3Ѓорѓиевски: Против комарци се прска со истите средства како и претходно, ги одобриле и сзо и Венко Филипче како министер
ЖивотХотел за длабок сон- направен е на 419 метри под земјата и не е за сечиј џеп (ВИДЕО)Сакате да патувате до центарот на Земјата? Тогаш Deep Sleep Hotel во Северен Велс е вистинското место.Се наоѓа во напуштен рудник на 419 метри под површината на Земјата. Сепак, мора да имате на ум дека патувањето бара храброст и добра кондиција. Јутјуберот Џош, попознат како TheBurntChip, решил да преноќи со своите пријатели во хотелот „Дип Слип“, а тие секако донеле и камера. Најпрво напорно, за време на пешачење од 45 минути, се труделе да стигнат до влезот во рудникот и дури тогаш започнале вистинските предизвици. Опремени со батериски ламби, тие се симнаа по стрмните скали, кои ги доведоа до крајната дестинација, пренесува LadBible. „Не сакам да продолжам таму долу“, рече Џош во еден момент. Но, скалите беа најмалата грижа, бидејќи остатокот од патувањето го поминаа висејќи на безбедносните јажиња. Потоа шетаа низ темни ходници и минуваа низ вода додека не стигнаа до четири колиби со струја, проточна вода, вистински тоалети и кревети. Откако се одмориле и убаво ручале, решиле да преноќат, а Џош признал дека му е многу ладно. Просечната температура во овој дел од рудникот е 10 степени Целзиусови, а Јутјуберот своето искуство го опишува како „уникатно“, за цена меѓу 400 и 600 евра (во зависност од сместувањето). Интересно е да се забележи дека за најбрзото патување низ рудникот на искусен персонал му е потребен повеќе од еден час, додека се движат низ километрите тунели, преполни со стара опрема и купишта отпад од шкрилци. Враќањето е уште понапорно, бидејќи треба да имаш сила да носиш сè кон површината. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветСАД го нападнаа Иран, Техеран возврати со напади на американски базиИран и Соединетите Американски Држави разменија жестоки напади, што е најголемата воена ескалација меѓу двете земји по повеќе од еден месец релативен мир.Американската војска прво нападна два ирански лансери за ракети на островот ларак во Ормутскиот Теснец. Потоа Иран возврати со ракетен напад и беспилотни летала врз американските воени бази во Јордан, пишува CNN. Централната команда на САД соопшти дека извршила „ограничена, прецизна акција против силите за поставување мини во Ормускиот Теснец“. Неколку часа по нападот, Доналд Трамп објави видеа со вештачка интелигенција, на кои се гледа како експлодира нафтена инфраструктура. Едно од нив имаше наслов „островот Харг е разнесен на парчиња“, алудирајќи на голем нафтен терминал покрај брегот на Иран, што Трамп се закани дека ќе го заземе.Тагови: Иран САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаУтре тргнува градскиот воз Зелениково – СкопјеОд утре почнува да сообраќа градскиот воз меѓу Зелениково и железничката станица Скопје. Линијата ќе има по осум поаѓања дневно во двата правца, а патувањето, зависно од терминот, ќе трае приближно од 24 до 28 минути. Првиот воз од Зелениково ќе тргнува во 6:20 часот, а следните поаѓања се предвидени во 8:30, 12:26, 14:00, 16:25, 18:30, 20:12 и 21:55 часот. На патот кон централната железничка станица возот ќе минува преку Зелениково, Орешани, Јане Сандански, Драчево и Лисиче. Во обратниот правец, првиот воз од железничката станица Скопје ќе поаѓа во 5:32 часот. Потоа следуваат термините во 7:30, 11:40, 13:20, 15:42, 17:45, 19:12 и 20:56 часот. Картата ќе чини 40 денари, а повратен билет ќе биде 70 денари. Со пуштањето на оваа железничка врска во должина од 24,5 километри во која се инвестираа 5,7 милиони евра, се реализира првата фаза од најавениот проект „Градски воз“.Тагови: градскиот воз Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЃорѓиевски: Против комарци се прска со истите средства како и претходно, ги одобриле и сзо и Венко Филипче како министерГрадоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, уверува дека градот навремено ги презел сите активности против комарците.Одговарајќи на советничко прашање, кажа дека и годинава прскањата биле извршени со истите средства како и претходните години, одобрени од СЗО и домашните институции. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook