ЖивотХрабар рибар улови огромен крап од 54 килограмиРиболовец од Оклахома постави државен рекорд, можеби дури и светски рекорд, ловејќи огромен крап тежок повеќе од 50 килограми. Рибарот воедно „го спасил“ езерото од еколошка катастрофа, бидејќи крапот бил полн со милиони икри, и неговото мрестење ќе предизвикало еколошка катастрофа на езорото пренесуѕваат локалните медиуми. „Тоа беше најмоќната риба што некогаш сум ја уловил“, рекол рибарот Брајан Бејкер, опишувајќи го неверојатниот улов на езерото Грејт Чироки во Оклахома. Бејкер наведува дека забележал „езерско чудовиште“ на сонарот на неговиот брод. Набрзо сфатил дека тоа не е обичен улов. - Веднаш знаев дека тоа е нешто поразлично од она што некогаш сум го фатил. Беше нереално. Имав чувство дека конецот се фатил за кола што се движи и јас се обидував да ја забавам. Тоа е речиси невозможно - вели рибарот. Бејкер мораше да го брка крапот со чамецот за да го спречи кинењето на конецот, битката траела околу десетина минути по што Големоглавниот крап е инвазивен вид од Азија кој ги пустоши северноамериканските води. Крапот што го уловил рибарот Бејкер тежел нешто помалку од 54 килограми, колку што просечно тежи едно 14-годишно момче. Со ловењето на овој гигантски крап капиталец Бејкер го соборил и државниот рекорд од 2005 година, кога бил иуловен крап тежок „само“ 41 килограм. - Врз основа на сите истражувања, верувам дека ова е светски рекорд кога станува збор за крупниот крап. „Ова е најголемата слатководна риба што сум ја видел“, вели професорот по ихтиологија на Универзитетот Мисури, Квинтон Фелпс. Врз основа на тежината на јајниците, експертите процениле дека рибата е стара околу 40 години и може да биде бремена со милиони јајца. Фелпс сугерираше дека уловот спречил да се родат најмалку 11.000 нови крапови. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМалолетна девојка од Охрид пријавена за исчезната – семејството бара помошСемејството на малолетната Кристина од Охрид поминува низ тешки моменти, откако девојката е пријавена за исчезната.Малолетната Кристина од Охрид е пријавена за исчезната, информираат нејзините блиски. Според информациите, таа последен пат контактирала со семејството вчера околу 16:00 часот. При излегувањето од дома била облечена во црна маица и широки фармерки. Случајот е пријавен во полиција, а семејството упатува апел до сите граѓани кои можеби ја забележале Кристина или имаат каква било информација за нејзиното движење, да помогнат. Информациите може да се пријават на 075/238-015 и 075/238-017, или во најблиската полициска станица. Секој детал може да биде важен. Извор/Фото: Охрид пресКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалЧави е нов селектор на ХоландијаЛегендата на светскиот фудбал, екс стратегот на Барселона, Чави Ернандез е назначен за нов селектор на Холандија.Шпанскиот стручњак Чави Ернандез е новиот селектор на Холандија, соопшти денеска Фудбалскиот сојуз на Холандија. Како што беше објавено, 46-годишниот Шпанец го наследи Роналд Куман и потпиша четиригодишен договор со раководството на холандскиот сојуз. Чави ќе дебитира на клупата на „Лалињата“ на 24 септември против Германија во Лигата на нации, а во истото натпреварување, само три дена подоцна, ќе гостува во Белград против Србија. Шпанецот е првиот странски селектор на Холандија по 1978 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиШестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00Прогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел12:31Августовски испитен рок за матура денеска и во петок, полагањето ќе биде во четири градови08:41
Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00
БизарноЧовек 12 години барал богатство на депонија: Фрлил нешто што денес вреди 510 милиони долариНекаде под отпадот на депонијата Доксвеј во Њупорт, Џејмс Хауелс верува дека сè уште се наоѓа хард-дискот на кој има приватни клучеви за биткоин-паричникот до кој не може да пристапи уште од 2013 година.Со години, овој компјутерски инженер се обидувал својата претпоставка да ја претвори во конкретна акција и да организира ископување на депонијата. Предлагал приходот да биде поделен, барал инвеститори, развивал планови кои вклучувале и вештачка интелигенција, а на крајот завршил и на суд. Откако и тие обиди пропаднале, се обидел со уште нешто – да го купи делот од депонијата за кој верува дека се наоѓа хард-дискот. Физичката потрага сега е завршена. Хауелс во 2025 година соопштил дека повеќе не се обидува да ја купи депонијата, да организира ископување или да преговара со Градскиот совет на Њупорт. Сепак, тој инсистирал дека не се откажал од самите биткоини, туку вниманието го насочил кон крипто-проектот наречен Ceiniog. Тоа и понатаму е најновиот развој на оваа приказна во 2026 година. Хард-дискот фрлен во 2013 година ја започнал 12-годишната борба Проблемот на Џејмс Хауелс започнал во 2013 година, додека ги расчистувал своите работи. Тогаш хард-дискот со податоците потребни за пристап до неговите биткоини по грешка бил фрлен и завршил на депонија во Њупорт. Првите извештаи зборувале за 7.500 биткоини. Би-Би-Си во ноември 2013 година објавил дека Хауелс ископал 7.500 биткоини и дека хард-дискот уште тогаш вредел милиони фунти. Подоцнежните извештаи, вклучително и текстовите за неговите планови за пронаоѓање на дискот и судскиот спор, најчесто ја користеле бројката од 8.000 биткоини. Промените на цената на биткоинот постојано ја менувале проценетата вредност на недостапното богатство. „Гардијан“ во 2021 година проценил дека неговото богатство тогаш вредело околу 127 милиони фунти, додека подоцнежните извештаи зборувале за суми поголеми за стотици милиони. Според цената на биткоинот од околу 63.804 долари на 12 август 2026 година, 8.000 биткоини би вределе приближно 510 милиони долари. Станува збор за моменталната пазарна вредност, а не за фиксна сума што може да му се припише на изгубениот хард-диск. Хауелс се сврте кон технологијата и судовите Хауелс со години се обидувал да го убеди Градскиот совет на Њупорт да му дозволи контролирана потрага на депонијата. Би-Би-Си во прилог од 2021 година го документирал еден од неговите предлози, во период кога вредноста на биткоинот нагло растела. Неговите подоцнежни планови станувале сè посложени, вклучувајќи и употреба на вештачка интелигенција за пронаоѓање на хард-дискот меѓу илјадници тони отпад. Градскиот совет на Њупорт се спротивставил на ископувањето, повикувајќи се на еколошки и регулаторни проблеми. Хауелс на крајот решил спорот да го изнесе пред суд и да побара пристап до локацијата. Тој правен пат практично бил затворен во јануари 2025 година. Судијата Кејсер КЦ го отфрлил неговото барање, заклучувајќи дека тој „нема реални изгледи за успех“. Судот го прифатил аргументот на Градскиот совет дека хард-дискот е во негова сопственост и дека Хауелс нема право да го преземе. Подоцнежната жалба била одбиена во март 2025 година. Купувањето на депонијата станало последен план за спас на биткоините Поразот на суд не го прекинал веднаш обидот на Хауелс да дојде до хард-дискот. Во февруари 2025 година тој изјавил дека размислува да ја купи самата депонија, откако Градскиот совет на Њупорт објавил планови за нејзино затворање. Според него, за таа можност разговарал и со инвестициски партнери. До јули Хауелс соопштил дека поднел официјална понуда за купување на дел од локацијата за кој верува дека на него се наоѓа хард-дискот. Сепак, ниту тој предлог не довел до ископување. Во август 2025 година Хауелс јасно ставил крај на физичката потрага. „Повеќе не се обидувам да ја купам депонијата, повеќе не се обидувам да организирам ископување или санација и повеќе не се обидувам да разговарам со советот или неговите претставници“, изјавил тој за „The Block“. Оваа разлика била важна. Хауелс нагласил дека извештаите дека едноставно „се откажал“ не се целосни. Тој се откажал од обидот физички да го пронајде хард-дискот, но не и од своето барање во врска со биткоините што се наоѓаат на него. Ceiniog наместо депонијата станал неговиот нов потег Хауелс потоа се свртел кон проектот „Ceiniog Coin“, чија цел е да го токенизира она што тој го опишува како свое законско сопствеништво врз недостапните 8.000 биткоини. За „The Block“ во август 2025 година изјавил дека планира да создаде токен заснован на биткоин и поврзан со изгубеното богатство. Тогаш проектот го опишал како промена на насоката, а не како крај на неговите напори поврзани со биткоините. Во меѓувреме се појавила уште една интересна епизода. Компанијата за забава Lebul во 2025 година ги откупила правата за екранизација на приказната на Хауелс, под наслов „The Buried Bitcoin“, со што неговиот случај се проширил и на планирана документарна серија и други медиумски проекти. На тоа му претходела најава на компаниите„ Lightbox“ и BBC за документирање на неговата потрага. До јули 2026 година, извештаите и понатаму наведувале дека потрагата на депонијата е завршена, додека „Ceiniog“ станал новиот правец на Хауелс. Хард-дискот никогаш не бил пронајден. А 8.000 биткоини, чија вредност според тогашната пазарна цена би била околу 510 милиони долари, и понатаму остануваат недостапни. Извор: БизПортал Фото: Bakhrom Tursunov/PixabayТагови: богатство депонија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиШестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00Прогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел12:31Августовски испитен рок за матура денеска и во петок, полагањето ќе биде во четири градови08:41
Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00