УНИЦЕФ: Секое трето дете во Македонија живее во сиромаштија - Канал 5

УНИЦЕФ: Секое трето дете во Македонија живее во сиромаштија

Секое трето дете во Македонија живее под националниот праг на сиромаштија, додека 20.000 деца немаат ефективна здравствена заштита – покажуваат податоците на УНИЦЕФ.

УНИЦЕФ: Секое трето дете во Македонија живее во сиромаштија

Дополнително, помалку од 37% од децата на возраст меѓу 3 и 6 години имаат пристап до предучилишно образование, а половиина од децата со попреченост не преминуваат во средно образование.

Од УНИЦЕФ препорачуваат земјава што поскоро да ја воведе Европската детска гаранција-ЕУ механизам кој овозможува полесен пристап до социјални услуги на најранливите категории.

Според министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани, децата кои се соочуваат со сиромаштија и исклученост наидуваат на пречки поради неприлагодениот систем на нивните потреби. Тој уверува дека активно се работи на усвојување на Национален акциски план за права на децата, но и на проширување на капацитетите за предучилишно образование.

Податоците на СОС детско село пак покажуваат дека повеќе од 8000 деца живеат во разни ризици меѓу кои сиромаштија, невработеност на родителите или нивно отсуство како и мала државна поддршка. Националната директорка Јулијана Гапо вели потребно е да се обезбедат што повеќе згрижувачки семејства во земјава.

-Може ќе речете е доволно и ова ние што го правиме и тоа што го прави државата, но утре да се отворат 100 нови згрижувачки семејства, ќе бидат полни за еден месец.Јулијана Гапо – национална директорка на СОС детско село.

Според истражување од УНИЦЕФ спроведено во 43 земји во пресрет на меѓународниот ден на семејството, Холандија Данска и Франција се најдобри места за ментална благосостојба на децата, додека на дното на листата се Мексико, Турција и Чиле.

YouTube video

Собранието донесе одлука за распишување оглас за избор на Народен правобранител

Собранието на денешната 59. седница донесе одлука за распишување оглас за избор на Народен правобранител.

Собранието донесе одлука за распишување оглас за избор на Народен правобранител

На седницата беше прифатен предлогот за избор на член на Комитетот за односи меѓу заедниците, од редот на Ромската заедница, а беа донесени и законите за вработените во јавниот сектор, административни службеници и за стручно усовршување и обука на административните службеници.

Прифатени и на натамошно второ читање беа дадени предлог-законите за изменување и дополнување на законите за туристичката дејност, за заштита на културното наследство и за библиотеките, како и измените на Законот за државните награди. Пратениците не го прифатија предлог законот за дополнување на Кривичниот законик.

Собранието ги усвои извештаите за реализација на Годишната програма за работа и развој на Агенцијата за цивилно воздухопловство, годишните извештаи за работењето на Агенцијата за супервизија на осигурување и на Агенцијата за супервизија на осигурување за состојбата и движењата на осигурителниот пазар, сите за во 2024 година.

Седницата треба да продолжи во 13 часот и 50 минути.

На дневен ред останаа предлог законите за изменување и дополнување на Законот за возила и на Законот за здравствено осигурување двата по скратена постапка.

Пратениците во рамките на 59. седница треба да ги разгледаат и предлог законот за изменување и дополнување на Законот за основање на Јавно претпријатие Македонска радиодифузија, предлог закон за изменување на Законот за научно-истражувачка дејност, предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за платежни услуги и платни систем и предлог на закон за изменување на Законот за воздухопловство сите по скратена постапка.

Македонија напредуваше пет места на ФИФА ранг-листата

 Македонската фудбалска репрезентација се искачи за пет места на најновата ранг-листа на ФИФА, која беше објавена денеска и се наоѓа на 62 позиција.

Македонија напредуваше пет места на ФИФА ранг-листата

Напредокот на ФИФА рангирањето е поврзано со успешниот настап во мундијалските квалификации во јуни во кои Македонија одигра нерешено 1-1 против фаворитот Белгија во Скопје, а триумфираше на гостински терен над Казахстан со 1-0.

На најновата ранг-листа на ФИФА, Хрватска се врати во Топ 10, истиснувајќи ја Италија, која сега е на 11 позиција со пад од две места. Португалија се искачи за едно место и сега е на шестата позиција, додека Холанѓаните паднаа на седмото место.

Белгија остана на осмата позиција, додека на самиот врв нема промени и актуелниот светски шампион Аргентина сè уште го држи првото место пред Шпанија и Франција. Англија остана на четвртото, а Бразил на петтото место.

Муцунски: Статусот на Охридското Езеро како светско природно и културно наследство е зачуван

Статусот на Охридското Езеро како светско природно и културно наследство е зачуван. Овој успех е резултат на активна, посветена и координирана дипломатија, во соработка со нашите партнери и пријатели од меѓународната заедница.

Муцунски: Статусот на Охридското Езеро како светско природно и културно наследство е зачуван

Статусот на Охридското Езеро како светско природно и културно наследство е зачуван. Овој успех е резултат на активна, посветена и координирана дипломатија, во соработка со нашите партнери и пријатели од меѓународната заедница, изјави денеска во Владата министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.

Министерот истакна дека уште од првиот ден, заедно со премиерот Христијан Мицкоски, активно се вклучиле во процесот.

- Заедно покажавме дека кога постои јасна волја, координација и одговорен пристап – резултатите се неминовни. Водевме интензивни разговори, спроведовме дипломатски консултации и градевме заеднички позиции со државите-членки на Комитетот за светско наследство, рече Муцунски.

Тој посочи дека остојбата што нова авласт ја наследи затекна е резултат на години запоставување, неодговорно управување и изостанок на суштински мерки од страна на претходната влада.

- Наместо превенција и одговорност, оставија проблем што бараше итно решавање. Нашиот пристап беше поинаков – не декларативен, туку посветен и фокусиран на резултати, вели шефот на дипломатијата.

Муцунски потенцира дека зачувувањето на статусот е само прв чекор, останува обврската да се обезбеди долгорочна заштита, одржливо управување и повторно да се изгради довербата во институциите и капацитетот на државата да се грижи за своето највредно природно и културно наследство.

Тој упати благодарност до тимот на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија – „за нивната стручност, пожртвуваност и тивка, но клучна работа зад сцената“, што придонесла за оваа одлука на УНЕСКО, која, како што наведе, значи многу за нас како држава.

притисни ентер