Холивудски актер избегна 26 години затвор поради кражба, казнет е на година условно - Канал 5

Холивудски актер избегна 26 години затвор поради кражба, казнет е на година условно

Актерот Езра Милер минатата година незаконски влегол во имотот на едно семејство и наводно украл неколку шишиња со алкохол, а сега пред судот ја признал вината за провала.

Холивудски актер избегна 26 години затвор поради кражба, казнет е на година условно

Според TMZ, Милер вчера во судницата во Вермонт се согласил на спогодба за признавање вина за да ја намали казната и нема да мора да отслужува затворска казна, туку ќе биде на условна казна една година. Исто така, тој мора да плати и казна од 500 долари. Актерот првично беше обвинет за кражби и ситни кражби, но тие обвиненија беа отфрлени поради спогодба. Но, ако Милер ја прекрши условната казна, отфрлените обвиненија би можеле да се вратат.

Обвинението против актерот беше поднесено во август минатата година, а тоа беше последен во низата инциденти поврзани со него. Во јуни минатата година, списанието Ролинг Стоун ги објави зборовите на еден човек кој тврди дека Милер ја сместил неговата отуѓена сопруга и нивните деца на неговиот имот, кој наводно бил полн со пиштоли и марихуана.

Жената тврдела дека Милер ги спасил од „насилниот поранешен партнер“: „Имотот на Езра е засолниште за нас. Можеби има огнено оружје за самоодбрана, но се чува во дел од куќата во која децата никогаш не влегуваат. Моите деца можат повеќе да се релаксираат поради безбедноста и вниманието што им го дава Езра“.

Покрај тоа, актерот неколку пати бил апсен на Хаваи поради напад и непристојно однесување. 29-годишниот актер, познат по играњето на Flash во филмовите Justice League и Credence Barebone во Fantastic Beasts, фрли стол по главата на 26-годишната девојка, која на крајот доби третман поради расекотина на челото. Исто така, родителите на 18-годишна девојка го обвинија дека психички ја манипулирал и ја малтретирал, што тој го негираше.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Секој втор возрасен, а секој петти малолетник пуши, бројот постојано расте

Во просек секој граѓанин кој пуши цигари во просек троши по 600 евра, скоро 50 % од возрасните граѓани во Македонија пушат цигари, загражувачки е што и деца на 14 годишна возраст користат производи со тутун.

Секој втор возрасен, а секој петти малолетник пуши, бројот постојано расте

Во просек секој граѓанин кој пуши цигари во просек троши по 600 евра, скоро 50 % од возрасните граѓани во Македонија пушат цигари, загражувачки е што и деца на 14 годишна возраст користат производи со тутун и треба поголема контрола за проджба на производи со тутун и експонираноста на производите кои се многу блиски како избор во продажбата, објаснуваат од Аналитика тинк-тенк.

Како еден од ефектите за откажување од цигари е цената на цигарите, за скоро 47% е оваа причина, и 36% проценти се откажале заради лекарски совет. Она што е важно е носење на законот за забрана за пушење, што е во комисика процедура скоро девет месеци. Постапката во Собранието трае поради разгледување амандмани и барање дополнителни мислења од домашни експерти, велат членови на комисијата.

Шефот на канцеларијата на СЗО, Аким Али со став, цигарите од различни категории треба да се поскапат, за да станат недостапни за младите.

„На младите луѓе не им треба да им се дозволи да пушат цигари и да користат тутунски производи. Кога ќе поминам покрај училиште и гледам како млади луѓе пушат, а пушат и нивните наставници, е многу загрижувачки за мене“, Аким Али Шеф на канцеларија на СЗО.

Според истражувањата, за скоро 18 проценти цигарите станале подостапни во одност на просечната плата, бидејќи палтите растеле побрзо од цената на цигарите.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ ја поднесе интерпелација за гувернерот Трајко Славески

Пратениците на СДСМ и коалицијата денеска во Собранието ја поднесоа интерпелацијата за гувернерот на Народната банка, Трајко Славески за Алта банка.

СДСМ ја поднесе интерпелација за гувернерот Трајко Славески

Со интерпелацијата бараме да се утврди политичка одговорност за постапувањето на гувернерот Славески во скандалот со Алта банка.

Интерпелацијата се однесува на постапката во која Славески и Народната банка дале претходна согласност Алта банка АД Белград да стекне квалификувано учество во тогашната Стопанска банка АД Битола.

Бараме одговор кои проверки биле направени за инвеститорот, сопственичката структура и потеклото на капиталот, како биле проценети ризиците за депонентите и врз основа на што била дадена согласност за именување на Давор Мацура во Надзорниот одбор на банката во Битола.

Славески треба да одговори и што разговарал со премиерот Христијан Мицкоски за влезот на Алта банка со неговите „консултации“.

СДСМ очекува Собранието да расправа по интерпелацијата и да утврди политичка одговорност, а Јавното обвинителство да постапи по веќе поднесените кривични пријави за скандалот со Алта банка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Средби на Гаши во Загреб: Соработка и европска перспектива

Гаши оствари средба со Претстедателот на Република Хрватска, г. Зоран Милановиќ.

Средби на Гаши во Загреб: Соработка и европска перспектива

Во рамкте на официјалната посета на Република Хрватска, претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Африм Гаши, придружуван од претседателката на Пратеничката група за соработка со Парламентот на Република Хрватска, Благица Ласовска, и членовите на Групата, Димитар Ковачевски, Каљтрина Беќири и Сали Мурати, остварија средба со Претстедателот на Република Хрватска, г. Зоран Милановиќ.

На средбата, беше нагласено значењето на партнерските односи меѓу Република Македонија и Република Хрватска, како и дека двете држави негуваат пријателски односи и споделуваат заеднички заложби за унапредување на билатералната соработка во повеќе области.

Во однос на европската интеграција, претседателот Гаши ја потврди стратешката определба на Република Македонија за полноправно членство во Европската Унија а воедно посочи дека е и важно да се зачувува предвидливоста и кредибилитетот на процесот на проширување на Европската Унија, со доследна примена на принципот на строга, но правична условеност и вреднување на напредокот врз основа на постигнатите резултати и исполнувањето на Копенхашките критериуми.

Во делот на регионалната соработка, беше истакната заедничката заложба за унапредувањето на регионалната соработка и добрососедските односи. Беше нагласена определбата отворените прашања да се решаваат преку дијалог и компромис, врз основа на заемно почитување имајќи ја предвид заедничката одговорност за стабилноста и напредокот на регионот.

Програмата на официјалната посета предвидуваше и средба со министерката за регионален развој и фондови на Европската Унија на Република Хрватска, г-ѓа Наташа Микуш Жигман.

На средбата претседателот Гаши информираше дека Република Македонија активно е вклучена во спроведувањето на Новиот план за раст за Западен Балкан, кој претставува значаен инструмент за забрзување на реформските процеси, поттикнување на економскиот развој и постепено приближување кон единствениот пазар на Европската Унија.

Понатаму, беше изразен интерес за натамошно продлабочување на соработката со Република Хрватска и размена на искуства во областа на програмирањето, управувањето и користењето на фондовите на Европската Унија, особено во контекст на обврските и можностите што произлегуваат од процесот на пристапување. Воедно, беше нагласено значењето на хрватските искуства и добри практики во подготовката и спроведувањето на развојни проекти финансирани од ЕУ, со посебен акцент на јакнењето на административните капацитети како предуслов за поефикасно искористување на европските фондови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер