Хорот „Гортинија“ на Меѓународен фестивал во Солун - Канал 5

Хорот „Гортинија“ на Меѓународен фестивал во Солун

Музиката претставува мост за спојување на Македонија и Грција, вели Илија Атанасов диригентот на хорот „Гортинија“ од Гевгелија, по учеството на 8.Меѓународен фестивал на хорски мјузикли, што викендов се одржува во Солун.

Хорот „Гортинија“ на Меѓународен фестивал во Солун
Со делови од мјузиклот „Мама миа“, македонскиот хор и се претстави на публиката, а на повидок е и македонско – грчки проект, заеднички мјузикл под наслов „Зорбас“.

- Имаме кратки фрагменти од мјузиклот „Мама миа“, тоа беше и нивна желба по предлог на организаторот, затоа што ние веќе имавме изведувано некои фрагменти во поранешните проекти со нашиот хор и тој се заинтересира за овој проект, така што инсистираше да го реализираме годинава во целост, да направиме една комплетна слика на дел од мјузиклот „Мама миа“ со оркестар во живо и кратка кореографија, вели диригентот на гевгелискиот хор за синоќешниот настап.

Во разговор со дописничката на МИА од Атина, тој објаснува дека ова не е прв настап за „Гортинија“ во Солун. Првиот контакт го имале пред пет години, се поврзале со грчкиот хор „Кораис“, а соработката продолжила.

- Соработката беше од поодамна ние веќе сме биле на фестивалот пред пет години и ова беше возобновена соработка во име на јубилејот што го имаат двата хора. Нивниот хор „Кораис“ има 25 години активност, ние имавме 20 години и тие беа минатиот месец на гости кај нас. Го одбележаа нашиот јубилеј, имавме голем јубилеј имавме убави гости, посетен беше концертот и од директорот и од министерот за култура и моментот беше таков за односите меѓу двата народи. Убаво се погоди што културата и музиката некако нѐ споија, вели Атанасов и додава дека солунскиот фестивал има доста напреднато и веќе достигнува и европско ниво.

Пред официјалниот дел, на свеченото отворање вчера напладне сите хорови од 14 земји се претставија со кратки композиции карактеристични за хорот и за државата од каде што доаѓаат. Атанасов вели дека и овој дел бил навистина интересен, бидејќи за краток временски период се слушнале „многу различни атмосфери и различни култури на едно место“.

- Најмногу бевме изненадени од публиката имавме одличен прием кај публиката, имавме голем аплауз, голема прифатеност од сите хорови, немам зборови, тоа беше многу убав настан, изненадувачки беше и за нас. Знаете сме биле на многу фестивали, на европски, но сега и аплаузот и приемот и флуидот беше различен, навистина се почувствува тоа. Можеби ова е моја субјективна забелешка, но мене ми изгледаше многу така убав прием, вели диригентот на „Гортинија“ во разговор за МИА.

Диригентот на македонскиот хор, во разговорот за МИА открива дека се подготвува македонско - грчки хорски проект на кој работат „Гортинија“ и солунскиот хор „Кораис“. Мјузиклот „Зорбас“ е насловот на проектот што веројатно ќе биде прв од таков вид.

- Задоволни сме што повторно музиката претставува еден одличен мост за спојување. Токму тоа е причината и за заедничкиот проект со „Кораис“. Тие дадоа предлог, а наш предлог е заеднички да се реализира проектот, мјузиклот „Зорбас“ заедно со нивниот и нашиот хор. Зорбас е истата личност која ги спојува двата народи, музиката е иста, универзален јазик што може да нѐ спои и затоа ме радува што даваме еден пример, односно покажуваме како би требало луѓето да соработуваат и комуницираат едни со други, вели Атанасов за МИА.

Првичните подготовки за реализација на проектот веќе се започнати, а хоровите очекуваат одобрување од европските фондови. Но, диригентот вели дека со или без поддршка од Европска унија, проектот ќе се реализира, веројатно кон крајот на годинава.

- Планот е да се реализира во неколку градови во Грција и во неколку градови во Македонија со двата хора и со мал камерен оркестар. Се надевам дека ќе биде интересно, коментира диригентот на „Гортинија“.

Со настапот на 8.Меѓународен хорски фестивал, не завршуваат активностите на гевгелискиот хор. Атанасов вели дека веќе имаат доста контакти и покани за учество на фестивали и во Солун и во Атина, а за „Гортинија“, Грција е редовна дестинација, бидејќи еднаш или два пати годишно учествуваат на некој од грчките фестивали.

- Се надевам дека ова ќе продолжи и мислам дека оди во убава насока во соработката со хоровите од Грција, додава Атанасов.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, на Меѓународниот фестивал на хорски мјузикли што секоја година се одржува во Солун, освен од Македонија и домаќинот Грција, учество земаа хорови од Франција, Шведска, Израел, Бугарија, Италија, Молдавија, Украина, Јордан, Србија, Хрватска, Ерменија и Турција. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Цеца за фотките во бикини

Балканската музичка ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ ретко споделува провокативни фотографии, но секое нејзино појавување во бикини предизвикува вистински бум во јавноста. 

Фото: Цеца за фотките во бикини

Пејачката откри зошто одлучила да објави фотографија во бикини и како успева да ја одржи својата беспрекорна линија без строги диети. Иако публиката не е често навикната на разголени фотографии, Цеца предизвикува вистинска помпа на социјалните мрежи кога ќе одлучи да го покаже своето витко тело.

Секојпат кога позира на плажа, нејзиното издание предизвикува лавина реакции и воодушевување кај следбениците.

Зборувајќи за фотографите од Кипар кои своевремено предизвика вистински бум на интернет, пејачката ги објасни причините поради кои ја објавила: „Ретко објавувам попровокативни фотографии – не затоа што се срамам од своето тело, туку едноставно зависи од моментот и од тоа што сакам или не сакам во одреден момент. Искрено, најмногу се чувствувам опуштено кога сум закопчана до грло, што е сосема природно. Се трудам, без разлика што носам или што фотографирам, тоа да биде соодветно, бидејќи границата е многу тенка. А и што друго би можеле да фотографирате на море, освен во бикини?“, изјави мегапопуларната Цеца.

Цеца Ражнатовиќ изгледа подобро од кога било, а неодамна откри како ја довела својата линија до совршенство. Пејачката успеа да ослабе дури 8,5 килограми за само еден месец, без строги диети, гладување и опасни препарати.

Наместо опасни „кратенки“, Цеца се одлучи за режим што потсетува на автофагија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Сабаленка ужива во танга

Сабаленка позира во танга, објавата од плажа собра над 300.000 лајкови.

Фото: Сабаленка ужива во танга

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка е на заслужен одмор по исцрпувачката сезона.

По исцрпувачката натпреварувачка година, втората тенисерка во светот, Арина Сабаленка, одлучи да направи пауза од турнирите и да замине на одмор, од каде што редовно ги известува своите фанови.

Нејзината најнова објава од плажа, на која носи танга, предизвика огромна реакција на социјалните мрежи, собирајќи над 300.000 допаѓања во рекордно време.

Во описот на фотографијата, белоруската тенисерка накратко наведе дека слободното време го поминува комбинирајќи релаксација на сонце со повремени тренинзи.

Кон крајот на сезоната, таа ја загуби водечката позиција на ВТА-листата, која ја презеде Елена Рибакина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Супер дерби на „Алијана арената “во Минхен – Борусија му „украде“ бод на Баерн

Фудбалерите на Баерн и Борусија Дортмунд во германското супер дерби одиграа без победник  2:2 , во рамките на 8. коло од Бундеслигата. Милионерите од Дортмунд успеаја да надоместат негатива во самиот финиш.

Супер дерби на „Алијана арената “во Минхен – Борусија му „украде“ бод на Баерн

Се чинеше дека Баварците ќе го задржат водството, но Фабио Силва го замолкна Минхен во 89-тата минута и му донесе голем бод на Дортмунд.

Првото полувреме го одбележа поништен гол на Џоб Белингем, како и неколку добри шанси на двете страни. Во 34-тата минута, Дортмунд ја затресе мрежата преку англискиот играч за врска, но голот беше поништен по прегледување на снимката (ВАР) поради офсајд.

Четири минути подоцна, Баерн ја казни пропуштената шанса на ривалот, откако Конрад Лајмер најдобро реагираше на одбиената топка и им донесе водство на домаќините.

Дортмунд потоа успеа да возврати. Во 60-тата минута, Карни Чуквуемека ја испрати топката во шеснаесетникот, а Серу Гираси го совлада голманот со прецизен удар во долниот лев агол и го израмни резултатот.

Шест минути подоцна, Баерн повторно поведе. Хари Кејн ја упати топката со глава пред голот, а Дајо Упамекано се најде на вистинското место и погоди за 2:1. Претходно, Англичанецот имаше можност да постигне гол од пенал, но во 56-тата минута ја погоди пречката.

Кејн повторно беше блиску до погодок во 75-тата минута, но неговиот удар заврши во стативата. Кога се чинеше дека Баерн сепак ќе го задржи водството, на сцена стапи Фабио Силва.

Во 89-тата минута, Португалецот ја искористи топката што стигна до него во шеснаесетникот и со прецизен удар во долниот лев агол ги постави конечните 2:2. Баерн имаше уште една голема шанса во судиското надополнување, но ударот на Ленарт Карл заврши во пречката. Така, Дортмунд успеа да избегне пораз во Минхен, додека домаќинот може да жали за пропуштените шанси и испуштеното водство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер