3Македонија, Грција и Албанија ќе се здружат во иницијатива за впишување на Преспанското езеро на листата на УНЕСКО
Најскапиот примерок од овој модел: Bugatti Veyron продаден за помалку од три минути за 5,44 милиони долари
1Најскапиот примерок од овој модел: Bugatti Veyron продаден за помалку од три минути за 5,44 милиони долари
Шоу бизХоливудска ѕвезда откри зошто го напуштил филмот „Невозможна мисија“ Актерот Џереми Ренер се отвори за напуштањето на франшизата Mission: Impossible, откривајќи дека не се согласува со плановите да го убијат неговиот лик.Ренер глумеше во два акциони филмови во франшизата, „Mission: Impossible - Ghost Protocol“ од 2011 година и „Mission: Impossible - Rogue Nation“ од 2015 година, но не се врати во следните два дела, „Fallout“ од 2018 година и „Read“ од 2023 година ", со неговиот лик Вилијам Брант кој се повлекува од шпионската сила на крајот на "Нечесните нации". За време на појавувањето на последното издание на подкастот „Happy Sad Confused“, 53-годишниот актер рече дека дел од неговата одлука да не се врати во акционата франшиза се должи на плановите да го убијат неговиот лик по само една недела снимањето. „Се сеќавам дека една недела се обидуваа да ме донесат во странство за да можат да ми го убијат карактерот, а јас реков: „Не, не можете да ми го направите тоа. Нема да ме влечете таму само за да ми го убиете карактерот. Ако сакате да го направите тоа и ако сакате да го искористите мојот лик, ќе го направите правилно“, му рече Ренер на водителот Џош Хоровиц. Исто така, актерот неодамна во интервју за „Collider“ изјави дека неговиот избор да ја напушти франшизата бил мотивиран и од неговата желба да се фокусира на тоа да биде активен татко на својата ќерка Ава. „Морав да заминам. едноставно не би функционирал“, рече тој. Да потсетиме, во јануари 2023 година, Ренер имаше несреќа во која за малку ќе загинеше. Актерот бил прегазен од камион тежок околу 6,5 тони, при што се здобил со сериозни повреди од кои имало 38 скршеници и дупнато белодробно крило, а по несреќата завршил на интензивна нега. Актерот сега се опорави и полека започнува со нови потфати.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиФон дер Лајен за следната недела најави чекор за деблокада на евроинтеграциите13:20Премиерот Мицкоски ја пречека Урсула фон дер Лајен во Владата13:00Фон Дер Лајен денеска пристигнува во Скопје – ќе има средби со Мицкоски и Сиљановска Давкова 08:29Посетата на Фон Дер Лајен ја вжешти политичката реторика меѓу власта и опозицијата 15:00АНБ откри руска пропагандна мрежа во Македонија09:49
МакедонијаКако хеликоптерите поскапеа за 30 милиони евра: Мисајловски ја прозваа ПетровскаКако за само неколку дена набавката на осумте армиски хеликоптери од италијански „Леонардо“ станала поскапа за повеќе од 30 милиони евра? Прашањето кое со години ја следи една од најголемите набавки за модернизација на Армијата повторно се врати во фокусот, овојпат откако за договорот што го потпиша поранешната министерка за одбрана Славјанка Петровска јавно проговорија и актуелниот министер Владо Мисајловски и лидерот на СДСМ Венко Филипче. Дополнителни прашања отвори и министерот за одбрана Владо Мисајловски во „Само интервју“ на Канал 5. Според него, непосредно пред завршувањето на постапката дошло до значително зголемување на вредноста на договорот. „На неколку дена пред завршување на постапката и потпишување на договорот има една изјава дека цената најмногу се зголемила поради инфлација. Зборуваме за зголемување од 213,7 милиони евра до 245,9 милиони. Ова се прашања што се отворени. Јас не сум обвинител. Легитимно е прашањето како поскапел договорот?“- Владо Мисајловски. Петровска ги отфрла обвинувањата како неточни и тврди дека одлуката за набавката на хеликоптерите била донесена уште во 2023 година, што, според неа, е документирано во Министерството за одбрана. Таа оценува дека наводите што ги изнесуваат Мисајловски и Филипче се дел од иста теза со која, се прави за да се нарушат нејзиниот углед и репутација во период кога е политички поактивна. -Не точна е комплетно тезата и тврдењата дека договорот е вклучен спротивно на препорака на комисија и затоа постојат документи и записници во МО, коишто можат да се видат и министерот може да ги декласифицира и објави. Она што е заедничко, затоа што истата теза ја гледам и од Венко Филипче и од Владо Мисајловски. Да повторам дека тоа е човекот кој што го повикувам повеќе од година дена на ТВ. соочување , еве прилика па ги повикам двајцата на тв соочување да ги расчистам сите нејаснотии што ги имаат – вели Славјанка Петровска – Пратеник од СДСМ. По новите обвинувања, ВМРО-ДПМНЕ денеска побара Јавното обвинителство по допрен глас да го повика Филипче и да ги провери неговите наводи за евентуални неправилности при набавката. Од Обвинителството за “Канал 5 велат дека во моментов нема оформен предмет за набавката на хеликоптерите. Доколку надлежна комисија или друг орган при проверките утврди сомнение за кривично дело, има обврска тоа да го пријави, по што Обвинителството би можело да постапува. Досега за случајот предемет единствено отоври Антикорипциска во 2024 година, но никогаш немаше епилог.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиФон дер Лајен за следната недела најави чекор за деблокада на евроинтеграциите13:20Премиерот Мицкоски ја пречека Урсула фон дер Лајен во Владата13:00Фон Дер Лајен денеска пристигнува во Скопје – ќе има средби со Мицкоски и Сиљановска Давкова 08:29Посетата на Фон Дер Лајен ја вжешти политичката реторика меѓу власта и опозицијата 15:00АНБ откри руска пропагандна мрежа во Македонија09:49
МакедонијаПлатформата која бара промени во СДСМ го доставија нивниот предлог за реформи во партијатаНеодложна и неотповиклива оставка на Венко Филипче од претседателската позиција на СДСМ, итен избор на кредибилна и независна работна група во партијата...Неодложна и неотповиклива оставка на Венко Филипче од претседателската позиција на СДСМ, итен избор на кредибилна и независна работна група во партијата, која ќе има извршен мандат во определно време и ќе подготви темелни внатрешни реформи во најскоро време, ревизија на изборот и мандатниот статус на актуелните делегати, како и одржување на вонреден конгрес за усвојување на статутарни измени, а откако ќе завршат овие постапки СДСМ да организира фер, слободни и демократски внатрепартиски избори. Ова се главните барања на Платформата „Разговори за иднината во 12 и 5“ содржани во документ од три страни, потпишан од 17 лица, кои јавно ги објавија токму од СДСМ откако Игор Ивановски, Славјанка Петровска и Коста Начевски ги доставија до партиската архива на “Бихакќа”. -Ти си на потег. Ако продолжиш и понатаму да ја игнорираш реалноста ќе го однесете СДСМ во драматичен пораз од кој ќе биде прашање дали некогаш ќе може да се опорави. Минимум што им должиш на чесните и посветени членови е на заминување да покажеш доблест и политичка големина и дури на своја штета да ја разбиеш широко распространетата перцепција дека не сте пазарени со вака неспособно ВМРО-ДПМНЕ со сторување или несторување да му изработите уште една победа на парламентарни избори, без разлика кога ќе се одржат, стои во документот од Платформата. Експресно реагираа од СДСМ кои ги споделија документите од внатрепартиската иницијатива, нарекувајќи ги „Платформа ЗНАМ 2.0“. Од партијата соопштија дека и покрај тоа што писмото било означено како „доверливо“, се решиле за целосна транспарентност пред членството и граѓаните. Во барањата за оставка, вонреден конгрес и партиски реформи од Бихаќка гледаат тесни лични и бизнис-интереси на иницијаторите кои, како што велат, одат во прилог на власта и ВМРО-ДПМНЕ. -Седумнаесет потписи против 18 илјади гласа и против целосно СДСМ. Кафеана против Статут. Шема против партија. ЗНАМ 1.0 или прва верзија ја продаде партијата. Втората бара клучеви. Нема да ги добие. Порака до Платформашите, шемаџиите, ЗНАМ 2.0 и другарите од анти-НАТО, анти-ЕУ и руската партија Левица: Партијата не е на продажба. СДСМ не се предава на аванс. За нас, СДСМ не вреди само 1,6 милиони евра, како за вас. Ние сме за Европа, за вистина и правда, реагираат од СДСМ. Филипче го одби Планот за консолидација и структурни промени во СДСМ уште пред официјално да биде доставен до партијата. На прес-конференција вчера на поранешните партиски функционери им порача дека „ако сакаат вистински да помогнат да се вклучат во изборниот процес за Брвеница, ако не да му се тргнат од патот... Тагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиФон дер Лајен за следната недела најави чекор за деблокада на евроинтеграциите13:20Премиерот Мицкоски ја пречека Урсула фон дер Лајен во Владата13:00Фон Дер Лајен денеска пристигнува во Скопје – ќе има средби со Мицкоски и Сиљановска Давкова 08:29Посетата на Фон Дер Лајен ја вжешти политичката реторика меѓу власта и опозицијата 15:00АНБ откри руска пропагандна мрежа во Македонија09:49
МакедонијаМакедонија, Грција и Албанија ќе се здружат во иницијатива за впишување на Преспанското езеро на листата на УНЕСКОГрција, Албанија и Македонија заеднички ќе работат на кандидатурата на Преспанското езеро за вклучување на листата на светско наследство на УНЕСКО.Иницијативата првично беше покрената од грција во 2014 година, но сега во неа се вклучуваат и Албанија и Македонија, кои го делат езерото со Грција. Процесот ќе биде поддржан и од Европската унија. Министрите за култура на трите земји — Лина Мендони од Грција, Бленди Гонџа од Албанија и Седат Сулејмани од Македонија — следниот петок ќе се сретнат во грчката општина Преспа, каде што ќе разговараат за следните чекори. На средбата ќе присуствува и Михалис Рокас, шеф на дипломатската мисија на европската комисија во Македонија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook