Хоман: Нема членство во ЕУ без успешна реформа на правосудниот систем на Албанија - Канал 5

Хоман: Нема членство во ЕУ без успешна реформа на правосудниот систем на Албанија

Нема членство во ЕУ без успешна реформа во правосудството.

Хоман: Нема членство во ЕУ без успешна реформа на правосудниот систем на Албанија

На свеченоста по повод одбележувањето на 110-годишнината од формирањето на Врховниот суд на Албанија, амбасадорката на ЕУ во Тирана Кристијане Хоман јасно стави до знаење дека „нема да има членство во ЕУ доколку не се спроведе успешна реформа во правосудството".

Хоман рече дека оваа реформа мора да „фати длабоки и силни корени и дека мора да издржи пред влијанија".

-Нема членство во ЕУ без успешна реформа во правосудството. Тоа важи за членовите на Врховниот суд и за многумина од вас овде. Клучните институции на правдата се формирани и реформирани. Реформите пуштаат корени, но мора да фатат длабоки и силни корени и ќе мора да се соочаат со влијанија. Мора да се покаже интегритет, изјавила таа, јавија медиумите.

Задржувајќи се на ветингот во правосудството оцени дека „процесот на проверка продолжува градуално".

- Откако ќе заврши овој процес, судството мора да го задржи здивот. Мора да се обезбеди одговорност во правосудниот систем. Судиите и обвинителите мора да ја исполнат својата должност. Задоцнетата правда ја поткопува довербата на граѓаните, рекла евромбасадорката.

Амбасадорката на САД во Тирана, Јуриј Ким, пак, од истата свеченост порача дека „темелот на реформите во правосудството е одвојување на судството од политичкото влијание".

Американската дипломатка нагласи дека реформите во правосудството во Албанија даваат резултати и повика Врховниот суд што поскоро да се докомплетира со последните тројца членови.

Никој не е над законот, повтори Ким, додавајќи дека Соединетите Американски Држави ќе продолжат да ја поддржуваат Албанија во реформите во правосудството.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонија отвора нова амбасада во Литванија

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски денеска престојува во работна посета на Литванија, каде што свечено ќе ја отвори новата амбасада на Македонија во главниот град Вилнус.

Македонија отвора нова амбасада во Литванија

Отворањето на амбасадата е чекор кон зајакнување на дипломатското присуство на Македонија во Балтичкиот регион и продлабочување на билатералната соработка со Литванија.

Во рамки на посетата, Муцунски ќе оствари средба со литванскиот министер за надворешни работи Кештудис Будрис.

На средбата ќе се разговара за политичките односи, економската соработка, евроинтеграциите и актуелните безбедносни предизвици.Посетата се реализира во пресрет на литванското преземање на претседавањето со Советот на Европската унија во првата половина на 2027 година, период кој се очекува да биде значаен и за политиката на проширување на унијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шасивари и Рокас разговараа за напредокот во правосудството и приоритетите на европските реформи

Министерот за правда, Јетон Шасивари, оствари работна средба со амбасадорот на Европската Унија, Михалис Рокас, на која се разговараше за напредокот во спроведувањето на реформите во правосудството.

Шасивари и Рокас разговараа за напредокот во правосудството и приоритетите на европските реформи

Министерот за правда, Јетон Шасивари, оствари работна средба со амбасадорот на Европската Унија, Михалис Рокас, на која се разговараше за напредокот во спроведувањето на реформите во правосудството и понатамошните приоритети во процесот на европската интеграција.

За време на средбата, амбасадорот Рокас му го презентираше на министерот Шасивари Извештајот на Европската комисија за 2026 година, со посебен акцент на оценките и препораките што се однесуваат на надлежностите на Министерството за правда.

На средбата беше поздравен досегашниот напредок во спроведувањето на реформите во правосудството, како и подобрувањето на оценките во актуелниот извештај во споредба со минатата година. Истовремено, беше нагласена важноста од одржување на реформската динамика и продолжување на институционалните заложби за исполнување на препораките на Европската комисија и обврските што произлегуваат од Реформската агенда.

Министерот Шасивари изрази благодарност за континуираната поддршка од Европската Унија, истакнувајќи дека позитивните оценки претставуваат потврда за досегашната работа, но и дополнителна одговорност за продолжување на реформите насочени кон зајакнување на владеењето на правото, независноста на судството и ефикасноста на правосудните институции.

На крајот од средбата беше потврдена заедничката посветеност за продолжување на тесната соработка меѓу Министерството за правда и Делегацијата на Европската Унија, со цел евидентираниот напредок да се преточи во конкретни и одржливи резултати за граѓаните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мировни преговори во Абу Даби, по 8 месеци првпат на иста маса Руси и Украинци

САД, Русија и Украина денес и утре во Абу Даби ќе продолжат со преговорите за ставање крај на војната во Украина, по пауза од повеќе од осум месеци.

Мировни преговори во Абу Даби, по 8 месеци првпат на иста маса Руси и Украинци

Претседателот на САД, Доналд Трамп, неодамна ги зголеми очекувањата за скоро склучување мировен договор, спомнувајќи претстоен „голем, прекрасен договор“.

Сепак, набљудувачите не очекуваат голем напредок од оваа рунда преговори. САД ќе бидат претставени од специјалниот пратеник – пријателот на Трамп и милијардер Стив Виткоф, кој неодамна го нарече Владимир Путин „хуманитарец“ – како и од зетот на Трамп, Џаред Кушнер.

Последната трилатерална средба се одржа во февруари во Женева, по две претходни средби во Абу Даби.

Европската комисија соопшти дека претставници на Европската унија, исто така, ќе бидат присутни во Абу Даби, иако не беше прецизирано во какво својство ќе учествуваат.

„Секоја суштинска дискусија за европската безбедносна архитектура може да започне дури откако ќе се постигне прекин на огнот во Украина“, изјави вчера претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен.

„И таа мора да се одвива во соодветен формат, кој конкретно ќе ги вклучува сојузниците од НАТО и земјите-членки на ЕУ“, додаде таа.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во Москва изјави дека разговорите продолжуваат во „трилатерален“ формат, со посредство на САД, и дека ЕУ нема да биде на преговарачката маса во Абу Даби.

Украинската делегација ја предводи шефот на Службата за надворешно разузнавање, Рустем Умеров, додека руската делегација ја предводи поранешниот министер за култура Владимир Медински, советник на рускиот претседател Владимир Путин.

Неименуван американски функционер вчера изјави дека Русија и Украина, во неофицијални разговори, покажуваат одредена подготвеност за компромис во однос на можна размена на територии. Функционерот, кој ги информираше новинарите пред почетокот на разговорите во вторник, наведе дека едно од клучните прашања ќе бидат безбедносните гаранции за Украина. Ова ја вклучува можноста за обезбедување заштита за Киев, по моделот на Членот 5 од Северноатлантскиот договор, кој предвидува колективна одбрана од страна на земјите-членки на НАТО. Досега, Украина и Русија цврсто остануваат на своите територијални барања. Украина бара повлекување на руските сили до меѓународно признатите граници, додека рускиот претседател Владимир Путин бара контрола врз целиот регион Донбас.

Сепак, американскиот функционер изјави дека, во разговорите зад затворени врати, двете страни покажуваат знаци на подготвеност за компромис. Тој додаде дека постои можност американските претставници, по завршувањето на преговорите, да отпатуваат во Русија на средба со Путин.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер