Почина 83 годишен пациент со повеќе хронични заболувања каде беше констатиран вирусот на западно-нилска треска
2Почина 83 годишен пациент со повеќе хронични заболувања каде беше констатиран вирусот на западно-нилска треска
3Здружение на оштетени штедачи на ЕСБ: Еуростандард банка, шест години подоцна: дали обвинението конечно ќе ја отвори вистината?
МакедонијаХристијаните го слават ВелигденХристијанските верници го слават најголемиот празник Велигден. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, како и во другите христијански цркви во земјава. Традиционално, централната литургија беше во Соборниот храм, а со неа чиноначалствуваше поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан. Таму е Сандра Спасовска. Сандра, очекувано храмот и ноќеска на полноќ, а и утринава беше полн со верници. Христос Воскресе, навистина воскресе – поглаварот на МПЦ, Г.г. Стефан Најсреќната вест за христовото воскресение, надежта дека смртта со смрт е победена им даде надеж на верниците за подобар живот и среќа. Оваа година Велигден е посебен. И католците и православните верници заедно го прославија најголемиот христијански празник. Од рано утрината по биењето на камбаните верниците заминаа во црквите. Свештенците во белите одажди ги читаа посланијата. Централната литургија традиционално беше во во Соборниот храм, а со неа чиноначалствуваше поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан.. Се спомнаа и тешките поминати денови и за жртвите кои ја завија Македонија во црно. Трагедија во Кочани која го сплоти народот и ја покажа големината на оние кои помогнаа во несреќата. Велигден е празник кој ги собира фамилиите. Родителите со топлина ги чекаат своите чеда на гозба. На трпезата се е најубаво подготвено, а со цревените јајца ги чекаат нивните најблиски. Христијаните се поздравуваат со Христос Воскресна до Спасовден во надеж и мир дека ќе имаат среќно Лето Господво. Во видеото погледнете го целиот извештај. Тагови: Велигден Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАвгустовски испитен рок за матура денеска и во петок, полагањето ќе биде во четири градови08:41Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00На 11 август пред 34 години Македонија ги доби знамето и химната „Денес над Македонија“08:38Живата од термометрите останува „заглавена“ на 40 степен15:0825 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34
Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Силно светна ден во Битола, но му се стемни на талогот Филипче и ЖерновскиНародот вели: една фотографија –илјада зборови.А овие фотографии покажуваат илјадници граѓани кои масовно дадоа поддршка на манифестацијата за прослава на независноста во Битола, насловена „Силно светнал ден“. Токму против тој народ работи талогот – Филипче, Жерновски и Заев. Наспроти опструкциите, понижувањата, навредите и критиките од талогот во СДС, народот во огромно мнозинство ја поддржа прославата на независноста во Битола. Така, уште еднаш, народот го порази талогот кој оркестрирано ја опструираше прославата. Филипче доби уште една порака од народот. Ова не е прослава ниту на СДС, ниту на ВМРО-ДПМНЕ. Оваа прослава им припаѓа на граѓаните. А народот ја испрати својата порака. Пораката е во продолжение – на фотографиите. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПочина 83 годишен пациент со повеќе хронични заболувања каде беше констатиран вирусот на западно-нилска трескаПочина 83 годишен пациент со повеќе хронични заболувања каде беше констатиран вирусот на западно нилска треска потврдија за Канал 5 од Клиниката за инфектологија.Денеска министерството за здравство ќе има информација за болните и за евентуално ново заразени со вирусот. Особено внимание се препорачува кај повозрасните лица и оние со хронични заболувања, кои имаат поголем ризик од потешка форма на болеста.во последните 15 години во Македонија биле регистрирани пет смртни случаи поврзани со западно-нилската треска.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалБарселона подготвува втора понуда за најдобриот фудбалер од Мундијалот, РодриКаталонскиот гигант Барселона се подготвува да ги засили напорите за ангажирање на играчот од средниот ред на Манчестер Сити, најдобриот фудбалер од Мундијалот, Родри, и подготвува втора понуда. Актуелните шпански шампиони се надеваат дека ќе го обезбедат потписот на освојувачот на Светското првенство во наредните денови. Новата понуда на Барселона изнесува 60 милиони евра, а на Родри му преостанува уште една година од договорот со Манчестер Сити.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook