Холандија и Данска се најдобри земји за деца - Канал 5

Холандија и Данска се најдобри земји за деца

Холандија и Данска се двете најдобри места за да се биде дете според мерките за ментална благосостојба, физичко здравје и вештини, покажа истражувањето објавено денеска од страна на организацијата на Обединетите нации за деца УНИЦЕФ.

Холандија и Данска се најдобри земји за деца

Франција го зазеде третото место, а по неа следат Португалија и Ирска, се наведува во извештајот на УНИЦЕФ во кој се споредени податоци од 43 земји на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) и ЕУ.

Нов Зеланд, Колумбија, Мексико, Турција и Чиле се најлошо рангираните земји.

Во извештајот се наведува дека многу земји претрпеле нагло опаѓање на академските вештини кај децата поради затворањето на училиштата поради пандемијата на Ковид 19.

Директорот на канцеларијата на УНИЦЕФ за истражувања „Иноченти“, Бо Виктор Нилунд, рече дека децата веќе се бореле на повеќе фронтови пред пандемијата.

- Сега, соочени со растечка економска неизвесност, земјите мора да дадат приоритет на образованието, здравјето и благосостојбата на децата за да ја обезбедат нивната животна перспектива и среќа, како и економската сигурност на нашите општества, рече тој.

Во 43 земји се проценува дека околу 8 милиони 15-годишници, околу половина од возрасната група, не се функционално писмени и не знаат да бројат, што значи дека не биле во состојба да разберат основен текст.

Најголеми удели имало во Бугарија, Колумбија, Костарика, Кипар и Мексико.

Имало и позитивни работи, со постојано намалување на смртноста кај децата, целокупно намалување на самоубиствата кај адолесцентите и зголемување на стапките на завршување училиште.

Сепак, извештајот предизвика загриженост во врска со менталното здравје, со падот на задоволството од животот кај децата. Јапонија е единствената земја која забележала значителен напредок.

Влошено е и физичкото здравје на децата, а бројот на деца со прекумерна тежина продолжува да расте.

- Во екот на пандемијата, податоците поставија загрижувачки мерила за благосостојбата на децата, особено за децата од неповолни позиции, рече Нилунд.

- Обемот на предизвиците со кои се соочуваат децата значи дека ни треба кохерентен, холистички пристап кој се однесува на целото детство и кој ги задоволува нивните потреби во секоја фаза од нивниот живот, додаде тој. /МИА

Продолжува судењето за грабнувањата и убиствата на Ѓорчевска и Жежовски

Судскиот процес за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски влезе во завршна фаза, каде адвокатите на обвинетите Велибор Манев, Боре Видевски, Влатко Кешишев и Александар Ѓорчевски ги изнесуваат своите завршни зборови.

Продолжува судењето за грабнувањата и убиствата на Ѓорчевска и Жежовски

Михајло Видимлиски го следи судењето.

Во видеото погледнете го целиот извештај.

YouTube video

Герасимовски со Ансамблот „Орце Николов“: Културата е наша трајна заложба

Културата е наша трајна заложба - вложуваме во манифестации што ги поврзуваат сите генерации.

Герасимовски со Ансамблот „Орце Николов“: Културата е наша трајна заложба

Градоначалникот Горан Герасимовски, се сретна со претставници од Ансамблот на народни игри и песни „Орце Николов“, еден од најстарите и најзначајни носители на фолклорната традиција во државата. На средбата, се дискутираше за тековните културни активности во општината, за локалната поддршка за културниот развој и за можностите за продлабочување на соработката.

Ансамблот, оваа година одбележува 80 години од своето постоење и е еден од добитниците на Конкурсот за финансиска поддршка на културни проекти на Општина Центар. За проектот „80 години волшебен свет на фолклорот“, ансамблот доби финансиска поддршка во износ од 30.000 денари.

„Преку континуирана и зголемена поддршка на културата, покажуваме дека ја вреднуваме традицијата, уметноста и креативноста. Чест ми е што со Ансамлот имаме одлична соработка и што годинава на нивниот јубилеј ги поддржавме негувајќи го и пренесувајќи го фолклорот како дел од културното богатство на нашата држава. Вложуваме во културата преку низа културни манифестации што обединуваат и радуваат граѓани од сите возрасти – од најмали до највозрасни. За само неколку години го зголемивме буџетот за култура од 3 милиони денари во 2021 година на 13 милиони денари годинава. Тоа е доказ дека културата е и ќе остане наш приоритет“, рече Герасимовски.

Во рамки на средбата, Герасимовски доби плакета од страна на Ансамблот „Орце Николов“, како знак на благодарност за досегашната успешна и долгорочна соработка.

Општина Центар

Баерн заинтересиран за Фермин Лопез

Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Фермин Лопез, е цел на германскиот шампион Баерн, објави „GiveMeSport“. Сепак, 22-годишниот Шпанец сака да остане кај Каталонците.

Баерн заинтересиран за Фермин Лопез

Лопез одигра 46 натпревари во сезоната 2024/25, но ретко беше вклучен во почетниот состав на тимот во Лигата на шампионите и Ла Лига.

Фудбалерот сезоната ја заврши со осум гола и десет асистенции.

Актуелниот договор на фудбалерот е до 2029 година.

„Transfermarkt“ ја проценува вредноста на играчот на 50 милиони евра.

притисни ентер