еден ден претходно, откако позираше, Хрговиќ се сврте кон публиката и извика: „И нов... Од Загреб, Хрватска!“, т.е. „И нов шампион... од Загреб, Хрватска“, на што дел од англиските навивачи немаа никаков одговор.

Тежок почеток и пресвртница за историјата

Филип Хрговиќ прв влезе во рингот, со песната „Гени камени“ од Марко Перковиќ Томпсон. Сепак, борбата започна исклучително тешко за него. Брзиот и експлозивниот Итаума го отвори мечот фантастично, доминирајќи во првата рунда и прецизно удирајќи го Хрговиќ.

Веќе на почетокот на втората рунда, Британецот го собори Хрговиќ со десна рака, а судијата Хауард Фостер, познат по некои контроверзни одлуки во својата кариера, го изброи. Хрватскиот боксер успеа да се собере и да продолжи, но Итаума ја задржа контролата.

Дури во третата рунда Хрговиќ ја презеде иницијативата и почна да удира директни удари, а рундата ја заврши со силна десна рака. Сепак, Итаума ја врати доминацијата во четвртата рунда и продолжи да нанесува штета. Петтата и шестата рунда донесоа поотворена борба, при што двајцата борци досегнуваа и задаваа тешки удари. Стана очигледно дека издржливоста на Хрговиќ го држеше мечот отворен, додека Итаума влезе во седмата рунда за прв пат во својата кариера и покажа знаци на замор.

И покрај тоа што беше уморен, Итаума ја врати целосната контрола во осмата рунда и го нападна Хрговиќ со серија удари. Се чинеше дека хрватскиот борец е сериозно потресен, но тој издржа сè и успеа да се бори во последните секунди од рундата.

Деветтата рунда донесе целосен пресврт. Уште од самиот почеток, Хрговиќ тргна агресивно против Британецот, свесен дека мора да бара нокаут. Со моќна серија удари, го принуди Итаума да се нафрли на јажињата и продолжи да го напаѓа сè додека британскиот агол не фрли пешкир во рингот како знак на предавање, а судијата Фостер ја прекина борбата. Филип Хрговиќ така стана новиот светски шампион во тешка категорија на IBF.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Серена Вилијамс изненади во најсекси фустанот досега

Најтрофејната светска тенисерка во историјата, Американката Серена Вилијамс не престанува да ја изненадува јавноста со своите смели и необични појавувања за неа.

Фото: Серена Вилијамс изненади во најсекси фустанот досега

Откако се повлече од спортот, славната тенисерка му се посвети на семејството и децата, но и на значајни настани во светот на модата. Често ја гледаме на разни настани и не е тајна дека таа привлекува внимание со својата послаба фигура.

Неодамна таа присуствуваше на свечена вечера во Лос Анџелес, а за таа пригода го облече најпровокативниот и најпопуларниот дезен оваа сезона. Станува збор за животински принт, во овој случај леопард-дезен, кој совршено го истакна нејзиниот секси изглед.

Како што можете да забележите, за оваа пригода Серена одбра фустан со нагласен струк, кој ја следи линијата на телото и ја истакнува нејзината витка фигура, а е дело на британската дизајнерка Клио Пепијат.

Фустанот има и длабок шлиц на бутот, кој додава „зачин“ на ова секси издание, како и длабоко деколте кое едвај ги задржуваше градите на место.

Серена го заокружи своето сензуално издание со ненаметливи додатоци, но и со брановидна фризура. Може да се заклучи дека поранешната тенисерка „доминираше“ на овој настан.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Никол Кидман предизвика коментари: Фотошоп или вештачка интелигенција?

Холивудската ѕвезда, актерката Никол Кидман се појави на насловната страница на австралиското издание на „Вог“ (Vogue), што предизвика дебата на социјалните мрежи за тоа дали е користена вештачка интелигенција при уредувањето на фотографиите.

Никол Кидман предизвика коментари: Фотошоп или вештачка интелигенција?

Познатата холивудска ѕвезда позира во многу младешки комбинации и изгледа неверојатно младо – иако има 59 години – поради што многу корисници на интернет заклучија дека вештачката интелигенција можеби имала удел во тоа.

Никол е прикажана во црн костим за капење од „Шанел“, фармерки со низок струк од истиот бренд, елегантен фустан, како и комплет што се состои од капа и горен дел, меѓу другите изданија.

Во преден план се нејзините извајани стомачни мускули, косата со „ефект на влажен изглед“ и младешкото лице, а секоја од комбинациите зрачи со гламур.

Нејасно е дали сликите се обработени во „Фотошоп“ или се создадени со помош на вештачка интелигенција, како што шпекулираат корисниците на социјалните мрежи.

Многумина се согласуваат дека „таа изгледа како да има 35 години“ и дека нејзината облека во „тинејџерски стил“ не е соодветна за нејзината возраст, пренесува „Superžena“.

„Ја обожавам Никол, но овие фотографии се толку очигледно обработени во ’Фотошоп‘ што е смешно“, како и „Телото ѝ е одлично, но облеката повеќе му прилега на тинејџер“, гласеа некои од коментарите – додека други беа воодушевени од фотографиите, фалејќи го изгледот на актерката: „Педесет и девет! Изгледа неверојатно!“, „Фантастична е!“ и „Само продолжете да ѝ завидувате“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски: Нова авиолинија Скопје – Тиват, од мај директно од Скопје до црногорското приморје

Македонија и Црна Гора ја продлабочуваат соработката, а првиот конкретен резултат од договорените активности е воспоставувањето директна авионска линија меѓу Скопје и Тиват, која ќе започне да оперира од 1 мај следната година со два лета неделно.

Николоски: Нова авиолинија Скопје – Тиват, од мај директно од Скопје до црногорското приморје

Ова го најави заменик претседателот на Владата, Александар Николоски, по денешната билатерална средба со заменик претседателот на Владата на Црна Гора, Филип Ивановиќ.

Николоски посочи дека станува збор за реализација на договореното при неговата претходна посета на Подгорица, нагласувајќи дека новото авиоповрзување ќе има значење за зголемување на размената меѓу двете држави.

-Денеска заедно со потпретседателот на Владата на Црна Гора договоривме и веќе станува реалност директна авионска линија од Тиват до Скопје. Истата ќе оперира два пати неделно, ќе стартува од 1 мај и се надевам дека сериозно ќе придонесе не само за зголемување на бројот на патници и размената помеѓу двете држави, туку и за развојот на туризмот и бизнисот, истакна Николоски. Дополнителнопланираме во текот на следната година да организираме еден бизнис форум, кадешто ќе можат да се запознаат компаниите од двете држави и заеднички да зборуваат за нови можности, во делот на стопаска соработкa”-истакна Николоски.

Тој нагласи дека со црногорската влада се преговара и за воведување на линија Скопје -Подгорица и Тиват-Охрид. Како значајна тема на денешните разговори беше посочено и инфраструктурното поврзување, особено можностите што ги отвора изградбата на автопатот Скопје – Блаце за регионалната транспортна и економска комуникација.

“ Македонија на крајот на август месец почна да го гради автопатот Скопје-Блаце, којшто значи директно поврзување со Црна Гора, и значи отварање на Македонија кон трето пристаниште, тоа е пристаништето во Бар. Имајќи предвид дека имаме добро поврзување со пристаништето во Солун, градиме поврзување со пристаништето во Драч, со изградбата на овој автопат ќе имаме добро поврзување и со пристаништето во Бар, и на тој начин го правиме она што е најдобро за државата, а тоа е како држава која не излегува на море, да имаме излез на најмалку 3 пристаништа, рече вицепремиерот Александар Николоски.

На билатералната средба бeше потврдена и одличната политичка соработка меѓу двете држави, потенцириајќи ја можноста за унапредување на односите во сите области. Вицепремиерот Николоски упати честитки за реформските процеси што ги спроведува Црна Гора и за постигнатиот напредок на нејзиниот европски пат, истакнувајќи дека членството на Црна Гора во Унијата би претставувало значаен поттик не само за земјата, туку и за целиот регион и процесот на проширување на Европската Унија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер