Холандија ќе го блокира следниот чекор на патот на Србија кон членство во ЕУ - Канал 5

Холандија ќе го блокира следниот чекор на патот на Србија кон членство во ЕУ

Холандија ќе го блокира следниот чекор на патот на Србија кон членство во ЕУ, најавува холандскиот шеф на дипломатијата.

Холандија ќе го блокира следниот чекор на патот на Србија кон членство во ЕУ

Холандскиот министер за надворешни работи Каспар Велдкамп најави дека Холандија ќе го блокира следниот чекор на патот на Србија кон членство во Европската унија, наведувајќи ја загриженоста за нејзината подготвеност за следната фаза од пристапниот процес, пренесоа српските медиуми.

„Гледаме дека нема доволно напредок во областа на владеењето на правото во Србија, гледаме недоволен напредок во односите меѓу Белград и Приштина, каде Србија има јасна одговорност, а исто така гледаме дека Србија се уште ја нема доволно усогласено својата надворешна политика со надворешната политика на Европската унија“, изјави Велдкамп по средбата со своите колеги во Брисел, јавија холандски медиуми.

Министрите за надворешни работи на ЕУ денеска ќе ги продолжат консултациите во Брисел за напредокот на земјите-кандидати за членство во ЕУ, а Велдкамп нагласи дека сака да ги убеди колегите да го поддржат неговиот став, „за да не мора Холандија да биде сама“. Тој, сепак, додаде дека за Холандија нема проблем да биде единствената што ќе гласа против.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Голем пожар избувна на депонијата „Мелци“, апел до граѓаните да не се приближуваат до местото

Голем пожар избувна на депонијата „Мелци“, каде што во моментов се интервенира со ангажман на поголем број екипи од ТППЕ Кавадарци.

Јанчев: Голем пожар избувна на депонијата „Мелци“, апел до граѓаните да не се приближуваат до местото

Според првичните информации од терен, постојат индиции дека пожарот е предизвикан од човечки фактор. Надлежните служби ќе ги утврдуваат околностите за неговото настанување.

Противпожарните екипи се на терен и активно работат на ставање на пожарот под контрола и спречување на неговото понатамошно ширење. Општина Кавадарци ја следи состојбата, а екипите ќе останат ангажирани до целосно локализирање на пожарот.

Апел до граѓаните да не се приближуваат до местото на пожарот и да ги почитуваат упатствата на надлежните служби, објави на ФБ градоначалникот Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манчестер Сити купува голем бразилски талент

Богатиот англиски премиерлигаш Манчестер Сити е пред финализирање на трансферот на Алан од Палмеирас, а бразилскиот клуб ќе добие најмалку 40 милиони евра за својот 22-годишен фудбалер.

Манчестер Сити купува голем бразилски талент

Како што пренесува бразилскиот „ESPN“, двата клуба практично го финализираа договорот во понеделникот, а точно 40 милиони евра беше минималниот износ што Палмеирас го бараше уште од почетокот на преговорите. Покрај фиксниот износ, Сити ќе исплати и дополнителни бонуси во зависност од резултатите на Алан, за чија висина сè уште се преговара.

Бразилецот веќе има подготвено долгорочен договор со Манчестер Сити, каде што се смета за идеална замена за својот сонародник Савињо, кој е пред заминување од клубот и преговара за трансфер во Тотенхем.

YouTube video

Алан ги мина претходните две сезони во првиот тим на Палмеирас и стана еден од играчите во кои тренерот Абел Фереира имаше најголема доверба. Тој одигра 96 официјални натпревари за бразилскиот клуб, постигна девет гола и забележа 12 асистенции. Во претходните месеци интерес за него покажаа и Наполи, Њукасл и Астон Вила, но ниту еден од тие клубови не успеа да постигне конкретен договор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Косопственикот на „Лидс“ и „Фортинерс“ уапсен за проституција

Милијардерот Џед Јорк, косопственик на „Лидс“ и „Сан Франциско Фортинерс“, е уапсен минатиот викенд во Охајо поради плаќање за проституција.

Косопственикот на „Лидс“ и „Фортинерс“ уапсен за проституција

Според судските документи до кои во понеделникот дојде „Калифорнија пост“ (The California Post), Јорк стапил во контакт со жената преку веб-страница за проституција и се договорил да плати 140 долари во замена за сексуални услуги. Согласно договорот, тој се упатил кон кампот за мобилни куќи „Вит Хил“ (Weat Hill), каде што бил уапсен.

Обвинителството го преиначило првичниот обвинителски акт за вршење проституција во поблаго обвинение за нарушување на јавниот ред и мир, а тој бил обвинет и за поседување оружје.

Според американските медиуми, Јорк бил осуден на еден ден затвор за секоја точка од обвинението, при што казните се извршувале истовремено. Тој бил пуштен на слобода откако платил кауција од 5.000 долари, како и парични казни од 150 долари за недолично однесување и 1.000 долари за поседување огнено оружје.

Јорк е мнозински сопственик на НФЛ-франшизата „Сан Франциско Фортинајтерс“ (San Francisco Fortnighters), а поседува и сопственички удели во фудбалските клубови „Лидс“ и „Глазгов Ренџерс“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер