Хоман најави ЕУ пакет од 80 милиони евра за инвестиции во повеќе области во Албанија - Канал 5

Хоман најави ЕУ пакет од 80 милиони евра за инвестиции во повеќе области во Албанија

Амбасадорката на Европска Унија во Тирана, Кристијане Хоман, изјави дека ЕУ ќе додели 80 милиони директна финансиска помош за Албанија за справување со енергетската криза.

Хоман најави ЕУ пакет од 80 милиони евра за инвестиции во повеќе области во Албанија

- Конкретната бројка морам да признаам, не ја знам на памет, но токму сега имаме пакет од 80 милиони евра директна финансиска помош за Албанија што ќе биде распределена во следните два дена за енергетската криза и ова е можно да се помогне да се задржат цените за граѓаните, а исто така и за малите и високо ранливите бизниси. Значи ова е поддршка за самата Влада, истакна Хоман гостувајќи во емисија на „Топ чанел“.

Таа најави реализација и на други проекти поврзани енергетската поддршка во иднината, посочувајќи дека ќе биде изградено поле со соларни панели на езеро на северот на Албанија.

- Имаме развој и на други проекти. Значи, имаме соларно поле кое всушност се развива во езеро, бидејќи не се користи за ништо друго. Можете да го ставите во езерото, не треба да користите обработливо земјиште. Значи ова е проект кој е околу 12 милиони евра, но имаме други а има неколку инвеститори, бидејќи тоа е заеднички напор, наведе Хоман.

Во однос на локалните избори, што во земјата ќе се одржат на 14 мај, таа нагласи дека најважно е да бидат слободни и фер избори, кои се во согласност со меѓународните стандарди и препораките од ОДИХР.

- Се надевам, посочи таа, дека сите кандидати предложени од политичките партии ќе ги достигнат највисоките стандарди на личен интегритет.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петмина загинати во поплави во Турција – издадено предупредување за 45 провинции

Пет лица загинаа, а три се водат за исчезнати во поплавите што погодија неколку региони во Турција, како резултата на силните поројни дождови.

Петмина загинати во поплави во Турција – издадено предупредување за 45 провинции

Турската генерална дирекција за метеорологија издаде жолто и портокалово предупредување за 45 провинции, вклучително и за Истанбул, поради најавените обилни врнежи и силен ветер, објавија турските медими. Поради опасноста од ненадејни поплави, свлечишта, удари од гром и град, граѓаните се повикани да бидат внимателни и да ги почитуваат предупредувањата на надлежните служби. Портокалово предупредување е издадено за Истанбул, Бурса, Коџаели, Јалова и Сакарија, додека жолто предупредување важи за уште 40 провинции.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нов бран насилни судири во Тирана – над 150 повредени, најмалку 160 приведени во изминатите денови

Нов бран насилни судири меѓу полицијата и демонстрантите избија синоќа во Тирана, четврти ден во Албанија. 

Нов бран насилни судири во Тирана – над 150 повредени, најмалку 160 приведени во изминатите денови

Полицијата употреби солзавец и водени топови за да ги растера демонстрантите, кои фрлаа камења и блокираа улици со запалени контејнери за отпад. Според извештаите, судирите продолжиле до доцна во ноќта во неколку делови од главниот град. Демонстрантите бараат оставка од премиерот Еди Рама, кој е на власт 13 години, а истовремено го изразуваат незадоволството од условите за студирање и висината на школарините на универзитетите. Албанскиот министер за внатрешни работи Ервин Дема соопшти дека во изминатите денови биле повредени 156 лица, од кои 97 полицајци. Албанскиот премиер Еди Рама ги обвини неодредени странски сили дека стојат зад немирите и дека се обидуваат да го попречат патот на земјата кон членство во Европската Унија, отфрлајќи ги тврдењата дека протестите се резултат на реалните проблеми и незадоволството на граѓаните.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Клиника за онкологија: Од дистрибутерот добивме уверување дека терапијата „Phesgo“ ќе се реализира во понеделник

Откако вчера пациентки останаа без потребната терапијата „Фесго“, од Клиниката за радиотерапија и онкологија велат дека лекот очекуваат да биде обезбеден кон почетокот на следнава недела.

Клиника за онкологија: Од дистрибутерот добивме уверување дека терапијата „Phesgo“ ќе се реализира во понеделник

Терапијата „Фесго“ во петокот беше недостапна поради ненавремена испорака од дистрибутерот, од кого добивме уверување дека испораката ќе биде реализирана во понеделник, велат од Клиниката за онкологија за Канал 5.

Од таму, информираат и дека од иста причина во моментов има застој и во снабдувањето со Госерелин, но дека добиле уверување оддистрибутерот дека ќе биде обезбеден во текот на следната недела. Вчера од Клиниката упатија извинување до сите засегнати пациентки, признавајќи дека ситуацијата предизвикала загриженост, неизвесност и непријатности. Не е познато колку пациентки се погодени од одложувањето на терапијата „Фесго“, која се користи во третманот на одредени форми на карцином на дојка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер