Четири лица се лишени од слобода од вкупно седум пријави за семејно насилство во последното деноноќие
Фонд на ПИОМ: 16-та средба на директорите на фондовите и заводите на пензиското осигурување можност за размена на искуства и сознанија
1Четири лица се лишени од слобода од вкупно седум пријави за семејно насилство во последното деноноќие
2Фонд на ПИОМ: 16-та средба на директорите на фондовите и заводите на пензиското осигурување можност за размена на искуства и сознанија
Веб ТВХорор во кичевско Другово,ротвајлери нападнале мајка со две деца, едното завршило со телесни повредиFollow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights ReservedКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЕврокомесарката за проширување на почетокот на јули доаѓа во посета на Македонија 15:00Мицкоски од Илинден: Владата со поддршка за приватниот сектор, колку е поуспешен бизнисот, толку е посилна државата12:58Мицкоски на пуштање во употреба на Дом за стари лица во Илинден09:19Мицкоски оствари средба со Ергодан: Беше изразено заедничко задоволство од одличните политички односи16:58Николоски: Почнуваме изградба на нов автопат, Скопје - Блаце ќе биде главна артерија за поврзување со Косово и Црна Гора12:37
Мицкоски од Илинден: Владата со поддршка за приватниот сектор, колку е поуспешен бизнисот, толку е посилна државата12:58
Мицкоски оствари средба со Ергодан: Беше изразено заедничко задоволство од одличните политички односи16:58
Николоски: Почнуваме изградба на нов автопат, Скопје - Блаце ќе биде главна артерија за поврзување со Косово и Црна Гора12:37
МакедонијаЧетири лица се лишени од слобода од вкупно седум пријави за семејно насилство во последното деноноќиеНа 13.06.2026 во 16:50 часот во СВР Охрид е пријавено дека С.К. од Охрид во семејниот дом агресивно се однесувал кон неговата мајка.На 13.06.2026 во 23:30 часот во СВР Скопје, 56-годишен маж од Скопје пријавил дека на 13.06.2026 околу 18:00 часот, Б.З.(36) од скопско, партнер на неговата сопруга, со која подолг период не живеат заедно, упатувал закани на неа, него и неговото семејство. Според пријавеното, Б.З. и во изминатиот период упатувал закани и објавувал компромитирачки содржини на социјална мрежа од неговата се уште законска сопруга. На 13.06.2026 во 20:30 часот во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода Ф.А.(43) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 20:00 часот во семејниот дом на подрачјето на Гази Баба физички ја нападнал неговата 21-годишна ќерка, а притоа им упатувал и закани на неа и нејзиниот партнер. На 13.06.2026 во 12:45 часот, полициски службеници од Полициската станица Гостивар го лишиле од слобода О.Б.(44) од Гостивар, постапувајќи по претходна пријава дека околу 11:55 часот во семејната куќа, по кратка расправија, се заканувал на неговата 37 - годишна сопруга и се обидел физички да ја нападне, но бил спречен од малолетната ќерка. Според пријавеното, лицето подолг период врши психичко малтретирање на сопругата. Тој е задржан во полициска станица. На 13.06.2026 во 23:20 часот во ОВР Гостивар, И.Т.(70) од гостиварско село пријавила дека околу 18:30 часот во дворот од семејната куќа, нејзиниот син М.Т. упатил на неа и на неговиот брат поради нерасчистени судски спорови околу семејниот имот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 13.06.2026 во 13:30 часот во село во општина Македонска Каменица, полициски службеници од Полициското одделение Македонска Каменица го лишија од слобода С.М.(45) од Виница, постапувајќи по претходна пријава од неговиот 41-годишен брат дека подолг временски период пријавениот во семејниот дом во селото психички и физички ги малтретирал него и нивниот татко, а притоа им упатувал ѝ закани. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Делчево. На 13.06.2026 во 15:10 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го приведоа Г.Ф.(55) од Кочани, постапувајќи по претходна пријава дека околу 13:30 часот во семејниот дом упатувал закани на неговата 49-годишна сопруга. Според пријавеното, во временски период од месец март 2021 па се до денот на пријавата, таа била психички малтретирана од нејзиниот сопруг. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани. Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.Тагови: насилство Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаФонд на ПИОМ: 16-та средба на директорите на фондовите и заводите на пензиското осигурување можност за размена на искуства и сознанијаМемов со стручна делегација од фондот учествуваше на 16-та средба на директорите на фондовите и заводите на пензиското и инвалидското осигурување од државите на просторот на поранешна Југославија и на Република Австрија, што се одржа во Марибор.Директорот на Фондот на ПИОМ, Никола Мемов со стручна делегација од фондот учествуваше на 16-та средба на директорите на фондовите и заводите на пензиското и инвалидското осигурување од државите на просторот на поранешна Југославија и на Република Австрија, што се одржа во Марибор, Република Словенија. Годинава главни теми на конференцијата беа активностите за спречување на грешки, измами и злоупотреби на системите во фондовите и заводите за пензиско и инвалидско осигурување, како и употребата на вештачката интелигенција во дигиталната трансформација на овие институции. На средбата беа презентирани измените на законите за ПИО во изминатата година, при што директорот на Фондот на ПИОМ, Мемов, рече дека измените што се презентираат генерално се однесуваат во делот на остварувањето на правата за пензиско и инвалидско осигурување. „Потребно е да се размислува во насока законските измени да содржат решенија кои ќе придонесат за финансиска стабилизација на пензиските фондови. Законските решенија треба да содржат инструменти кои ќе ги стимулираат работодавачите да плаќаат повеќе придонеси, со што ќе се придонесе за зголемување на пензиите на идните пензионери, а сегашни работници. Потребна е промена на методологијата на пресметката на пензиите заради обезбедување фер износи на пензиите. Во делот на задолжителниот Втор столб за пензиско осигурување, потребно е законите да овозможат поефикасни и нерестиктивни начини за инвестирање на средствата и нивно поголемо оплодување кое ќе биде во полза на осигурениците, се разбира преку соодветна контрола и ревизија од регулаторот МАПАС. Ова се само дел од предлозите за подобрување на финансиската ситуација и се неопходни затоа што кај сите фондови постои проблем со финансирањето, а трансферите на средства од државата се неопходност за нормално функционирање на нашите институции. Од исклучителна важност е законските решенија да обезбедат одржливост на пензиските системи и независност од државниот буџет“, рече Мемов. Директорката на Секторот за остварување на права, Билјана Стојанова ги презентираше измените на Законот за ПИО во изминатата година. Таа информира и за новиот Закон за работно ангажирање. Во рамките на средбата беше потпишан Договор за редовна размена на давања и податоци за смртност помеѓу Фондот на ПИОМ и институциите за задолжително австриско пензиско осигурување од Република Австрија - Институцијата за пензиско осигурување (PVA), Службата за социјално осигурување на претприемачи (SVS) и Институцијата за осигурување на вработени во јавни служби, железници и рударска индустрија (BVAEB). Договорот го потпишаа директорот на Фондот на ПИОМ, Никола Мемов и д-р Винфред Пингера во името на австриските институции. „Сакам да нагласам дека овој Договор е значаен напредок во нашата соработка и ќе овозможи поефикасна и побрза размена на податоци кои се од голема важност и директно ќе придонесе да се забрза процесот на остварувањето на правата од пензиското и инвалидското осигурување за граѓаните на Македонија и на Австрија. Исто така Договорот го регулира обемот и начинот на размена на податоците, како и нивната безбедност и заштита, што се од исклучителна важност за нашата работа, како и за довербата во пензискиот систем“, рече директорот на Фондот Мемов. Директорот, д-р Пингера истакна дека потпишувањето на Договорот е за некого. можеби мал чекор, но за осигурениците и корисниците на услугите е многу важен, затоа што ќе го олесни остварувањето на нивните права. „Ова е важен чекор и се надевам не последен. Нашата соработка ни покажа дека можеме да работиме заедно, да си веруваме и да ја интензивираме идната соработка. Сакам да ви заблагодарам на вашата помош и придонес во потпишувањето на овој Договор, затоа што е многу важен, иако можеби не се опфатени многу луѓе, но за нив лично тој е и те како важен.“, рече директорот Пингера. Со потпишувањето на овој Договор ќе се се зголеми ефикасноста, прецизноста и квалитетот на услугите на осигурениците и ќе помогне да се исклучат сите можни грешки. Договорот, како што беше речено ќе придонесе и во зајакнувањето на натамошната соработка помеѓу институции Фондот на ПИОМ и институциите од Австрија, што е во најдобар интерес на граѓаните на двете држави. Фондот на ПИОМ има потпишано договори за електронска размена на податоци со сите држави што произлегоа од поранешна Југославија и со овој Договор со Република Австрија го заокружи процесот на соработка со земјите од регионот.Тагови: ПИОМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЕврокомесарката за проширување на почетокот на јули доаѓа во посета на Македонија 15:00Мицкоски од Илинден: Владата со поддршка за приватниот сектор, колку е поуспешен бизнисот, толку е посилна државата12:58Мицкоски на пуштање во употреба на Дом за стари лица во Илинден09:19Мицкоски оствари средба со Ергодан: Беше изразено заедничко задоволство од одличните политички односи16:58Николоски: Почнуваме изградба на нов автопат, Скопје - Блаце ќе биде главна артерија за поврзување со Косово и Црна Гора12:37
Мицкоски од Илинден: Владата со поддршка за приватниот сектор, колку е поуспешен бизнисот, толку е посилна државата12:58
Мицкоски оствари средба со Ергодан: Беше изразено заедничко задоволство од одличните политички односи16:58
Николоски: Почнуваме изградба на нов автопат, Скопје - Блаце ќе биде главна артерија за поврзување со Косово и Црна Гора12:37
МакедонијаЕдно лице се здоби со полесни изгореници во пожарот кај штипските села Долани и ЉуботенЕдно лице се здоби со минимални изгореници во пожарот што денеска избувна меѓу селата Долани и Љуботен во општина Штип, информираат од Центарот за управување со кризи.На повреденото лице веднаш му е укажана медицинска помош од екипа на итната медицинска помош, а според досегашните информации нема други повредени. По пријавата за пожарот во атарот на селото Долани, територијалната противпожарна единица од штип интервенирала со две екипи. Од страната кон селото Долани, со помош на трактори се изорани заштитни појаси, по што огнот е ставен под контрола и изгаснат, со што е спречена опасноста од негово ширење кон населеното место. – информираа од Центарот за управување со кризиТагови: изгореници Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЕврокомесарката за проширување на почетокот на јули доаѓа во посета на Македонија 15:00Мицкоски од Илинден: Владата со поддршка за приватниот сектор, колку е поуспешен бизнисот, толку е посилна државата12:58Мицкоски на пуштање во употреба на Дом за стари лица во Илинден09:19Мицкоски оствари средба со Ергодан: Беше изразено заедничко задоволство од одличните политички односи16:58Николоски: Почнуваме изградба на нов автопат, Скопје - Блаце ќе биде главна артерија за поврзување со Косово и Црна Гора12:37
Мицкоски од Илинден: Владата со поддршка за приватниот сектор, колку е поуспешен бизнисот, толку е посилна државата12:58
Мицкоски оствари средба со Ергодан: Беше изразено заедничко задоволство од одличните политички односи16:58
Николоски: Почнуваме изградба на нов автопат, Скопје - Блаце ќе биде главна артерија за поврзување со Косово и Црна Гора12:37