Христијан Мицкоски во „Само Интервју“ - Канал 5

Христијан Мицкоски во „Само Интервју“

Дами и господа, утре  во Само Интервју ќе гостува Премиерот Христијан Мицкоски.

Христијан Мицкоски во „Само Интервју“

На вистински пат или сред европска раскрсница, што ни донесе засилената дипломатска активност и каде е Македонија во „новото нормално“?

Може ли стратешкото партнертво со САД, да биде алтернатива на членството во ЕУ? Колку е реално Трамп да ја притисне Бугарија да ја промени „плочата“ кон Македонија?

Кој се’ се офајдил од контроверзни тендери за државни институции, а кој се „грижел“ криминалот да не го види светлото на денот? Интерпелациите успешни, оставките во лер -започнатите реформи во правосудството, исчекор напред или два назад?

4 спрема 1 или 2,5 спрема 1 – кој наесен ќе се смее, а кој непријатно ќе се изненади? Има ли власта одговор на дестабилизирачките закани од Ахмети за локалните избори?

Утре кај Гоце Михајлоски гостува премиeрот Христијан Мицкоски, веднаш по вестите...

О. Ѓорче П: Јавен оглас за финансиска поддршка на спортски клубови, здруженија и спортисти

Јавен оглас за финансиска поддршка на спортски клубови, здруженија и спортисти за 2025 година во Општина Ѓорче Петров.

О. Ѓорче П: Јавен оглас за финансиска поддршка на спортски клубови, здруженија и спортисти

Општина Ѓорче Петров објави јавен оглас за распределба на финансиски средства за поддршка на спортски клубови, здруженија, спортисти и спортски манифестации за 2025 година.

Право на учество имаат сите спортски субјекти и организатори на спортски настани со седиште или активност на територија на Општина Ѓорче Петров, како и оние чии проекти ќе се реализираат на нејзиното подрачје.

Краен рок за аплицирање е 29 мај 2025 година, а пријавите се доставуваат по пошта или лично во архивата на oпштина, секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот. Пликот треба да биде без идентификациски ознаки и со назнака „не отворај – за Комисијата за распределба на буџетски средства за спорт“.

Кандидатите треба да достават комплетна документација, вклучувајќи пријава, програма за работа, потврди, финансиски извештај и докази за регистрирана дејност, согласно со типот на апликантот (клуб, спортист, манифестација).

Одлуката за избор ќе биде објавена на веб-страницата на Општина Ѓорче Петров (www.opstinagpetrov.gov.mk) најдоцна 15 дена по истекот на рокот за пријавување. Избраните корисници потпишуваат договор со општината, по што следи исплата на 50% од средствата. Останатите средства се исплаќаат по доставување на финансиски извештај.

За повеќе информации и преземање на пријавата, апелираме заинтересираните да ја посетат официјалната веб-страница на

Општина Ѓорче Петров

Халанд ја опиша сезоната на Сити како „ужасна“

Достигнувањето до трето последователно финале на ФА Купот и евентуалното квалификување за Лигата на шампионите не е доволно за најдобриот стрелец на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, кој ја опиша сезоната како „ужасна“.

Халанд ја опиша сезоната на Сити како „ужасна“

Норвежанецот, кој го продолжи договорот со Сити до 2034 година, за Би-Би-Си Спорт изјави дека играчите не се доволно добри.

-Добра традиција е да се игра на „Вембли“ за важни трофеи. Имаме финале на ФА Купот, кое треба да го играме по ужасната сезона, што кажува сè. Кога ја освојуваш титулата четири пати по ред, а не ја освојуваш петтата, тоа не е успешна сезона. Тоа се стандардите што си ги поставивме самите на себе. Не бевме доволно добри, но сепак се надеваме дека ќе се квалификуваме за Лигата на шампионите, изјави тој.

Сити ќе игра против Кристал Палас во финалето во сабота и е четврти во лигата, два бода пред петтопласираниот Челси.

-Не бевме доволно стабилни, секако имаше повреди во текот на сезоната. Но, не бараме изговори. Секој од нас не беше доволно добар и не бевме на свое ниво, а кога е тоа случај, не се добиваат натпреварите бидејќи првенството е многу тешко, сигурен е тој.

Норвешкиот репрезентативец постигна 21 гол во текот на сезоната, но исто така беше надвор од терените еден месец поради повреда на глуждот во март.

Трамп: Мој приоритет е да се стави крај на конфликтите

 Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска за време на посетата на најголемата американска воена база на Блискиот Исток, која се наоѓа во Катар, изјави дека негов приоритет е „прекин на конфликтите, а не нивно започнување“.

Трамп: Мој приоритет е да се стави крај на конфликтите

„Како претседател, мој приоритет е да се стави крај на конфликтите, а не нивно започнување. Но, нема да се двоумам да распоредам американски сили доколку е потребно за да ги заштитам САД и нашите партнери“, рече тој пред американските сили во Катар, една од земјите кои ги посети во рамки на неговата турнеја низ Блискиот Исток.

Трамп, исто така, рече дека непријателствата меѓу Индија и Пакистан се решени и ги повика двете земји да се фокусираат на трговијата наместо на војната.

„Двете страни се задоволни од развојот на настаните, додаде Трамп.

притисни ентер