Холивудскиот ,,мевосек” , кој ја уби и девојката на Ештон Качер , прогласен за виновен (ВИДЕО)

Судот во Калифорнија го прогласи виновен Мајкл Гаргуло (43) за убиство на две и за обид за убиство на трета жена.

Обвинителите во Лос Анџелес го опишаа Гаргуло како ,,ладнокрвен сериски убиец” , кој ги следел жените и ги планирал нападите . Тој е прогласен за виновен , благодарејќи на сведочењето на неговата трета жртва, 26- годишната Мишел Марфи , која успеала да му побегне.

Меѓу сведоците во процесот беше и холивудскиот актер Ештон Качер , кој бил во врска со една од жртвите. Неговата девојка Ешли Елерин била убиена ноќта кога требале заедно да одат на забава по доделувањето на наградите Греми во 2001 .

Нејзиното тело , избодено 47 пати , било најдено следното утро.

Втората жртва е Марија Бруно , која живеела во иста зграда со убиецот. Таа била нападната додека спиела во својот стан во 2005 година.

Поротата по долгиот судски процес , денеска го прогласи Мајкл Гаргуло за виновен и се очекува смртна казна , иако државата Калифорнија неодамна ги сопре егзекуциите на осудените на смрт.

Кинескиот претседател ја заврши посетата на Србија

Кинескиот претседател Си Џинпинг ја заврши дводневната посета на Белград, а вечерва беше испратен од српскиот претседател Александар Вучиќ на аеродромот Никола Тесла, јавија српските медиуми.

На испраќањето на кинескиот претседател и неговата сопруга, присуствуваа и сопругата на српскиот претседател, претседателката на српскиот Парламент Ана Брнабиќ, премиерот Милош Вучевиќ и министерот. за надворешни работи, Марко Ѓуриќ.

Си Џинпинг вчера со сопругата дојде во Белград, а денеска пред Палатата Србија му беше приреден свечен пречек со највисоки државни почести.

(Ново) ДИК: Силјановска Давкова 235.552, Пендаровски 111.703

Резултати за претседателските избори од Државната изборна комисија.

На обработени 51.60% од избирачките места, според извештајот на ДИК, Гордана Силјановска Давкова освоила 63,42% од гласовите или 235.552 гласови. Стево Пендаровски освоил 111.703 гласови или 30,07%.

Хаос на улиците на Париз: Се судрија навивачите на Борусија и ПСЖ, летаат факели (ВИДЕО)

Улиците на Париз синоќа не беа безбедно место поради судир на навивачи на Борусија Дортмунд, со навивачите на Пари Сен Жермен.

Екипите го одиграа својот натпревар синоќа, а екипата на Борусија се пласираше во финалето на Лигата на шампионите со победа од 1:0, односно вкупни 2:0.

По ова следеа нереди на улиците, каде се судрија навивачи на едната и на другата страна.

На видеото подолу можете да видите како од двете страни летаат факели, огномети, прскалки и топовски истрели.

притисни ентер