Шоу бизХоливудски актер направи профил на Инстаграм , за два дена доби 2,8 следбеници (ВИДЕО)Крис Еванс пред неколку дена прв пат се појави на Инстаграм, а веќе вчера со своите 2,8 милиони следбеници сподели фотографија од своето куче, кое решил сам да го потстрижи.„Го убедив дека знам што правам“, напиша sвездата на Авенџерс на фотографијата на своето милениче Доџер. „Во почетокот се чинеше скептичен, но со помош на неколку постапки, го убедив да се согласи“, додаде тој. View this post on Instagram I assured him I knew what I was doing. He seemed skeptical at first, but with the help of a few treats, I talked him into it. It went so wrong, so fast. I guess some things are better left to the professionals. (He hasn’t seen a mirror yet. I told him it looks great) #Quarantinelife A post shared by Chris Evans (@chrisevans) on May 4, 2020 at 10:05am PDT „Излезе толку лошо, толку брзо. Претпоставувам дека некои работи е подобро да им се оставаат на професионалците“, заклучи тој. 38-годишниот холивудски актер го поседува Доџер од 2016 година. Го запознал додека го снимал филмот ,,Надарен”, пишува Mashable. Актерот го сподели своето прво видео на Инстаграм во петокот во кое објави дека учествува во предизвикот #Allinchallenge, кој е создаден за да им помогне на организациите за собирање храна, како што се Meals on Wheels, No Kid Hungry и Feeding America. View this post on Instagram Hello Instagram!! #ALLINCHALLENGE accepted!! Thanks for bringing me in, @prattprattpratt What a great cause! Gauntlet thrown down for @imsebastianstan @anthonymackie @theebillyporter @allinchallenge Here’s the link: http://allinchallenge.in/chrisevans A post shared by Chris Evans (@chrisevans) on May 1, 2020 at 2:26pm PDT Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПосебен сообраќаен режим денеска низ Скопје поради концертот на Дејвид ГетаПосетителите на музичкиот настан што денеска ќе се одржи во Националната арена „Тодор Проески“ треба да очекуваат отежнато одвивање на сообраќајот во околината на објектот.Концертот е закажан за 19 часот, а поради очекуваниот зголемен број посетители, полициските служби ќе воведат посебен режим на сообраќај на улиците и приодите кон Арената, како и на дел од булеварот „Илинден“. Од СВР Скопје информираат дека сообраќајните мерки се преземаат со цел да се обезбеди безбедно пристигнување и заминување на посетителите, но и непречено одвивање на сообраќајот за останатите учесници. На граѓаните кои планираат да се движат во овој дел од Скопје им се препорачува навреме да ја испланираат својата маршрута и да предвидат дополнително време за патување. Возачите се повикуваат да ги почитуваат насоките на полициските службеници, поставената сообраќајна сигнализација и да покажат дополнителна внимателност и трпение за време на траењето на посебниот режим.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски: Среќен роденден, независна и самостојна Македонијо!Премиерот Христијан Мицкоски со видео од убавините на нашата земја им го честита на граѓаните големиот празник, Денот на независноста на Македонија. „Среќен роденден, независна и самостојна Македонијо!“ На својот ФБ профил премиерот објави видео со убаините на Македонија по повод 35 години независност. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија одбележува 35 години независност 08:0926-годишник убиен во скопски Чаир – двајца напаѓачи пукале од моторцикл и побегнале15:00Убиено е 26 годишно момче во Чаир: Двајца дошле со мотоцикл, пукале кон петмина и побегнале11:00Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12
Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18
Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12
МакедонијаЗНАМ: Честит 8-ми Септември – Денот на независноста на МакедонијаПо повод 8-ми Септември – Денот на независноста на Македонија и 35 години од независноста, Движењето ЗНАМ за наша Македонија упатува искрени честитки до сите граѓани на Македонија.Пред 35 години, со референдумот на 8-ми Септември 1991 година, народот ја потврди својата историска одлука – да живее во суверена, самостојна и независна држава. Денес, 35 години подоцна, независноста е наша чест, но и наша обврска. Обврска да ја чуваме државноста, да го браниме достоинството и да создадеме Македонија во која секој граѓанин ќе има сигурна иднина и еднаква можност за успех. Македонија е наша татковина. Независноста е наше наследство. Иднината е наша заедничка обврска. Да продолжиме заеднички да ја градиме силна, стабилна, достоинствена и европска Македонија. Честит 8-ми Септември! Честити 35 години независна Македонија! Движење ЗНАМ за наша МакедонијаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter