Шоу бизХоливудските диви кои и во третото доба ја задржаа убавината!Се собраа во Беверли Хилс на хуманитарен настан за собирање пари за дијабетесот, и ги восхитија сите! Џејн Сејмур - во 1977 година беше Бонд девојка. Денеска има 65 години и богатство од 45 милиони фунти. За изгледот се погрижила само со една пластична операција пред неколку години - на подочниците и очните капаци. Не сака други зафати и вели - се гордеам со брчките, му даваат карактер на моето лице! Мелани Грифит. Беше меѓу најпознатите во 1980 -те, мажена со Дон Џонсон од кого се разведе поради Антонио Бандерас. Денеска има 59 години и изгледа подобро од пред 10 години, на пример. Таа не може да се воздржи од зафатите во пластичната хирургија. Нејзиниот екс сопруг Бандерас во една прилика изјави: Оваа желба за убавина е ужасна работа. И забранив да оди кај козметички хирурзи! Ракел Велч - расната убавица од 1960-те и денеска на 76 години изгледа прекрасно! Ракел Велч негира дека добива помош од пластичните хирурзи и вели дека старее достоинствено. Но, тоа не ги стивнува шпекулациите дека го оперирала носот, направила зафат на лицето, и постојано користи ботокс. На 76 години на челото нема ни една брчка! Џејн Фонда - позната од 1960-тите, денеска има 76 години. На 76 Џејн Фонда изгледа - беспрекорно. Признава дека правела зафати на лицето. Џејн има сменет колк и колено и преживеа рак на дојка. Во цветен фустан на Беверли Хилс изгледаше - одлично! Џери Хол, екс сопругата на Мик Џегер, сега сопруга на пребогатиот Руперт Мурдок. Има 60 години, задржала огромен дел од шармот со кој покоруваше пред 4 децении! - Изгледам добро за мојата возраст и уживам во тоа - вели Џери, и уверува дека не користи ниту ботокс. Шерон Стоун. Овековечена во сеќавањата во оваа сцена! И денеска, на 58, изгледа совршено! - Не знаете колку доктори сакаат да ми направат фејслифт. Но кога ќе се погледнам си велам - што ќе поткреваат? - вели самоуверената Шерон. Стефани Пауерс. Беше ѕвезда на ТВ сериите од 1979 до 1996. Денеска има 73 години. Не крие дека „ги поправала“ очите, но нејзиниот младешки изглед се должи на вежбањето пилатес и активниот живот. Бо Дерек. Една од најубавите. Не се разубавува „под нож“. Следниот месец полни 60 години. Учествуваше на пливачки маратон во Грција. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОд недела задолжителна зимска опрема за сите возила Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата, вклучително и зимски гуми, која ќе важи до 15 март 2027 година.Обврската важи за сите моторни возила што учествуваат во јавниот сообраќај, без разлика на временските услови и дали на коловозите има снег или мраз. Возачите кои нема да ги исполнуваат пропишаните услови ризикуваат да добијат казна од 45 евра а целта на мерката е поголема безбедност во сообраќајот во текот на зимските месеци.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Пица вафлиВо петок (06.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Стојне Карадакоски - Баба РужаСостојки за денешниот рецепт: 120 гр. брашно 100 мл. млеко 1 јајце 2 лажици доматно пире 100 гр. кашкавал 1 прашок за пециво 1 лажиче италјански зачин или оригано 100 - 200 гр. шунка или салама 100 гр. кечап 100 гр. мајонез масло сол, бибер и др. зачини по избор Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветРути: Сè уште не е јасно дали мирот е близуГенералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека останува нејасно дали мирот е близу, по новите трилатерални разговори во врска со конфликтот во Украина и средбата меѓу американските претставници и рускиот претседател Владимир Путин. „Многу е тешко да се каже. Она што го знам е дека сите вклучени страни – првенствено Стивен Виткоф и Џаред Кушнер, како и Европејците и Украина – работат неуморно за да стават крај на оваа војна“, изјави Руте за агенцијата АФП за време на самитот на европските политички лидери во Даблин. Тој одби да ја коментира суштината на преговорите, но нагласи дека САД, Европа и Украина се „на иста страна“. Руте ги отфрли сугестиите дека Русија би можела да влијае врз одлуките на Алијансата, откако и од Вашингтон и од Москва пристигнаа навестувања дека европските безбедносни аранжмани би можеле да бидат преиспитани како дел од тековните разговори. „Ова не е тема за дискусија“, додаде Руте, пренесува агенцијата „Срна“. Руте нагласи дека е „многу важно“ Европејците, Украина и САД да постигнат договор за тоа што е прифатливо, а што не.Тагови: Марк Руте НАТО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter